Ауу не ми збори за такви еј. Ние имаме едни братучед на мм се паѓа со две деца, абе куќата ни ја превртеа кога дојдоа трипати. Абе децата едни невоспитани, шлапАа со чоколадни раце по огледалата, тегнеа завеси, кабелот од климата, ми фрлаа смоки и чипс по ламинат, а мајката оклештена цело време. Ни да ги скара ништо. Си седи, а јас вриев. Па ми пукна филм и од тогаш кога ќе спомне да дојдат јас им кажувам дека имаме обврски. Па не можам наредните два дена цела куќа да ја читам од хаосот што ми го прават. Не ми ни требаат такви невоспитани ако се роднини.
Од такви луѓе аман Има такви да, ќе ти пишат јас ќе дојдам за саат време кафе да пиеме ако не ти сметам, и ај речи му дека ми сметаш ај што ќе дојдат па и со саати седат дури и чепкаат по работите си излегуваат на тараса се дерат. Затоа сега кога ќе ми пишат им викам дека имам обврски или не сум дома
Имам еден роднина, секогаш ненајавен доаѓаше. Како помала, сама бев дома и случајно ѕирнав низ прозор и видов дека влегува во дворот. А не го сакав. И ја заклучив вратата. Всушност, сите кои доаѓале и доаѓаат, не се јавиле претходно. Сега не би рекла дека имам непожелни гости. Со сите убаво е да се помине време, да се направи муабет. Само ми пречи што некогаш знаат да дојдат во време кога не сум ни расположена ни подготвена за гости...
Со блиските роднини предходно се најавуваме телефонски дека сакаме да си појдеме на гости и да се видиме. Јас барем имам таква навика се најавувам предходно дека сакам да поминам на саат време и нема никаков проблем. Незгодно е да му се тупнам на некого од нигде никаде, зошто како прво може не е дома па џабе сум тепала пат а како друго може се тушира, руча, може си има обврски, друг договор итн така да незгодно е. Имав една другарка (сега сме строго на здраво, како си) воедно и комшика која имаше навика да дојде кога ќе и текне еднаш ме начека на бањарка и културно и кажав следен пат јави се кога планираш да дојдеш. Следниот пат се јави и реков демек ајде дојди, доаѓа и ниту да ѕвони, ниту да тропне, туку директно си влезе низ врата. Најфино и кажав дека јас кај нејзе дома не влагам така. После тоа почна секој ден да досаѓа ајде дојди, да дојдам ли, ај јас ќе дојдам кај тебе престанав да и враќам на фб, да и одговарам на тел и во неколку наврати кога видев низ прозор дека е она не и отворав. Не го сакам тоа иди ми-дојди ми дали со комшии дали со роднини без прекин и кога на кого ќе му текне и цел ден кафиња и оговарања. Сакам гости и обожавам да спремам за гости ама пристојно е да се најави некој ќе дојдам тогаш и тогаш во толку и толку, не е ништо тешко тоа барем ќе знам тоа време не планирам ништо. Плус има моменти кога дома ми е хаос или кога немам една чаша сок или благо. Се на се непожелни гости ми се оние кои доаѓаат без никаква најава и се заеднуваат со часови.
За мене постојат два типа гости. 1. Ненајавени а драги кои ќе ми се појават на врата и ќе ги примам без оглед дали е дома лом или средено, кои знам дека не зјапаат по туѓи куќи и кои најчесто ми се најблиски. Само најблиските можат да си го дозволат ова ( ама не се десило до сега да дојдат без да се најават ). 2. Што се најавуваат 2 саати унапред од денес за денес и тоа се бараат да дојдат оти најверојатно немаат што да прават, секогаш сакаат да дојдат покасно навечер ( знаејќи дека имам мало дете) е таквите без перде ги лажам инстант што ми текне и ги откачувам. Кога они немаат осет зашто би ја да имам? Таквите ги нарекувам површни пријателства. Т.е. непожелни. Дома не ми влага секој и сум мн селективна кој ќе примам.
Ние имаме само една личност што по 5 пати во денот ни доаѓа. И сето тоа оди ма нерви, мнооогу. На баба ми сестра. Во комшии ни е. Знае кога се доручкува, руча, вечера. И оп ете ја. Ќе си седне ќе си јаде. И ајде еднаш, два пати, ама луѓе секој ден иста песна. Ако види да дојде некој, пак мора да дојде. Без неа ништо не може да помине. Ништо не смее да се изеде без да проба. Па дури и ќе се лути ако нешто сме направиле за јадење а она тоа не го јаде. И ќе рече еее од инат тоа сте направиле за јас да не пробам. Не се трпи веќе.
Зашто и отвараш врата? Значи мора да ја откачиш макар св. Петар бил. Јас на родена мајка тоа не и дозволувам не на баба од второ колено.
Мислиш и немаме речено. Не се замара жената. Мајка ми секој ден притисок крева од неа, ама ете. Баба ми колку пати и има речено. Ќе се налути, ќе ја нема еден ден и потоа пак ќе си продолжи по старо.
Искрено јас немам некои до толку непожелни личности кои би ми дошле на гости. Тие со кои не сум во добри односи секако дека не би дошле. Можеби има личности кои ми се подосадни да речеме ама пак ако некогаш дојдат секако дека нема да ги вратам, нормално само да не почнат да претеруваат.
Истово важи и за мене. Дома не се прима секој. Најмногу ме нервираат вакви личности без осет, што секој втор ден ти доаѓаат, а кај нив не сакаат ни да им стапнеш. Исто така ме нервираат гостите кои сакаат да чепкаат и разгледуваат низ собите, се знае кај се пречекуваат гости - во дневна соба.
Јас сум од тие што сакаат ненајавени гости. Мене секогаш ми е средено дома и немам проблем да ги примам луѓето што ми се драги или сакаат да ме изненадат. Не примам гости само кога некој друг ќе дојде со некој кој не сум го запознала никогаш. Вратата е отворена за секој кој ни е драг и близок. Порано преку фиксен се најавуваа гости, денес можат преку мрежи и паметни телефони да го сторат истото иако некои сметаат дека е срамота да не се најавиш пред да дојдеш.
Ова највеќе го мразам - ненајавени гости. А пак посебно ако не ми е средено дома или не ми е пријатно друштвото со нив. Претежно блиските роднини, пријатели секогаш се најавуваат кога доаѓаат, за да прашаат дали сме дома, дали сме слободни. А имало случаеви ретки се но имало, кога ќе дојде некој ненајавен. Јас никаде и никогаш не одам ако не се најавам. Не ми е пријатно така, само да се појавам кај некој на врата.
По народно кажано на такви гости ќе им свариш кафе и ќе им речиш еве едно сиктер кафе, на здравје и со здравје. Еее , од приказнине запамтив
По правило никој не треба да оди на гости ненајавен. Не оправдувам ненајавени гости, зашто можеби во моментот сум зафатена или одмарам.
Не сакам гости што претходно не се најавиле и кога имам такви гости воопшто не сум расположена ете баш од таа причина
Јас под непожелни гости подразбирам луѓе со кои не сакам да се дружам. Такви не примам дома. Може надвор да им правам муабет (ако морам). Ненајавени гости не сакам, а и немам. Сите со кои се дружам се најавуваат однапред. А и јас секаде се најавувам. Во денешно време кога речиси сите имаат телефони срамота е да не кренеш слушалка и да прашаш дали може да дојдеш на гости. Ако се случи некој да дојде ненајавен ќе го примам и ќе го откачам по брза постапка. Ама следен пат нема да дојде.
Смешно е да кажам, ама еднаш ќе ви улета некој на сред секс и ќе сфатите и вие, и он, дека е добро да се најавуваат гости
Зошто одите на гости воопшто со причина или без причина. Јас чекам некој да ме повика па тогаш да појдам па и на кафе кај комшивка, а да се најавувам сама не (ако се јавувам јас викам). И само кога канам гости значи ми се драги. И ова не е нешто ново: Непоканет гост позади врата седи.