Шопинг по продавници, бирање и пробување алишта е поинтересно од порачување и купување облека онлајн.
На некои депресијата им е навика, а на некои карактер. Кажав шо кажав и ќе умрам на ридот. Секако, останатите некои (мнозинството) се болни.
Што се толку популарни адвентските календари? Можеби се интересни, но од кај знаеш што има внатре, и дали воопшто ќе го сакаш и ќе ти користи, не е само да се има. А и да знаеш, поарно е по твој избор да си земеш тоа што сакаш. Малку бесмислени ми се.
Може да се провери што има внатре. Затоа и обично се нудат повеќе различни пакети од истиот бренд за да си избереш кој ти одговара. А има и разни видови на кутивки и кесички сама да си составиш подарочиња, ја такви правам за децава.
Се' уште има што веруваат дека можат да ослабнат со чај за слабеење, а да јадат колку сакаат. Се' е до метаболизмот. Некои јадат повеќе и не се поправаат, некои и од вода што се вели се поправаат. Ама од чај да се ослабне толку многу за краток период малку потешко.
Молив за усни изгледа ко да си јадела нешто и ти останало на устата. Воопшто не ги прави убави усните.
Конзумеризмот е опасна работа. Мерак и задоволство вистинско не ти причинува, само моментално. Загушливо е чувството дека сѐ нешто ти треба, ти е потребно, а уствари воопшто не ти треба, особено ако поседуваш доста слични работи. Не знаете да се задоволите со малку, не знаете да уживате во малите нешта. Штета.
Радозналоста е знак за простачко воспитување, а не покажување грижа. Тротинет возат само тие што ко мали немале ролери.
Кога ќе им кажеш у фаца дека премногу злобно оговараат па ќе ти се налутат... Ама јако е многу практично! Па тие и се наменети за по дома и чизмите исто, тоа што ги носат како чизми за шетање е од незнаење.
Пишувам домашна работа за понеделник во училиште,а мајка ми пегла куп алишта.Траума од детство што не бледее.