Да се флиш дека вежбаш ми е како да се фалиш дека си се истуширал или си јадел нешто здраво. Глупаво е и срамота.Ако е добро,ќе забележат и другите. А и не мора никој да забележи,нели за себе го правиш?
Чоколадите на Линд се многу убави кремасти Старомодна љубовна врска/брачна заедница со взаемна почит и разбирање Комплети со кошули и панталони oversized во нежни летни бои Тротинетиве се опасни по улициве како летат без контрола Чистењето на домот е пола здравје Ти си она што јадеш Летно време не треба да се работи по овие жештини не се функционира Купуваме многу работи, а реално сме во пет шест парталчиња
Патувањата станаа тренд, и многу луѓе посетуваат места колку само да се сликаат и да кажат дека биле таму, одколку што стварно сакаат да го посетат тоа место
Чоколадниот дел од чоко-бисквтот на Свислион е повкусен од 90% од чоколадите што се продаваат кај нас.
Смарт часовниците и алките можеби се фенси и практични но мене ми се премногу meh и некако непотребни. А тоа дека заменувале телефон, нема шанси.
Дебар Маало е меѓу најлошите населби за живот во Скопје. Улиците се претесни, голем дел еднонасочи и комплицирани за возење, зградите и куќите се ко дете лего коцки да редело, да не зборам за бучавата од локалите. Не знам кој будала ја рачуна за елитна па купуваат станови по 2000е+ квадрат
Ако јадеш секој ден исто, на грамови, и не тураш зачин у јадењето само за да си билдаш, и тоа е нарушуење у исхраната.
Тие машините у теретана за дигање тегови не се за џабе измислени, него ли за да не си ја сјебете кичмата. А сите тие кревања претешки тегови 200, 300 кила шо ти ја знам, се само его буст и нема ама баш никава полза од нив. Па дури и вежби со тегови каде има машина за тоа, исто. Али ќе ве видам за 10,20 години, зглобовите и кичмата шо ќе ви кажат.
Не сум многу по благото, ама ете некогаш знам да земам крем банана ресана, палачинка, ама благо како милиброд, козињак и не знам ти што таму не можам, тоа е како благ леб да јадам. Или раванија, како попарен леб , ќе се онесвестам од толку благо.
И на форумов кенкаат, ај со право, не дека не треба да се воведе како опција, ама dark mode шо е толку баран и популарен? Слободно можам без него, ич не ми треба, светлината не ми смета. Напротив, во дарк ми смета поише.
Па кога ќе земаат да одбираат тоа лубениците една, друга, трета... па процедура како да ги одбираат абее да ти пукни душата од нерви
Кој изневерил еднаш, не значи дека ќе изневери повторно. Многу зависи од самиот човек, тој што е свесен дека било погрешно може да не ја направи пак таа грешка. Не викам тука за простување и доверба потоа, врската секако е завршена после таков чин. Ретко некој има што преминува преку тоа. Но, дека другпат, во друга прилика ќе направи исто, не значи, не е правило.
Минималистички стил што го форсираат инфлуенсерки во денешно време е ужасно здодевен и ладен. Сакам боја, шаренило, топлина.. максимализам само не пренатрупано. Spoiler
Одредени табу теми како секс треба да останат табу теми зашто инаку секој ќе си дава право да прашува све што не треба. И други што се интима и приватност.