Он реагираше и овој престана така да прави. Кратко седеше (саат и пол - два). И престана да пребира. Кај него не се однесувам како дома. А девер ми не правеше така. Ќе дојдеше и ќе се испружеше на креветот во дневна. Па се тегнеше и даваше наредби. Од мене ништо не доби. И децата му се невоспитани. Со другиот девер немам проблем. Он и јатрва ми се супер. А овој кај нив не правеше така затоа што они од старт го средија. И ретко идеше кај нив. А маж ми си ќутеше. Овде имаме 2 фамилии со кои се дружиме. Однапред се најавуваат. А и ние секогаш се најавуваме. Има еден кој еднаш дојде ненајавен. Ама следен пат не дојде. Со маж ми требаше да одиме до продавница. Излегуваме од влез, а он само што излезе од колата. Му кажавме дека имаме обврски. Јас не знам како луѓево не се научија да користат телефон.
Па, тие со немирни мали деца се посебна сорта. Како може бе да им биде смешно што детето скршило нешто? А, тоа нешто било нешто значајно за домаќинот? Башка, детето можело и да се повреди. Е, тогаш па родителите ќе му се лутат на домаќинот. Или да скине нешто значајно. Ама некои „родители“ хахахаха само знаат. Значи, немам проблем да ми дојдат најавени со деца. Ама, со невоспитани не, фала.
Кај мене тоа беше ужас. Го отвараа фрижидерот и си земаа јадење, скокаа на гарнитурата, ја отвараа комодата, го отвараа плакарот... Да не набројувам повеќе. Им се развикав. Не се трпеше веќе. Маж ми ми вика Не се карај. И на него му спискав. А они хихи, хаха. За нив е тоа нормално. За еден од родендените на поголемиот син, едното дете скрши украс. Цело време беснееше, а нив мува не ги лазеше. Кога ја направи бељата девер ми одма - Е па ти. Се нервираш за еден украс.
Јас би се развикала и би побарала да ми го платат украсот. Ако е нешто пообично помалку лута би била. Ама, за значајно не простувам. Детето мора да научи дека надвор од дома и дома не е исто.
Украсот ми беше подарок. Роднините од страна на маж ми не сакаат овие да им идат на гости. Па сигурно ви е јасно за какви луѓе се работи. За ништо не ги викаат. Овие упорно им се јавуваат за да им дојдат. Сега децата се поголеми. Ама уште ја памтам случката. Среќа што почнаа поретко да идат. А кај другиот девер имало случка со јадењето. Земале храна и ја фрлале на тепихот. Деверот и јатрвата им спискале. И толку. Почнале и кај нив поретко да идат. Само еднаш се случила таква беља. На прво одење на гости кај нив. Јатрвата многу беше нервозна. До касно останала да чисти.
Братучед мој велеше 2 саати гости, тие што се со ноќевање не се гости и ако се без осет не ми требаат такви. Јас па не ни сакам негде да одам па по една недела, неможам 2-3 саати на гости, не па толку време, не се осеќам убаво, и што велиш ако сум отишла на гости на неколку дена барем нешто ќе однесам, на оваа скапотија никој не ми е должен хотел да ми изиграва некој.
Сакам гости, ако се позитивни и ми прија муабетот со нив. Намќори не можам да поднесам и ги избегнувам, ако сакаат да дојдат им кажувам дека сум на работа и слично. Среќа сопругот па ич не сака гости, не ме замара и немам проблем. Другарки често ми доаѓаат и вака во парови се собираме, ама со претходна најава.
Кај нас обратно е, јас повеќе не сакам. Ама и јас сакам да ми дојдат тие што се позитивни, со тие што ми оди муабетот, не да ми загледуваат и да ми кажуваат што треба, што не треба, они ќе ми кажуваат што треба или што не треба.
епа тоа, луѓето денес не одат за да се дружат, туку да разгледаат се и после да те оговараат дали ти е чисто и дали имаш кавги дома. А за позитивни луѓе вратата е секогаш отворена.
Се зависи од свое - личната карктеристика, какви гости сакмае да примаме а кои ги отврламе или колку сне дружељубиви, или можеби имаме своја деградација, која не ограничува, за кои ги примаме во наша близина а кои ги отфрламе, некогаш може да влие и нашето моментално расположение. Некогаш поради самите себе и најблските пријатели, или од најблиските од семејството не сне во добра волја да ги примиме. Некој пат им одговараме на телфонски повик некогаш им затвараме слушалка, или сакме де се видиме или не, или ќе потрае уште подлого време додека конечно се сретнеме.
Живеам со родители и сестра ми во трособен стан, значи собата ја делиме со сестра ми и не сме викале другарки на спиење освен ако е некој од друг град па ќе се најави или така ќе се понудиме за една вечер ќе се организираме дома. Но сестра ми е студентка и запозна една колешка која е од нашиот град значи буквално живее на 20 мин пешки од кај нас и девојчето е многу нападно, доаѓа кај нас кога сака и нема врска кое време е, кој ден е, без најава доаѓа во 9 сабајле се појавува на врата, отвора фиоки со документи, ми седи на кревет и на перница кај што спијам, таман моите си доаѓаат од работа и таа тука, а сестра ми не ја кани, дури не и крева на телефон и таа доаѓа да видела зошто не крева плус тоа се меша во приватност, оди по спални, прашува интимни работи… не ја поднесував некое време ама ќутев заради сестра ми …но врвот на се беше пред некој ден кога дојде со ранец и рече ќе преспијам јас кај вас денес, прво мислев дека е шала и ајде, но јас си легнав тие другарки седеа надвор пред зграда и во 4/4 и пол саат сабајле доаѓаат в соба, јас заспана по пижами и таа се мести да легни кај нас… Луѓе толку бесна не сум била одамна, кажав дома дека не сакам да ја видам повеќе дома, а не па во моја соба..
Има и такви ситуации со личности кои карктерно се разминуваат, според своето лично однесување. Како што е невозможно од еден извро да тече слатка и горчлива вода.
Толку е динамично времето, стресно сите си имаат свој живот, проблеми триста и обврски уште некој да ми се клапнува ненајавен. Порано беше друго и луѓето беа подруги, повеќе осет имаа. Сега е поинаку, темпото на живот е комплетно сменет и никој нема време да безделници кај некој мислам. Евентуално ако дојдат или одам на гости тоа е два саата мах.