Ќерка ко беше бебе и маж ми збори на телефон и вика "еве, цицаат". Викам коИ цицаат бе? Едно бебе имаме
Цел живот слушам - и ден денес - дека себичноста е причина некој да нема деца. Јас мислам сосема обратно. Сите имаат деца од себични причини. САКААТ да имаат деца, сопствена желба исполнуваат. Немањето на деца (моментално или никогаш) значи дека свесно знаеш дека не си во состојба (психичка, финансиска итн.) да донесеш на светов нов човечки живот и да му пружиш добар живот. Мене ми викале дека сум премногу себична и затоа не сакам да родам, а јас искрено мислам сосема поинаку. Мислам дека баш затоа што не сум себична и свесно сум знаела дека не сум во состојба да пружам оптимален живот на ново суштество, не сум се ни нафаќала на таа улога. Не е раѓањето на дете неопходно за да преживееме, ги раѓаме затоа што сакаме да бидеме во таа улога. Оттаму, не прифаќам дека родителот е „жртва“ за децата. Раѓањето е свесна одлука, како и нераѓањето, сами одлучуваме што САКАМЕ да правиме со својот живот и за што сме или не сме способни. Детето не барало да се роди, не дошло само дома, така што, не, не е „жртва“. Секоја наша желба оди под рака со одговорности и откажувања на кои мораме да бидеме спремни. Ако родиш се лишуваш можеби од разно-разни слободи, ако не родиш се лишуваш од веројатно едно од најубавите емотивни човечки искуства. Двете се „жртва“, само и двете се „жртва“ за сами себе, а не кон оние кои сме ги донеле или не сме ги донеле на светов.
Милка е извикана чоколада лол, со 50 денари за 90 грама, не е ни блиску до извикана, рецимо извикана е Годива пошто не знам више колку пари е, а чоколадото е просечно, или оние тужните “артизанал“ шо ги има у веро и никој не ги купува пошо жими к “артизанал“ кога се машински произведени, а па цената 400 денари за 100 грама...
Секој си има свое мислење мене ако ме прашаш fin carre ми се 100000 пати поубај од милка тоа е вкус и не ни е на сите ист
Кај живееш? Зимам и носам. Омилени ми се Непопуларно - чоколадите со ориз ми се многу грди. А околу мене луѓето баш ги сакаат
Јас па овие ич не ги можам, а глеам во поретките сум. Не знам зашо вкусот ми е иритантен. Имаат некоја состојка препознатлива за тие чоколади, се издвојува од другите и баш тоа е тоа што ми смета. А ми се чудат како може да не ми се допаѓаат. НЕ! НИКАКО Кај има бољи од Линдт? Што се оган и пламен, иначе секој ден би ги јадела топчињата.
И јас сум слушнала од други луѓе, дека е себично да немаш деца. Мене ми е смешна таа констатација, што е себично во одлуката за немање дете. Према кого, према сперматозоидот и јајце клетката. Или па не им е јасно, како тоа животот им изгледа на луѓе без деца, како немале за што да живеат. Велам, секој нешто го исполнува, тебе твоето дете, друг нешто друго, што не е јасно. Како да должиш на светот да мораш да родиш.
https://www.caffarel.com/en/gianduiotto Е ова е подобро од линдт, ама као сериозно, прв пат кога ми донесе татко ми (ме знае дека сум по благото) ми донесе некои 600 грама? 400 отидоа првиот, 200 вториот ден...0-0