Што мислите за вакви гости кога ќе ви се најават? Дали ги откачувате уште по телефон или ќе ги примите и истрпите? Ако има слична тема се извинувам
Имам неколку такви ама се трудам сите што изразиле желба да не посетат што не почитуваат на некој начин да ги истолерирам. До сега никогаш не сум рекла дека не сум дома или слично на било кој што ќе се јави и посака да дојде.
Не седам со нив ... И ако се јават ќе ги откачам , а ако дојдат ненајавени ќе им кажам дека имам друга работа и пак нема да седам со нив , а ако не се разбираат и дојдат пак е тогаш сум дирекна и им ја плескам вистината во лице .. Некои луѓе ама стварно неможам да ги поднесувам и неможам да ги трпам . .
Мене ми е тоа што не можам да глумам и да се правам дека ми е супер, а не ми е, поготово кога слушнав дека зад грб ми имаат зборено и не можам да ги поднесам, а ни се најавија да дојдат овие денови . Мм вика да ги истрпиме, а јас не можам и готово.
I jas ne podnesuvam nenajaveni gosti pred nekojden pisuvav za tetkata na mm sto doagase sekoj bozji den I fino lepo eden den I rekov oti goste jas sekojden ne sakam ne sakam mnogu luge ne sum drustvena I poveke i ne doaga zavrsena rab
Ненајавени гости за мене се секогаш непосакувани гости. Многу ме иритираат тие што доаѓаат без да се најават, а не се работи за итна ситуација. А има такви гости кои и најавени и ненајавени ми се непосакувани и ги откачувам.
не контактирам со такви. избришав се што не почитувам и не ме почитува, и не кревам на немеморорани броеви
Не сум толку отворена со луѓе да ми се тупосуваат ненајавени. Овде во новиов комшилук имам 3 комшики кои ми се фини, си го имаме кафето, ама не им се тупосувам ненајавена, исто и они мене, прво ќе ми пише на вибер дали сум слободна и дали сум за кафе, па тогаш. Во главно им оставам на луѓето простор, не им досаѓам секојдневно, несакам да бидам дел од нечиј секојдневен живот, ни пак сакам да имам таква личност во мојот живот, освен маж ми и сестра ми. И кај јатрва ми најавена одам предходно, во главно се гледаме 1-2 неделно кога е слободна, ама се со договор предходно, секој си има свои обврски и тупосувањето ненајавен е непочитување на нечие време. Јас тоа така го разбирам.
Ако се најават непожелни гости и ако сме навистина слободни, никогаш не сме излажале па колку и да не ни се по ќеф гостите.... Ако имаат осет може ќе осетат чудни вибрации во воздухот, па следен пат ќе размислат дали да дојдат... Доколку сме зафатени, учтиво им кажуваме. А кога ќе заѕвони некој ненајавен на врата, ми иде да го вратам од кај што дошол. Најнекултурни ми се ненајавени гости... Не знам со кој памет во денешно време некои уште одат ко џокери на врата. Од кај знаат дали се дома луѓето? Дали во моментот домаќините имаат нешто да пречекаат гости? Па некогаш дури и кафе и бисквити се дешава да немаш дома. Тоа се без осет луѓе и уживаат да те стават во незгодно. Ова е за гости општо во куќата, а лично мои другари/ки ненајавени никогаш не доаѓаат а непожелни немам сега за сега... Не се дружам ако некој не ми е по ќеф, и нема што да ми бара таков дома.
Точно така. И ненајавени ми одат на нерви. Може се карам со мм, може плачам во моментот. Затоа не се иде туку - така некаде. Кога имав прв спонтан бев дома и многу плачев и во тој момент зазвоне на врата неочекувано еден другар на мм и си влезе, значи ни да почека да му отвори некој, туку си упадна директива и ме виде таква уплакана. Е, на што личи тоа?
Имав слична дешавка. Една досадна соседка дојде и кај мене идеше концерт од Стинг на тв. И таа рече дај пушти Пинк тв, јас стално си слушам да ме расположи. Јас: Nope
ЕЕЕ ова е нешто што најмногу го мразам. Никаде не сум била претходно ненајавена дури ни кај мајка ми. А имам едни што ова му беше навика На поминување бевме па дојдовме да видиме шо прајте Еднаш ручаме и ѕвони некој, отварам гром од ведро небо и си влезе човекот и кога виде дека ручаме незгодно му падна ама малку му беше тоа. И нон-стоп истото. Еднаш се јавија - шо чудо не знам а јас баш си дојдов од работа и зедов да чистам зошто другиот ден имавме нешто прослава и им викам леее извинете не можам чистам и тие ако де шо има врска Или пак сега дури бев бремена... јас на патолошка тие да дојделе... без осет значи Па и да нема некаква причина некогаш едноставно не сум за гости... Значи до толку непочитување на туѓо време... А се случило и мајка ми да дојдат ненајавени... не ми е проблем за нив и да немам што да ги почестам нема да замерат нели... ама многу пати ни ги пореметиле плановите, не вратиле од врата а договорени за излегување или во моментот имам гости па малку непријатна ситуација... ама затоа ја научија лекцијата.
Непожелни гости не канам,ако сакаат да дојдат без претходна најава ке им оставам ливче со порака врати се од каде си дошол зашто домаќинот не е расположен да те дружи,следен пат повеќе среќа.
Од непожелни гости до ненајавени гости има огромна разлика. Ненајавени гости немаме, на телефон обавезно се јавувам или ми се јавуваат дали сме дома. Блиски роднини, како тетки, братучеди можат да дојдат и да заѕвонат на ѕвончето, едноставно знаат какви ни се активностите јер постојано се слушаме, ама не го прават тоа. Со некои другарки си имам муабет и одење/доаѓање на кафе ама прво оди муабетот: "слободна си за сат време да правиш/правам кафе?" Кога одиш на гости, значи си гостин, па ако веќе си решил да се тупосаш некаде без осет, малку култура покажи и јави се пола сат пред да одиш, да има домаќинот време да раскрене по дома и да купи кафе, еден сок и нешто благо, во случај да нема на залиха.
Истo. Дa сум сaкaл дa дoјдaт ќе ги викнев и немaше дa бидaт ненaјaвени, a вo истo време и непoжелни. Кaкo штo ценaм сечијa привaтнoст и не се тупнувaм кaј некoј дoмa кoгa мене ќе ми текне, тaкa сaкaм дa ми биде и вoзврaтенo. Јaс живеaм вo тaквa oкoлинa, сo сoседи-рoднини, штo знaaт и без дa ти трoпнaт дa ти влезaт вo сoбa. Тoa ме иритирa дo степен штo кoгa ќе се oтселaм, дa не им ни кaжaм кaде живеaм.
Непожелни гости ми се оние на кои никогаш не им велам бујрум дома, дојдите; и оние на кои никогаш не им имам покажано дека сакам да се дружам со нив. Значи јас воопшто не им одам дома им, не сакам да одам кај некој, за кој не сакам да ми доаѓа дома. Од роднини, се случува и да знаат дека не се посакувани, сепак да дојдат, а има дел од нив кои се навистина непристојни гости и имаат еден куп непристојни прашања. За ненајавени гости, денешно време, со ваков турбо живот и со мобилни, стварно е глупаво да не му се најавиш некому. Блиските пријатели обавезно на Вибер ќе ми напишат ако сакаат да дојдат, па дури и да се во близина на мојот дом, за секој случај ќе се јават. Секогаш непочитување изразуваат баш оние кои не ти се поблиски...само ќе ти се тупнат дома и често без осет за седење. Лично, никогаш немам вратено човек од на врата, едноставно, незгодно ми е..
Случајниот намерник кој тропнал на врата НИКОГАШ , ама баш никогаш нема да го вратам. Со сите почести ќе го примам, што не значи дека ќе има и нареден пат Непожелни сум имала, во смисол, откога убаво ги запознав , видов дека не сме исти тип на луѓе, немаме исти интереси, исти цели, ист начин на живот, муабетите не ни се исти...плус не сме исти сталеж, па неможев да се вклопам со нив и се прекина пријателство. Не се осеќам комотно во нивно друштво Несакам да им ги слушам муабетите за снаи, золви, јатрви, девери.... Неможев да ги следам финансиски, постојано сакаа да се излага по кафани и ресторани а моите финансии не го дозволуваат тоа, а егото не дозволува да бидем честена
@Black girl Темава ти е интересна Јас сум тип кој несака гости не најавени и несакам гости кој ќе ми дојдат дома и ќе се заборават односно нападни. Имаме едни пријатели што немаат деца ок но кога ќе ни дојдат дома исаф да се немало абе окапуваат по 4 саати добро и кафе ќе пиеме и муабети ќе тераме и пак кафе и пијалок и смеење ама човече станот мој ми се чини дека кафич им е.И како јас повторно да ги викнам кога осет немаат па можеби ми се спие или не ми е арно или пак не сум расположена едноставно за разговор.
Се сложуваме сите дека ненајавени гости несакаме - Јас би ги додала и оние кои доаѓаат секој втор ден и се забораваат по неколку часа. - Оние кои случајно ти се најавуваат кога им треба некоја услуга а ги нема со месеци и години. Ама шема ми се и луѓе кои изиграваат напредни и ко демек никако не сакаат одење по гости. Еве јас на пример никогаш во кафуле не сум разговарала за некои приватни работи или избегнувам да озборувам некогу. Од каде да знам кој наоколу кој ме слуша а по дома можам слободно.