Веројатноста да најдете подобар совет во коментари на youtube е поголема отколку да добиете од тие околу вас.
Taboo е бољe песна од Danza Kuduro, и она требаше да биде хит од филмот. Едит: да, знам дека е sample од Lambada.
Епа ти се исполни желбата, модата се врати, ој купи си сеа. Моеш и ѕвонарки. Кој може нека носи, свака чаСт.
- Не вреди во Македонија да имаш диплома зошто сите си заминуваат и лесно е да најдеш и добро платена работа ако планираш да останеш. - Треба да има кривичен закон за постирање на сосптвено дете голо на социјалните мрежи и да се смета за детска порнографија!
Архитекти што дизајнираат вакви скали треба диплома да си искинат и гз да избришат со неа. Џабе е нешто фенси и со модерен изглед ако е непрактично и небезбедно. Истово го мислам и за други модернизации.
Не ми е ни убаво, ни фенси, ни модерно. Сакаат да прават нешто модерно демек а воопшто не е практично. Јака ѝ душа на таа жена што ќе го чисти ова, па и бели скали плус стакло, hell no
Ова е некст левел Stairway to heaven у буквална смисла Иначе општо не сакам непрактични работи во животот. Или кога ќе видам некои фенси лустери аха супер убави модерни. Е ама прегори ли, викаш некој си мајстор таму што ни он не знае како се поправа, па те чини поправката повеќе од лустерот. Болје обичен лустер со фасонка и обична сијалица.
Ај, првиве би биле ок некое време. Ама, вториве баш се за натаму. Особено ако пијан човек проба да се качи.
Каверите на Некстајм се ужасни. Дац и Александар станаа популарни откако Бојко Борисов ги пушти во кола, како дуо се кринџ. Ламбе нема хитови, ептен е бејзик и е тотално нехаризматичен.
Иако ми се допаѓаа, ама го делам мислењето... Истото важи за сите тренди патики кои се износеа. Сега на повидок се малце поразлични Њу Баланс, уште се лоу ки, ама иста судбина ќе ги дочека... https://www.instagram.com/reel/C5n--gzSc8i/?igsh=bGU3OHc4c3JuZDR5
Жените кои се пополнички, жените со облини се секси како и сите други. Проблемот на мажите е во општеството односно што ќе кажат другите ако девојка ми е дебелка, а ти се крева без проблем.
Електронската музика, поточно тие таканаречените тешки трансови опуштаат и релаксираат. И не е само за наркомани.