Атлантис, ама белите... Од останато: - Нутела е пререкламирана, не е толку добра. - Природната козметика/останато "органско, природно" не значи дека е подобро од тоа што не е природно/органско - Скапо не значи квалитетно - На животните не им е гајле дали "ќе се остварат како родители" и не се "греота" ако немаат потомство - Летото е ужасно и не е ништо убаво, освен 10 дена на море - На море не е фората да се испечеме ко на ражен - Нема никаква логика купувањето физички книги (под услов да се читаат) и собирањето во пакети и пакети дома (не е еколошки, книгата ја читаш еднаш и тоа е тоа) - подобро е изнајмување од библиотека или уште подобро Киндл и слични - печатени книги вреди да се имаат одредени само.
Не е себично, себично е да не мислиш на старост и да очекуваш едното, двете или петте деца да му ја мислат што со тебе. Карпош маќе, чекам
Ова не е мое мислење туку е факт ама ќе го пишам затоа што уште има многу луѓе веруваат во вакви работи. Видливи стомачни не се еквивалент на тоа да си фит, исто ко што малку вишок сало на било кој дел од телото не значи не-фит бидејќи некој може да тренира и за Олимпијада, па пак да нема ригорозни рестрикции во јадење. Тоа се вика нормално тело. Исто така инфлуенсерки со ббл не се атлети туку обични модели.
Скроз непопуларно мислење ама највкусната чоколада што сум ја пробала во животот е : Spoiler Во Македонија секако нема, а евтини се, ми се враќа во мадр Раша само за да изнакупам пак оти на претходните ќе им истечеше рокот па морав да ги изедам.
Газирани пијалоци - особено светата кока кола и кисела вода се одвратни. Не можам да разберам како луѓето уживаат во вкусот на газирано.
Секој испроцесиран шеќер е чоколадо или некакво слатко, туку ај, вие сте нашле па сте зашле! Еретицииииии! Уаааааааааааааа!
Ама пробај ја класиката, со меурчиња, шо постои уште пред шитот на Милка со меурчиња. За неа имам јадено булинг у школо кога им раскажував за чоколатцето и после искочи Милка со меурчиња... ама мене булингот изеден, ај да не пцујам сеа.
Не знам дали е популарно или непопуларно ама на темава, најгадното благо ЕВР направено е After Eight чоколадите. И секое чоколадо со ментол. Кој нормален рекол убаво е чоколадо со вкус на паста за заби?
Мирисот на пржено јадење е одвратен. Колку и е да е после вкусно, дур се пржи ми е бљак. Коа ќе замириса цела просторија и све околу Хот дог е одвратна храна. Никад не сум сакала.