Што сте чудни брее па што не сте сте им рекле бре у очи пред другите гости сте виделе ли вие храна некогаш??јас ова не би го преќутела и тоа пред сите нема незгодно згодно исто дојдовте намерно гладни па се да сомелете а?и би им рекла да си одат и да не доаѓаат повеќе.апла иделе за корист кај вас.јас такви луѓе највеќе мразам
Јас му кажував, ама маж ми си ќутеше. Е после кога почна и он да му збори, они се повлекоа. Почнаа поретко да доаѓаат и седеа кратко.
Што луѓе се, бре... Дома да немаат, па да речеш. Ама имаат, и пак кај други се прејадуваат. Мене ме учеа да одбивам храна. Или ако не можам да одбијам, да земам само малку. Можеби некој не може повеќе да стави на маса. Треба да се има осет.
Имав една комшика порано преку една куќа од нас ова кога бев дете ви кажувам и еден друг комшија банкет ќе прави и ние комшиите поканети и отидовме јас со татко ми и мајка ми масата нема што нема од пиле млеко ако фалело кога викна да јаде да јаде и само лелее колку сум гладна цел ден не јадев итн 15 кифли изеде 10 пати руска салата ставаше 5 копани чинијата пуна кашкавал сувомеснати плус уште една чинија благо слатки ние само се гледавме измеѓу себе оф боже таа слика од неа уште ми стои пред очи ужасно
Некогаш и намерно доаѓаа гладни. Тој ден кога дојдоа во 9 саат ние станавме тогаш. И уште девер ми вика - Ние сме гладни. Сакаме да доручкуваме.
Знаеш што добија тогаш? Пржени јајца само. И другиот ден свекрвата се жалеше зошто не сум им спремила доручек. Јас го земав телефонот на маж ми и и кажав некои работи. Изгледа му пренела на девер ми и он се налутил. Ама и маж ми и реагираше тогаш. Идиот.
За такви и тоа е многу. Јас вратата ќе ја лупнев. Па, уште свекрвата се жалела. Она нека им спрема ако сака.
Лелеее мене да ми биле јака ви душа тие ептен биле од корист верувај тука нешто не било во ред ако маж ти заработувал повеќе жена му така го учела брат му бил злобен идиот уффф ја би ги нстепала или им ставила нешто во храната да повратат или пролив да фатат па после ќе им се јавам ќе дојдете да ручате пак хахаха
Можеби некој ќе ме препознае по ова што го пишувам, ама ми е гајле. Она им спрема секојдневно. Блиску живеат (не се во Скопје). И ние кога одиме таму они се по цел ден. Јас си ќутам затоа што куќата не е моја.
На мм стрина да не била? Хаха. Еднаш за слава кај свекрва ми се испомеша благо, солено, кисело, па пак благо, пак солено и дома лошо и било. Дури тетин на мм после неколку дена ни кажа "а бе јас не загледувам многу, ама во очи ми падна, се испомеша". Тоа е ставено за јадење на маса ама со усул не како да не си видел .
Хахха. Баба ми (покојна) ми кажуваше за некоја случка кога била помлада. Не била ни мажена тогаш. Имало некој комшија кој таму во селото секој ден им доаѓал на гости. Не само на нив, туку и кај други. Едни комшии, односно домаќините, решиле да го изиграат и во јадењето му ставиле црвен пипер. Ама убава доза си добил. Оттогаш не дошол.
А најмногу мразам пијани гости, тоа е нешто коса што ми се крева, подобро нека јадат отколку пијани и да филозофираат и да седат до 2-3 сабајле.
Леле, да, што е работава со ова? И кај мене ќе се најават поблиските и дури ќе се напомене дека месо јадат, во толку и толку саат е ручек или вечера, па да знаеш да спремиш и ручек и вечера нели. Па за децата посебно плус да нарачаш пица и помфрит пошто они тоа јаделе. Сакам гости да пречекувам, се трудам максимално да има се на масата, и никогаш никој немам оставено гладен, но кога некој специјално ќе ми напомене по желба што треба да спремам, ми се одмилува. Посебно кога ќе се појде кај истите тие гости и ќе те држат цел ден таму, со ватени јајца салата и на крај ќе добиеш:- Ако сте гладни, да намачкаме маргарин и лепче.