Непопуларно мислење како љубител на животни: Ако не знаеш да си го воспиташ кучето да не лае на твоја команда, особено во минус сто саатот ноќе, тогаш не си за чување на животно дома!
Немањето никаква контрола во исхраната и мајндсетот јадам што ми душа сака Е исто така нарушување во исхраната. Или барем треба да се смета.
- Секој ден да јадеш брза храна не е убаво. Одвратно е и здравјето си го рушиш уште од сега! - Мажи на 20 и нешто години што не одржуваат основна хигиена се гадни и одвратни, па уште се мислат зошто немаат женска. Оди измиј се па ќе видиш. - Нема ги сваќам Охриѓани и нивниот проблем со Скопјани. Кај промет ви праат од што сé е скапо, кај ги плукате.
Кога тие што немаат деца "попуваат" како треба да ги воспитуваме, а врска немаат што значи да имаш деца! Кога некој што не бил на било кое место а ми кажува колку е прекрасно или грдо (безразлика), попурализира а никад не бил таму! Пуши цигари 2 кутии и ми се жали како нема пари млеко да купи за детето! (нон сенсе).
Балансирана исхрана и физичка активност за здравје > Балансирана исхрана и физичка активност за фит изглед
Во светот на бајките беше хорор серија и ако тогаш имаше ознаки, требаше да ѝ стават 12+. Лагано си седевме пред телевизор на 6-7 години и си гледавме како жена, жива ја заѕидаа во темелите на мостот поради тоа што навечер доаѓаа самовили, танцуваа и рушеа дел од него. Една од жените на работниците мораше да биде жртва за да ја растури црната магија. Ова мене ми беше трауматично. Имав фобија од самовили доста долго време. Исто и ужасните народни приказни. Помнам имаше една со свекрва и снаа. Снаата ја малтретираше свекрвата и ја заклучи во подрумот, па плачки, па ѓаволи, па триста чуда. Чудете се денес зошто темите за магии, бајачи, врачари и за свекрви vs снаи се најактивни. Преценети серии.
Можеби е непопуларно мислење ама не ви треба 10 steps рутина за лице за да имате здрава и чиста кожа. Најпрво треба да бидете сигурни дека хормоните се во баланс, стресот е на минимално и да посветите внимание на вашиот gut health. Џабе 10 серуми и креми ако секојдневно јадете нездрава и мрсна храна, немате доволно сон и немате визичка активност. Акните се секогаш производ на нешто што се случува во оргранизмот, па пред да ги третирате надворешно со 4 типа киселини, пробајте да го најдете изворот на исите. И за рутина ви се потребни само неколку но квалитетни производи кои се погодени за вашата кожа и проблем доколку го имате.
Нема толку психолози и психијатри доволни за сите пациенти и дијагнози, дијагнозирани и поготово не, што корачаат по планетава. Стварта е одамна излезена од контрола. Не слушнавте од мене.
За се, не само за деца. Тоа што ова е (станато) непопуларно мислење е тажно. Можда требаше и во СдК да цитирам.
Швалерај на работно место како начин за успех е ствар во минатото, во 90тите. Бумерите го создадоа. Денес - не постои. Не сум сретнала, не сум чула, не сум видела никогаш никаде. Обично такви муабети може да извадат исфрустрирани луѓе кои завидуваат на други.
Тартуфите имаат шмек на ждриг на стар дедо кој се прејал вргањ со лук. У село кај дедо ми ги имало во изобилство и ги јаделе само кога не можеле да најдат други печурки... Преценета работа.
Сега пребарував строго за тротинети. Жими мене, лично ќе го лежам некој од овие на тротинетиве. Оти се неспособни кога возат. Едит, да не сум офф-топик. Неискажаното мислење не значи и дека немаш што да кажеш.
За сите што велат дека нема веќе добри луѓе на светот освен нив, што велат дека даваат се на другите, а не добиваат ништо за возрврат итд.
Како и да е, да, светот станува понарцисоиден, и токсичен. Нека го овде ваљда. Со се лажната позитивност како би-производ која одбива да го согледа ова, и е дел од истиот(нарцисизам, површност, и токсичност) и (би да) остава на други да се бават и го решат (и ГО решаваат, секојдневно). Како и да е, да, добри луѓе, сеуште постојат. Нека го и ова овде.
Лето, плажа, сонце, сончање и све друго поврзано со ова се иритантни ствари а не совршени како што сите ги претставуваат.
Лето е најгрдо годишно време. Нема лепота во тоа да си запотен 24/7, да не можеш да спиеш, да не можеш да излезеш до 8 саат навечер, да ти се слошува секогаш кога на сред ден ќе треба да завршиш обврски. Единствено нешто што е океј од Јуни до Септември се тие 10 дена што ќе ги искористиш да отидеш некаде на плажа. Другото е како да живееш во шупакот на Сатаната кој се прејал боранија и сега прди на секои 15 минути.