Oh no, се надевам последните три се само твои мислења Инаку, премногу хејтате луѓе со пари и родители.
Хиерархиите се извор на сето зло во општеството. Државите и границите се опресивен конструкт што идеално не треба да постои. Патриотизмот, заедно со религијата, е најголем опиум за луѓето. Родителите на децата им должат сѐ, децата на родителите ништо. На секој човек со самото раѓање и постоење треба да му следат основни услови за достоинствен живот и понатаму на општеството да придонесува 100% доброволно во зависност со своите способности. Концептот на „заработување за живот“ е нехуман до срж, платената работа како услов за преживување е инхерентно експлоатирачка и ја убива креативноста и страста во секоја активност.
Воопшто не е смешно кога луѓево се шегуваат за тоа како биле израснати со ќотек и казнување за се и сешто. Ужасно е. И да, сметам дека сите тие си имаат проблеми
• Постојат машко - женски пријателства. • Ако си ладен и се понашаш ладно однадвор, не значи дека си бездушен. • Заљубеност и љубов не е исто, а многу често се мешаат тие две работи. • Конзумирање на здрава храна и практикување здрав животен стил не секогаш одат правопропорционално со здравје и здрав живот. • Не сите луѓе кои што општеството ги перцепира како дебели се болни и обратно, слабите се здрави.
Unpopular opinions: - Мислам дека хомосексуалните бракови немаат иднина и не го разбирам сега тоа модерното со посвојување деца (сум била со многу жени ама едноставно не гледам иднина со тоа) - Мислам дека Игор Џамбазов е пропала инвестиција, но има одличен смисол за хумор - Ниту една македонска инфлуенсерка не ми се допаѓа и досадни им се работите што ги објавуваат - Радикална сум за педофилија и силување и мислам дека треба да постои смртна казна (јавни егзекуции) - Социјализмот е подобар од модерната демократија - Да се надоврзам, мислам дека секој диктатор во историјата бил подобар за својот народ од Америка - Мислам дека убавите луѓе имаат предност во животот во секоја смисла - Не сакам луѓе што живеат со многу животни дома - Мислам дека општата култура во муабет и познавање на различни теми е многу побитна од факултет - Мислам дека јавните запросувања се глупави (на бина со микрофон) - Во врска мислам дека треба да биде спрема верата вечерата - Факултетите од помалите градови не ги сметам за факултети - Мислам дека е многу ретко маќеа или очув да го сакаат детето Толку ми текнуваат моментално
Епл е преценето зло на планетава. Инфлуенсерството не е професија. Велосипедистите се побетер од оние кои управуваат електрични тротинети. Пржените компири без сол се поубави.
Јас израснав со неговата музика и не се сложувам со тебе, почетоците му беа лигави иако испука два јаки хита на почетокот на кариерата и се прослави преку ноќ (ама важеше долго време за миленик на тијнеџерките и дека му иделе на концерти само деца испод 18 години) Да скратам...пред смртта на последниот концерт му бев и јас (имаше млада публика највеќе бевме парови) Антониа Шола му беше гостинка (он беше јако популарен и во Хрватска од пред тоа каде со Тони Цетински имаше дует иако хрватски пазар и не е така лесен да се пробиеш а он се проби во сите ју држави па дури и во Словенија) Ова со текстописците ти е неиздржан муабет зашто и Чолич има песни од други па популарен е одамна (не се сите како Балашевич)
Нема што да се сложуваш или несложуваш, прочитај го насловот на темата. А за Чолиќ имам слично мислење, една од најпопуларните песни му е всушност од 19 век (Пјевам дању пјевам ноќу) - сè е до менаџментот.
- Зара како моден пред е overhyped и неквалитетен. - Сребро > злато. - Македонската естрада е непостоечка. - Живеење заедно со партнерот пред брак треба да биде нормализирано. - Табу е да кажеш дека не сакаш да имаш деца, затоа повеќето раѓаат од семејна "должност" и се ствараат незаинтересирани родители. - Нема ништо лошо во тоа да си ги облекуваш децата во скапа облека, лошото е кога ќе почнеш да ги спомнуваш цените. - ФИНКИ е cashcow на УКИМ. - Охрид не е ништо специјален само повеќе и вложено во него отколку Преспа и Дојран.
Да идеш на море, а да се бањаш во базен во хотел е нонсенс. Плава коса е преценета. Мек Доналдс е преценет. Можеш да имаш илјада дипломи, магистратури, докторати и пак да си прост и глуп. Дебел и среќен е лага.
Добар маркетинг стои позади популарноста на air fryer-от. Јадењето приготвено со него е потпросечно и полошо отколку готвено на конвенционален начин.