Елка накитена со секој лампион во различна форма е поубава од совршено симетрично накитена елка со исти лампиони во 2 до 3 бои.
Да се надоврзам и јас. Не трае повеќе, пробано, проверено, тестирано. Ама да, се сложувам дека е залудно трошење на пари за скапи парфеми. Подобро да се трошат пари на накит и часовници. Никогаш не им се намалува вредноста.
Ист, па и повеќе траел? Нее. Според мене врска си немаат тие мириси, не приметуваш дека некако ко да мирисаат сите слично, има некоја мирисна нота која е препознатлива и карактеристична за нив? Одма значи одма го осеќам тоа и ме нервира. Па и на алкохол коа ќе почнат да трујат. Не знам, дали се работи за различни вкусови ама тие ми се едни од најлошите копии, и секогаш пре би земала некој каталошки отколку од нив. И тие на La Rive исто се ужас. Тие и полоши се дури. Ретко кои копии се ок, не знам, одма почнува да ми мириса синтетички, вештачки и да ми смета. Од Белина демек ај нели поскапи се тие, копијата на Кристал ноар, уопште не ми се допадна. Така да не е дека се исти баш копиите, не за џабе пишува дека се инспирирани од оригиналите ама да се долови 100% истиот мирис, не може, се осеќа разлика сепак. Не па дека и од оригиналите сите се супер, таман работа, и од нив има ужасни и голем дел воопшто не вредат за цената ама јебига името се плаќа. Инаку он топик коа за парфеми станува збор, парфемите на Bvlgari поготово линијата Omnia се многу преценети и сите се ужасно јаки, тешки и загушливи. Не ми се по ќејф ич, и никад не би фрлила пари за тоа. Друго unpopular мислење, пиците од Доминос се ужас, прегадни. Се чудам како може толку да ги сакаат,полоша пица не може да постои.
Јас мислам нема добра копија за парфеми, и јас порано размислував дека ни би дала толку пари за парфеми ама од оргинал парфем 2x шприцам, не се бањам со парфем. Инаку како што пиша другите ми имаат мирис на алкохол. Пример ќе купам 2-3 поскапи парфеми и ми траат и затоа не жалам пари. Кога шприцам на врат ќе ми шприцне и на џемпер и откако ќе го исперам уште ми мириса на парфем.
Кој колку може и сака да си приушти нели. Не мора од најскапите дизајнерски, баш има и не толку скапи со солидна трајност, а и трајноста зависи и од кожата. На облека да, трае поише, може и со денови, дури има некои и после перење се осеќа мирисот ама кожа е друго. Тие Економик стварно претерано на алкохол мирисаат, и не може све ко исти да се, било кој земи го, го осеќам истиот мирис, испомешани мириси некако, разреден, a сепак алкохолот во главна улога.
Па да, и секоја кожа е различна, исто и за шминка, кога ќе ме праша некоја за карминот или пудрата, мене може тој кармин да ми е посветол, друга ако стави потемен. Сите сме различни, исто и за фарба зависи и до пигментот, со иста фарба може кај мене да фати кај некоја не и обратно.
Појќе го мислев во смисла на тоа дека најубаво е да не мирисаш на ништо. А и многу често ми се слошува од парфем или ме здоволува глава.
Не мислам дека се џабе фрлени пари за оригинални парфеми баш напротив, со едно/две прскања мирисаш цел ден убаво.
Скапата козметика е најголема лага. Како некој што паднал на трикот. И скапите производи за коса, особено без сулфати, а Керастас по ѓаволите да одите! Се постигнува ефект со поевтини, тајната е променета исхрана и конзистентност во рутините. Вие што се карате за парфемите - Зара, тенк ми лејтр. Сакам оригинали, пример Елиен и Херме (Ерме како год), секогаш оригинал, ама се друго - Зара пријатно ќе ве изненади, ја користам многу.
Серијата „Нечиста крв" не ми е ништо толку впечатливо, монументално, невидено, нечуено, вредно за внимание. Пет изгледани епизоди на GLEY, како тргнало нема да ја догледам до крај. Книгата е можеби подобар избор.
Мокасинките не делуваат тренди и не знам зошто фешн блогери упорно ги форсираат, изгледаат како некоја груба папуча за по дома. Погрди чевли нема од тие.
Да се надоврзам скапата козметика не да е лага, тие популарните брендови во неколку наврати ми го уништија лицето, алергија, црвенило, акни, демек скапо е па си мислиме квалитетно, а кузнај колку агресивна хемија има особено ако имаш осетлива кожа како мене