Па ако купуете од оние медови од маркет, одвратни ќе се На темава, преотворени фустани се прегрди, воопшто не се секси и убави. Не зашто се вулгарни туку зашто немаат никаква елеганција и лепота, ко завесата од дома да ја имаш наметнато набрзина изгледаат
Тие влечките со пуфки/крзна личат на влечки за дома, а не за надвор. Плус се премногу крзнени како за лето, а ни за зима не се пошо ги носиш бос, не ми оди никако.
Не си видела сите инфлуенсерки сликани со вакви на плажа? Сега пред некој саат кога го шетав кучето две девојчиња си ги местеа ваквите шноли пред влез. Најјака шема се летово. Мене ми се мех.
Мене ми личат на кинезарија што шлапавме по коса кога Росалинда беше у тренд. Ама стара сум јас, не се разбирам.
И вештачките заби. Не знам зошто толку се возбудува народот на нереално бели заби. Секогаш кога ќе видам некој/а со такви, прво сценава од Dennis the Menace ми доаѓа на ум. Spoiler Како мали Орбит мастики да имаат наредено во уста. И тој што треба и тој што не треба ставил. Нека мине модава ајде.
Порано вештачки заби ставале постари што веќе нивните почнале да им паѓаат, сега ова младиве поради естетика и се познаваат дека се вештачки. И мене не ми изгледа убаво толку вештачко.
Исто. Ептен станаа вирални летово, сите ги купуваат. Мене не ми се допаѓаат, можеби затоа шо не носам шноли.
И мене не ми се допаѓа трендот на нереално белите заби. Ко дополнување, моето па непопуларно мислење е тоа дека луѓе што изгледаат совршено во секој миг не се најубави луѓе. Clean girl aesthetic, ламинати, перфектна фризура, перфектна облека, перфектно исполирано лице од ботокс и филери, перфектна брада ми даваат многу нечовечки вајб. Секогаш естетски повеќе ми се допаѓаат луѓе што изгледаат малку "несредено"(не во смисла небањати, туку со нормални несовршености) со доза хаотичност и креативност, отколку некои што ги исполнуваат сите точки на листата на модерни стандарди за убавина.
Овие ми се бледа копија на Тони и Коцев, додека овие двата се одлични во тоа што го работат (освен вмешаноста во политиката на Тони), Тино и Атанас ми се едно големо ништо, ниту смешни, ниту занимливи.