1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неподнесување на деца

Дискусија во 'Дете' започната од AnimeHQ, 14 септември 2012.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не знам колку пати кажав дека моето дете не е лишено од прошетки во природа ама ај уште еднаш за тебе специјално.
    А за советот дали и каде да одам на сокче, добро. Пошто ти знаеш што е најдобро за мене и моето дете ќе те послушам.
     
  2. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    137.592
    Пол:
    Женски
    свој леб јаде -туго гајле бере.ете така наликува темава во моментов.

    секој одговорен и совесен родител знае каде и кога може да го однесе своето дете.а оние другите ,помалку свесни и совесни ,и во парк да го однесат ке го остават да прави што сака и да досага некому.
     
    На ubavka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Премногу ги генерализиравте работиве. :!: Освен тоа, како направивте, како само во денешно време да постојат живи, хиперактивни и темпераментни деца, а во наше време ко демек сите бубачиња сме биле, кое од кое помирно и повоспитано :^) Иако мене и сестра ми никогаш не ни било потребно нешто дополнително да не занимава и да потрошиме енергија, зашто бевме мирни и послушни, имавме во блиска околина и во наше друштво деца кои беа понемирни и на кои им требаше „издувување на прошетка“ или некоја слична терминологија употребена погоре во постовите. Ама никому никогаш не му пречеле тие деца, никој никогаш не реагирал со вртење очи или со реагирање да се отстранат тие деца од местото :?: Скоро секој викенд одевме на Водно, на прошетка до врв, или во Градски парк, и многу добро се сеќавам дека имаше еден куп немирни и темпераментни дечиња кои родителите не можеа да си ги соберат. Скокаа по стазите, трчаа и се туркаа по луѓе, бегаа од родителите, викаа и урлаа за да си проверат гласчето колку ги држи.......Имало и тогаш кафиќи и ресторани, само многу помалку на број отколку денес. И не е точно дека не носеле деца таму :!: Ниту еднаш не сум видела некој да изреагира дека се немирни и невоспитани, ниту пак сите родители се притресувале и трчале по нив :^) Децата се деца, исти сме биле и ние во наше време, исти се сега. Поинакви се условите во кои растат денес, а не секој родител може, сака и е во можност да се прилагоди на истите. Жално е во какво време ни растат децата, ама тоа е друга тема :) Генерално земено, толеранцијата и трпението на луѓето е она што е на многу пониско ниво во денешно време за разлика од времето кога ние сме биле деца и сме трчале по кафиќи :!: :D
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.802
    Допаѓања:
    65.520
    Пол:
    Женски
    Ама овде станува збор за деца, за нив сè може и сè е дозволено поради тоа.
    Ама работата е што родителите поради својата неодговорност се вадат на децата. Го оставила да си трчка по масите, да, тоа дете е, не можеш да му замериш, ама се знае на кого ќе се обратиш да си го прибере.
    Трчало го бутнало келнерот, е добро де, дете е, отишло со малечките рачиња од позади зграбило една тетка за косата, е добро де, дете е...
    Ама не е до детето, до родителите што мува не ги лази е. Не знам вие што толку се браните тука, такви родители сте? Одите на кафе и му дозволувате што сака да прави? Или му обрнувате внимание и кога ќе почне да збеснува ве фаќа срам и го прибирате?
    Ако спаѓате во вторите стварно не ми е јасно зашто ги браните првите.
     
    На eloves, baby-star, babyblond и 2 други им се допаѓа ова.
  5. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Не значи дека ако се деца им е се дозволено..Зошто јас би менувала локал,бидејќи родителите на детето заборавиле дека родиле дете,зарем јас треба да сум таа која ќе ги избегнувам местата за излегување за возрасни и дали треба да се преориентрам на излегување во игротека или градинка?
    Стварно не ми се јасни денешнтие мајки?!
    Каква забава му пружат на своето дете штом решиле да се соберат на кафе и притоа јас да треба да изигравам аинматор на туѓи деца,оти мама има поважна работа па се слика селфи за на фејсбук?
    Одговорноста и дисциплината не секогаш доаѓа во ист пакет со раѓањето на дете и тие две работи често се заборавени од страна на многу мајки!
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    абе ајде Cка а стај се во моја од порано ситуација поради видот на работа што ја работев нон стоп ми доаѓаа на работното место мајки/родители со колички со бебе и бебе ко бебе плаче/или ако шета чепка/фаќа се што му е пред рака,и сега што требаше јас да ги набркам ај иш па послед газдата да ме набрка од работа?Tе сфаќам што ти е поентата невоспитни,плус темпераментни деца не се за секаде за носење,ете не им било местото ни кај што работи некој,ама што кога ќе ми влезеле со дете да не им учинам т.е. да одбивам да си ја вршам работата најсовесно што знам/можам зошто зошто она прцлено во количка плаче?Tреба толеранција,ти смета во кафич во право си ама тоа е тоа,само замисли колку сме приморани на работа да го трпиме тој плач и да работиме бре жено?Tаков е животот,сфаќам што кажуваш се ама тоа е тоа,подобро ако сакаш не излегувај каде што има деца какви што опишав погоре :)
     
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Ete go moevo e temperamentno, i se trudam da go vospitam naj dobro. Za na kafe retko koga sednuvam so nego, ne sedi, pa ako sednam ednas na 5 meseci so deteto na kafe e nekoj vakvi reakcii ke dobijam.
    E dobro de nie majkite so temperamentni deca treba da se zatvorime vo 4 zida i tamu da sedime?
    Nemame pravo da izlezime?na tie sto mu smeta piskanje i vriskanje od deca, i samo pokrajniv da pominis pak ke mu zasmeta ,,e tuka najde da pomini, nemozese od drugata strana da pomini, ovde do mene, mene sega da me bolat usite,,
    I ubo mislis deka so pogled ti velat rodi pa ke vidis kako e, oti stvarno ne ne svakate nas, ko nie namerno da gi stipime da vriskaat, ili od doma mu velime bidete neumni, ke ima nekoja kako cka da ja nervirate.ccccc
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како може со толку омраза да се пишува за тие невини суштества..... Животот почнува од детството, тогаш сите сме најневини, ако може некој да замери на дете, тогаш имам претстава дека го мрази целиот свет. Нормално е дека на сите нас ни е потребна тишина.... Како што мислам дека не е во ред комшијата да буши во 9 саат сабајле во недела, така може некои размислуваат за носењето на деца во кафич. Ама јас не го пцујам комшијата што буши дури и да ме разбудил, а не да мрчам за детенце што галамело во кафич? До каде може да оди човечката НЕтолеранција? Носењето на деца во кафичи и ресторани било модерна измислица, немало смисла.... добро, може е модерна новина бидејќи се менува и начинот на живот, како и се ни ова не може да е исто како порано. Порано децата по цели денови играле со една топка на улица, ќе паднеле, ќе направеле рана и веднаш ќе станеле. Денешниве деца бараат најнови модели на плејстејшн и за една недела веќе плачат по таблет. :tmi: Ама да не забегувам од темава..... Немам ништо против деца во кафич, ресторан или било каде. Јас сум објективна, јасно ми е дека можеби и нешто јас што правам им смета на другите, ама јас сепак го правам зашто имам потреба од тоа или сметам дека е правилно. Не сакам во иднина никој ни моето дете да го гледа попреку, зашто заплакало или трчкало околу нечија маса. Порано постојано имало иди ми дојди ми, групно дружење, фамилијарно, со деца уште од бебиња.... како тогаш можеле а денес на некои дами и господа им пречи да седат во ист кафич со детенце? А камо ли дома да им дојде..... Јас искрено прв пат слушам за вакво нешто. Јас кога ќе седнам во кафич или ресторан и кога ќе видам бебенце или детенце ми го задржува погледот, му се смешкам...... Нормално не е убава глетка дете што хистерично се дере, ама не ми се случило да видам досега такво нешто. Вчера баш видов мајка на плоштад како се наведнала над бебето во количка (веројатно му менуваше пелена) и многумина би го искритикувале тоа.... Ама може да го искритикува само човек што не е научен да се става на местото на другите. И јас помислив дека можеби можела да оди подолу во пролазот, ама за нејзина полагодност, не за моја. Ако ми е непријатна глетката нема ни да погледнам, а и не погледнав од лична култура, да не им е нив непријатно. Сите глумат душегрижници а уствари се е за нивни ќеиф кажано.
    И да, не можам да сфатам како е можно да најдете оправдување за 12-годишна цура на штикла што се лапа по дискотеки, а носење дете во кафич е строго неприфатливо? Нормално дека секој родител сака да излезе барем еднаш во неделата на ручек или на сладолед фамилијарно, а госпоѓите на пауза за ручек од работа не можеле да гледаат дечиња.....
    Навистина не можам да ги сфатам луѓето што го бранат овој став, а поготово жените. Наместо кога ќе видат дете да им се роди мајчински инстинкт и желба за дете, тие чувствуваат омраза. Јас мислам дека страшно е зрела жена да гледа вака површно на работите. Не знам зошто да се живее со камено срце, стегнато со сила за да не успее да влезе малце љубов и светлина..... Тие луѓе живеат во страв, се плашат да бидат среќни. Живејте, дружете се, сакајте..... зашто да се мрази некој без причина. Зошто во се да се бара лошата страна, наместо да се восхитуваме што некој и покрај брзото темпо на живот полн со обврски нашол време да ја поштеди жената од правење ручек и си го однел семејството во ресторан? Бог да чува, на оној што не знае да ужива во животот, се ќе му смета и вечно ќе е незадоволен.

    П.С. Ако некој сака да му е тивко и да е се по негово, нека си седи дома, затоа што во кафич нема да најде мир и тишина. Можеби на таквите местото не им е во кафич, а не на децата. Јас на пример, не ни сакам тивки кафичи без метеж, со едвај два-тројца само. И не можам да очекувам да е се по мое, затоа постои нешто многу важно за нас луѓето - прилагодливост.

    И поточно за Чка, тебе не ти сметаат само децата во кафич, тебе се ти смета. Те имам читано и по други теми ама не сум сакала да се замерувам со никого. Но веќе морав да си го искажам своето мислење.
     
    На eloves, SimonaTino, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас не сум мајка, ама мене од детскиот плач не ме боли уво.
    Напротив, интересно и слатко ми е кога ќе заплаче бебенце, и тоа си комуницира на тој јазик, нели сеуште не зборува.
    А, кога заплачат поголеми дечиња, не можам да се смеам или нервирам, кога секој плач си има своја болка или сл. нешто. Туку, сочуствувам со детенцетои сакам да е насмеано.
    И сочувствувам со мајките кои се обидуваат да ги смират дечињата, и нив не им е лесно !!! :!:

    **

    Некој спомена кучиња. Сакам животни, ама жалосно и испревртено е кога исти особи викаат со милост по кучињата, сакаат да ги погалат, се смеат кога лаат, а им сметаат децата !!! :x
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас спомнав кучиња. И нема ништо жалосно и испревртено ако некоја особа која милува туѓи кучиња да едноставно не е дечар. Мене туѓи деца не ми се интересни. Под туѓи нели, не ми се ниту од фамилија, ниту од другарки, ниту ги знам, и не ми будат милина, не ме влече ништо кон нив. Ретко, многу ретко некое ќе ми привлече внимание, додека опаш кој мавта апсолутно секогаш ми го фаќа окото. Не се за секого сите деца ангели на земјата, туку се едноставно тоа што се - деца. Жалното е кога на човек му сметаат до тој степен да им се крева притисок и да ги нервира со самото нивно присуство во јавниот простор кој го делат. Голема разлика.

    Другата причина зошто јас спомнав куче во кафич е со поента, за сите што рекоа не му е местото на дете во кафич. Треба да е во игротека, во парк, во зоолошка, во не знам каде дизајнирано за деца место и никаде на друго место. Исто како мене некој да ми рече, носи го тоа куче во парк. Мислам, ајде, се нашле некои на друг да му водат ред кога и каде треба да оди. Да се најде јунак во очи да и рече на мајката каде треба да оди со детето со кое седна до нивната маса, да им каже мајката дека три саата беа во игротека па дојдеа она да седне на кафе пола саат, пак ќе и превртат очи. Па колку проѕирно нивното нетрпење деца околу нив како го вртат како за детето не е убаво. Толку грижа за туѓото дете од страна на некој што не може ни да смогне доволно сила барем да го толерира тоа дете во негова близина :?:

    Друго нешто. Јас никогаш немам видено мајка со деца седната било каде да мува не ја лази ако детето и плаче, или прави пакост кај некој друг. А ваму на темава примери до сто и еден и назад. Па ајде нека не сум видела и има и такви, затоа и реков за такви со еден збор на мајката да си го прибере детето, ќе ја полази неа мувата. Секој родител сигурно, без разлика колку е самиот отрпнат на плач и галама од дома, го има барем тој едноставен осет да реагира во јавност кога му се посочи дека нарушува јавен мир. Ама очигледно тоа не се прифаќа како решение.
     
    На MacenceEna и Edie.S им се допаѓа ова.
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Лелелеле :rofl: Cka - The root of all evil. :devil: :rofl:

    Разбирам колку е egoboosting кога гледаш на форум дека некој се сложува со твоето размислување, ама не можам да престанам да се смеам гледајќи колку не можете да си ја видите сопствената неинтелигенција. Се сеќавам кога поставив една тема, па ме направивте парче како ја сум глупиот, а вие сите сте паметни, за сега да ве гледам како не можете да излезете од сопственото ЈАС, кога пишувате и читате за генерален проблем.

    Еве ја еднава никогаш не и` сметале деца, другава никад не рекла вака или онака, а третава не се чувствувала не знам како покрај деца.
    Никој не ве прозива вас лично, ама разбирливо е да мислите дека ве нападнале кога некој зборува општо, зашто глупите луѓе не можат да си погледнат подалеку од сопствениот нос.

    Не знам кој и каде напишал дека на детето не му е место во кафич, ама сум прилично сигурен дека мислиш на ставот кој и јас го заземам, дека на детето КОЕ Е ПРОБЛЕМАТИЧНО не му е местото во кафич. Ако сакаш да водиш дискусија, води ја човечки, фер, а не како да ти зависи тендер од 3 милиона, па ќе се лажеме и ќе извртуваме.

    И вториот цитат (во цитатот)... кај живееш? Не во Скопје нели? Зашто во Скопје ова е редовна појава. 9 од 10 седнувања во полн кафич, имаш ваков „проблем“ кој ќе се надживее, секако, ама далеку од тоа дека е нешто на кое треба да речеме јееееее, бебе си вришти, колку ми е убаво кафенцево. :inlove: :inlove:

    Тоа што ти го кажуваш, со други зборови може да биде напишано и вака:

    Знам дека секој пат кога си одам дома во лифт ме силува комшијата од трети, ама таков е животот, приморан си да си одиш со лифт дома. Подобро да не излегувам од дома за да не ме силува. :fubar:

    Основата на толеранцијата не лежи во трпење на нечија несовесност, туку во грижа за околината, односно токму во совесноста. Толерантен е оној кој те почитува по секоја основа, а онаа мајка која има дете што те малтретира не те почитува. Гајле и` е за тебе. Сега ти кажи ми кој е тука толерантен?
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Врткај се околу глупите феминки, оти само кај нив можеш со вакви глупи фори да пројдеш и да се радуваш како си паметен оти си вадиш заклучоци од газ, а се понашаш ко топла вода да си измислил. Паметни феминки барал :D Седи бре :D
     
    На stefi23m, Lovely93 и Ethrnity им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Капетане. Еве го целиот пасус од тој дел. Како јас не сум фер поради тоа што ти решаваш да читаш селективно? :!: Еве, во вториот болд имам кренато раце дека може ЈАС не сум видела, ама и без тоа, затоа реков солуција постои и за таму каде ги има овие примери. Без разлика каде јас живеам, не сум тука врзана, а по одмори претежно и имам повеќе време за кафичи отколку таму каде живеам, и пак немам видено мајка на кафе која не може да го контролира детето или изнесе ако секој друг обид да го смири потфрлил. Ама еве, не можам да знам јас зошто проблемов ви е исклучиво во Скопје и е ескалиран до тој степен да мојот предлог од еден збор не би бил разумен во таква ситуација. Од што така, има тука нешто, да ја тестира некој водата што ја пиете? Од што мајките се до тој степен немарливи и децата им се невозможни за контролирање 90% во јавност? :^)
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас само можам од сите постови прочитани да констатирам, дека децата се немирни и неподносливи за другите кога во ситуацијата е отсутен таткото и во ниедна ситуација на која сум била случаен сведок детето не продолжило да биде немирно кога таткото изреагирал на било кој начин, за некои деца е доволно таткото да го смени изразот на лицето за детето да се смири и седни. Иако се стремиме кон полова еднаквост, секогаш едниот од родителите во различни ситуациии е потолерантен, а другиот е построг и може повеќе да го исконтролира однесувањето на детето. И мислам дека поради различната толерантност од страна на двата родители доведува до збунетост на детето, а во некои ситуации и отрпнатост на одредени реакции на родителите, што може многу да ги чини и тројцата во иднина, кога проблемите се поголеми од не оди таму, не прави она , седи мирен /мирна. Затоа што еден ден кога ќе отрпни,на немој да седиш до касно, јави се ако се задржиш подолго со друштвото, немој да пиеш и да се пијаниш, немој да пушиш цигари или нешто друго, користни заштита при однос итн, итн од едното уво ќе му влегуваат од другото ќе му излегуваат. Што значи однесувањето и воспитувањето од страна на двата родители е многу важно кога детето е мало, бидејќи има последици во иднина. Наместо да се правдате тие што сте мајки превземете нешто заедно со татковците на детето или ако не живеете со таткото на детето било која друга машка фигура која е во секојдневен контакт со него(очув, вујко, дедо...), во иднина ќе ви се исплати и ќе ве поштеди од многу грижи и ќе ви заштеди многу пари.
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    ^Ете кај бил проблемот :D :D
    Што тресете зелени , мајките биле попустливи затоа децата збеснувале Хаха :D

    Ти babyblond како многу искусна не опраи сите мајки со твоите совети :D :D
     
    На mimiiiii, imelda, stefi23m и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Незнам кој го постави прашањето како било во минатото...па мене мајка ми не ме носела по кафулиња, баба ми ме чувала кога сакале да излезат мајка ми и татко ми во кафана или негде сами. Не верувам дека некој од вас е израснат по кафулиња. Порано повеќето семејства живееа со старите/свекор и свекрва и имало кој да ги чува децата. Сега во Скопје се одделени како што можам да приметам младите парови со деца и ретко баба или дедо од друг град ќе можат да дојдат да им ги чуваат децата. Дадилка се плаќа до 4-5, после сами на шетање.
    Јас сум била многу мирна, ама не паметам да ме изведувале по кафеани и кафулиња.
    Пријателите ги викам кај мене дома и им одиме дома, не сум тип кој секој ден излегува на кафе и кога имам слободно време шетам на кеј или во парк. Пријателите со деца ги викам на гости и ме викаат. Кога ќе седнеме негде надвор, ретко се со деца.
    Дискутирате за популација која и не е баш застапена или ја баш не ја приметувам. Незнам што има тука толку да се "хејта".
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Не мора да се мајките, можи таткото да е попопустлив. :!: Може не сум искусна ама не сум ограничена во размислувањата и не читам селективно како тебе :^). Секогаш се трудам да ја видам големата слика, а не само тоа што ми одговара. :) На крајот на краиштата не за џабе рекле дека децата се огледало на родителите, па вие воспитувајте си ги децата како што сакате.
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Несаκам неκој да се навρеди, бидејκи ова е само мое исκρено мислење... Значи човеκ κој не поднесува дечиња е споρед мене себичен и со κамено сρце. Ρазбиρам да не саκаш да си имаш ρабота со нив, да си игρаш, да ρазговаρаш, но зошто да ги мρазиш!? Ρазмислете и вие неκогаш сте биле деца и сте неρвиρале неκој дρуг, сте ги пρавеле истите иρитиρачκи ρаботи а сега ви е тоа толκу неподносливо. Аκо планиρате во иднина да бидете ρодители κаκви ρодители ќе бидете!? Исκρено тешκо на децата, ги сожалувам уште неρодени. А што се однесува до оние κои не саκаат да станат ρодители, тогаш κоја е смислата на животот. По чему ќе живеете? Ќе има ли нешто што ќе оставите зад вас!? Или ќе го изживеете животот бесмислено. Па најлесно е да се живее гρижејκи се само за себе, зошто да се гρижите за деца!
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    Еве зошто понекогаш мислам дека форумот треба да биде 18+! Дојди на темава за неколку години па ќе ја дискутираме проблематикава повторно а во меѓувреме размисли дека на форумов има жени кои свесно решиле дека не сакаат да имаат деца како и жени кои не можат да забременат :!: Смислата на животот е интересна тема на дискусија но можам да ти кажам дека ако само децата се смислата, тогаш тоа е живот џабе проживеан.
     
    На imelda, Glasna, sadgirl21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Јас κажав што имав да κажам за жените што одлучиле да не ρаѓаат и воопшто не ми е гајле дали има неκоја таκва на фоρумов и ќе се навρеди. А за жените што неможат да имаат деца навистина ми е жал дотолκу има таκва на фоρумот, несаκав нив да ги споменам бидејκи тие се исκлучоκ и κај нив е дρуга ρабота. Ама ти изгледа не ρазбρа деκа јас давав свое мислење во вρсκа со оние κои можат но не саκаат да имаат деца, но ти ги мешаш и стеρилните! Значи тие НЕМОЖАТ да имаат деца, но САΚААТ и логично е деκа не спаѓаат во оние κои јас ги нападнав во мојот пост. Во пρаво си за тоа деκа децата не тρеба да бидат единствената смисла на животот, но јас не ρеκов деκа тρеба да бидат сепаκ има и дρуги ρаботи κои ја пρават смислата на животот но саκав да κажам деκа смислата на животот нема да биде целосна без деца, а и стеρилните κои ти ги спомена тρеба да бидат свесни за тоа, не тρеба сега да ги пρиκρиваме, фаκт е деκа животот за нив пρодолжува но нема да биде тоа тоа и нема потρеба да ја пρиκρиваме вистината.