Леле колку само дааааа. Ја не знам шо гледаат толку убавина луѓево у тие алки и толку скапи се, а се жалат доста дека не се ни нешо квалитетни, потемнувале и не знам ти што. Дефинитивно преценети се, а нејќат да признаат.
Не знам за квалитет ама на изглед ми се меех Поарни изгледаат вака Ама ако едвај гзот ми го збира, а е долга џоа автобус, колку сака нека е убава, no
Хахахах. Избришав, викам да нѐ не се у иста категорија со овие, сепак овие ко покомпактни личат ама секако луксузни се и тие и посимпатичен дизајн имаат, да. Абе остај овие, Bmw си е боље. За мене бар, колку сака нека се овие јаки.
Не си fat shamer по дифолт ако не поддржуваш обезност, и не треба да се промовира дебелината како нешто убаво.
> Сите "фаци" што се прават имаат психолошка дупка што неможат да ја исполнат освен со ексцентричност и матрилани рабпоти. > Сите патиме од некоја загуба што се истакнува во нашиот карактер.
Социјалните мрежи можат да бидат повеќе корисни отколку некорисни, ако си брутално селективен и без компромис си ги почитуваш принципите и интересите. Self-help книгите се добра ствар, само не треба да гледаш на нив како некаков прирачник за како да го живееш животот, туку едноставно треба да ти бидат дополнително потсетување на позитивни нешта за одржување на позитивен ведар дух и мотивација. Истото важи и за entrepreneur говорителите, "life coach"-овите и видео аниматорите со мотивациона содржина. Не мора да научиш ништо ново, доволно е само да впиеш доза позитива и мотивација.
-Девојачки вечери и откривање пол на детето се помодарство и џабе фрлени пари -Децата не се проекти за да ги експонираме на социјални мрежи за производи и маркетинг -Филмовите на Милчо Манчевски деградираат во тотално срање -Бракот не е лотарија, туку свесно влегување во заедница која може и не мора да е успешна -Пола естрада во Мкд е врзана со криминогени фаци и јавно парадира, а пола народ се пали на истото. -Флексање дека пиеш и се дрогираш е тотално мизерно (особено по наративи на социјални мрежи) -Џентл родителство е мижи асан да ти баам, сосема е нормално да се скараш со детето и да му свикаш ако прави глупост -Огромен број родители воопшто не работат на односот со своите деца, туку нивните баби и дедовци. Во суштина, непопуларните мислења се шило во чело, затоа и се непопуларни.
Во Силбо сé е суво, премало и прескапо! Џабе hype. Девојачки и откривање на полот се боже мили! Ај што сте се собрале невестата и другарките да прославите, ама нема поента да постирате мафини со курови и секс позиции на социјалните мрежи, многу невкусно делува. Откривање на полот на бебето немора да се прослави со огномет и забава, доволно е на мекици кога ќе се роди како што секогаш било! Едни што ги познавам правеа ваква забава пукаат балони женско, се раѓа машко. И ова се кога ќе се насобере заедно со трошоци за свадба, зошто преку годините стана како формула, правење дете, па веридба, па gender revial, па девојачка, па свадба или нешто така. И после кукање каде се парите.
Најглупавиот дел со забавата за откривање на полот ми е како покануваш гости и што им викаш хахаха, реално на кого му е гајле каков пол е моето бебе , и ајде демек чекаат да видат и кој и да е полот реакцијата иста нели јахаха, без поента, тоа си е интимна работа
Метал е НАЈ ПРЕ ПРЕЦЕНЕТ жанр на музика а е тежок шит и треш. (инспириран сум од последните случувања и хајпот за рамштајн, па па па што е тоа паѓање у несвести ја у 8мо одд ги слушав а па коа ќе видам магариња од 25+ на рамштајн кринџам на најјако)
Има разлика од метал до метал ама секој со свое мислење. Рамштајн се можеби популарни во тој industrial metal жанр, но дека се најдобар метал бенд не би се сложила.
Не мора секогаш дечкото да е повисок 3/4 глави од девојката. Некако денес на младинава прв критериум е да е повисок дечкото. Ок е и иста висина да се и се. Сѐ додека има разбирање и љубов е ок.