Следен пат истото ќе го добијат. Трпев и трпев, ама веќе не се трпеше. После таа случка добиваа само кафе, сок и грицки. Доста им е. Не сум јас продавница. Како што викаш... Кај нив само салата. И кафе и сок. Ако сте гладни има сиренце и саламче.
Пред извесно време ми јавува една и вели ќе ти дојдам на гости, ќе си земам одмор и ќе ти поседам недела дена. Веднаш после ова, кума ќе ти бидам ај што чекаш. Не сум блиска подолг период, ама и да сум, нема зошто мене некоја да ми го ремети редот. Култура никаква, прашања лични еден куп. И ја чекам да и' падне незгодно во меѓувреме, со мисла дека ќе се освести. Ама некои немаат ни срам, ни перде. Вакви нема што да ги пуштам, следно не кревам и толку.
Мразам кога ме замараат. Некои не сфаќаат што значи не. И со деверот имавме таков проблем. Му се јави на маж ми и му рече дека ќе дошол кај нас и ќе седел цел месец. Нормално, не дозволив. Да се немало осет.
@SummerGirl да ти кажам, повеќе им е за јадењето и пиењето. А не се нудат да речат еве ќе дојдам, ама немај гајле ќе си донесам тоа што треба. Ова стана веќе како нова форма на "просење".
Па нормално. Зошто да си прават трошок кога можат на друг да му бидат на товар? Знам за случаи каде што гостите ги терале домаќините да ги носат по ресторани.
@SummerGirl ми се случило гостинка да ме тера да одиме во маркет, си ставаше буквално се' што сакаше и одиме на каса сметката некаде околу сто евра. И поучена од тогаш, искрено не би. Отворено и' реков дека ќе делиме. Се правеше малоумна.
Тоа се користољубиви луѓе. На другар на маж ми му дошле гости и му седеле цел месец. Другарот живее во странство. Кај мене така нема шанси. Не заседнувам по гости.
Многу познато ми е ова. Ај да одиме ваму, ај да седнеме овде и кога доаѓа келнерот со сметка, дури не се ни прават дека сакаат да платат. Те чекаат тебе да ја земеш и платиш, ко тоа да се подразбира. И нормално, ќе си платиш ко попче за да немаш расправии дома. Модерно просење, убаво пиша некој погоре.
Такви избегнувам. Сакале кај мене на гости? Мало сутра. Не ги примам. Да ти дојдеме на гости? Им викам - Немам време за гости.
Со некои треба да си безобразен за да сфатат. Имав една комшика во Мк која одеше секој ден кај друга комшика. Немаше осет. А на другава и беше незгодно да ја избрка. Ми се упикуваше и на мене еден период, ама убаво и објаснив. Јас да си го губам цел ден заради некој што нема осет? Е нема да може. Откако сум овде кој и да дојде ќе седи 2 недели. И толку. Без срам им кажувам. На кој не му одговара, чао пријатно.
@SummerGirl дистанца е лекот. Кај ќе те најдат. Поарно ќе излезам и ќе шетам, ќе пијам кафе негде на раат отколку да се нервирам.
На гости ми доаѓале тие што треба. Што ќе ми се такви со кои едвај муабетам. Колку сака нека звучи неубаво, ама дома не примам секој. Слушав муабети дека сум била безобразна. Се стресов.
И јас откако сум во странство одеднаш сите на гости ми се канат. Само кажувам немам каде да ве сместам. А за тие што сакам да дојдат и спалната ја ослободам и душеци купив, а и на петосед во дневна спиеме.
Кај мене се најавија гости за напролет. Си знаат колку ќе седат. А и самите имаат осет. Деверот уште не се наканил. Ама и тој толку ќе седи. Што да правам. Брат му е на мојов. Не можам да му речам да не доаѓа. Не се трпи.
Јас пример, стварно немав кај да ги сместам, имавме една соба плус но, празна. Не можевме да си дозволиме на почеток спални, троседи или пак и за јадења за плус неколку души, поготово кога нарачуваат ова и она, носи ме ваму и таму и знаеш што добив како одговор на моментално немам кај да ве сместам? Па ако треба и на патос ќе спијам една недела, голема работа. Си помислив епа не е, ај нека ти дојде човек на гости и легни го на патос. Плус, си се канат по три месеци, две недели е апстракт.
Гости трпам една недела, доста им е. И обврска и трошок, 3 оброка, па десерти, па да ги шеташ.. душа снемам таа недела. Абе и свекрва ми уште не дојдени ние овде се токмеше три месеци ваму, три месеци Мк.. И моите кога дојдат карта повратна за една недела и отворено велам не можам повеќе, иако го сносат целиот трошок за храна, за децата што им треба итн..
Зависи до гостите. Има пребирливи. Како мојот гостин. После последната случка (ако ме читаше погоре) не бара јадење. Ама однесувањето му е за никаде. Ако дојде овде претпоставувам дека ќе не тера да го шетаме, затоа што си замислил дека кај нас парите од небо паѓаат. На секое јавување на маж ми он му вика - Вие имате пари. Искрено... Колку повеќе им заседнуваш на луѓето, толку поголем трошок им правиш. Еден период гостинот ми фаќаше скоро секаде по дома. А тоа многу ме иритира.
Читав да, е тоа треба маж ти јасни граници да постави. И свекрва ми така беше, ама сега има јасно ставено до знаење дека во моја куќа мои правила и таа е гостинка, не домаќинка. Кој сака нека е, кај мене и брат ми сам не брка во фрижидер, дури и кога е гладен не му е згодно од маж ми да си побара. Секој треба да знае до каде може да оди, ниту кај некого се однесувам како дома, ниту сакам кај мене така да се однесуваат. Гостите преферирам да се најават, овде па и тоа е пракса, не е како во Мк успат на кафе ти дојдов... успат не сум дома јас. Едни еднаш така пробаа ние сме во маркетот под вас ќе поминиме на кафе, а ние на вратата излегувавме. Маж ми и кажа кафето надвор може дс го пиеме, ние излегуваме.