Непопуларно мислење, не постојат непопуларни мислења. Освен за некои скроз морбидни и ненормални работи, оф корс.
Па ќе биди како некни СДК за читањето книги како последно актуелно шо читав. 2847738181 страни оти некој изрази "unpopular opinion" и уз та дискусија ако некој кажи друго мислење е неофицијално офтопик. И ќе се изгуби на прегледност. Ама би била уба тема за ловење "нови" теми за муабет. But that's just me. Не би реагирала на ништо шо ме цитират, ни пак ќе цитирам оти нема смисла.
Човек може да биде исполнет и без деца Не значи ако си нашол работа/партнер пред 25г дека си го "средил животот"
Халелујаааааа... Неп.мис: ако е единец детето не е автоматски несреќно и осамено заради тоа... Мувата на капа ова, ама...give me a break
Јас имам едно што ми е страв да го кажам. Многу поубаво би било ако не постоеше култура на частење. Не сакам никој да ме части ниту јас да частам. Не гледам ни мерак ни ништо во ова. Само anxiety ми ствара да не знам дали да си порачам од пиле млеко зашто на другиот му текнало рандом да части. Ако има повод океј е ај гес. Воедно не мислам дека е чудно плаќање точно до денар наместо заокружување на повисока сума. Пример треба некој да ми плати преку нлб апликација и ако треба да прати 813 не знам зошто праќаат 820 или недајбоже 850. Ко што е идејата? Секако и јас го следам ова непишано правило и не дека ми е криво за 7-8 денари, ама зошто па да не е точно. Некој би кажал дека сум weird со пари поради ова, ама јас мислам дека другите се, зашто која е причината да се бориш против мене за мастики што сум побарала да ми ги купиш на минување и не прифаќаш пари за нив. Weird.
Да! И лето е overrated. Кружеше низ нет еден извадок од сцена од анимирана серија што е скроз на место според мене. Summer is awful, there's too much pressure to enjoy yourself.
Доста лајкови ко за непопуларно мислење Авторот на темата да допрецизира , што е меинстрим мислење за да знаеме што е непопуларно. Денес светов е толку на пола поделен што пола стално ќе бидат за, другите пола против. Комплицирана тема
1. Не мора невеста да оди на професионална шминка, само за тоа што е невеста и да мора да остави еден тон пари на друг, иако знае да се шминка перфектно сама и вложува цело време во квалитетни шминки 2. Луѓето што имаат завршено факултет не се попаметни од оние што не упишале воопшто 3. Не мораш да се поздравуваш со луѓе што свесно ти наштетиле, само затоа што си културен
Одлично надополнување Поголеми еретици од институционализирана религија нема. Ние за нив сме месија. Ама ова веќе спаѓа во популарни мислења, автоматски офтопик
Јас не сум најконцизна, а еве гугл што вели, ако е во ред може да се водиме според тоа. Убедувања, верувања, мисли и избори прифатени од пошироката група луѓе. Пример, можеби соодветен, можеби не: Не ми е смешна Преспав. Барем во мојата околина ова е unpopular. Сум се наоѓала во ситуација да ме гледаат чудно во стилот тебе не ти се погодува и да ми велат врска немаш, тебе па шо ти се свиѓа, како може да не ти е смешно ова од што некогаш сум го изнела мислењето. За што не е мејнстрим размислување вели, сѐ што е абнормално (шо во мојов случај е нормално само ако ти е смешна Преспав), сѐ што е екстра ординари, а ординари е истото од погоре, или сѐ што е ексцентрично, поретко, несекојдневно. За ова ексцентрично не би се сложила баш ама океј нека стои. Да, комплексна тема е, врти накај филозофска , можеби одам и во скроз обратна насока. Крај краева индивуално е, секој тргнува од себе. Само мое мислење е ова, можеби сум ептен грешка со ставовите, затоа коригирајте слободно ако може некако да ја избрусиме темата, да биде појасно што сака да каже авторот. Може ќе ја биди, може не. или е популарно или сме многу фрустрирани.
Еве и јас ќе дадам пример што мислам е уште подобар: долги нокти не се привлечни. Баш повеќето се со став дека тоа е женствено, убав маникир на долги нокти. Мене не ми е убаво тоа. Зависи колку се долги. Затоа моево мислење е непопуларно, се коси со она што грото го мисли.