Како личност што до сега има користено скоро секаков телефон освен iphone ама бев принудена да сменам ради работа, имам да кажам дека корисниците на истиот не се ни свесни колку само е покомплициран за многу работи и колку се полесни за хендлање другите телефони. Ама пуста мода
Покрај алкохолот, и кафето мислам дека е премногу преценето. Денот може да започне и без него, туку ненормално зависни сте станале. Не расонува, ни дава енергија, не прави ништо. А турското посебно е гадно. Пробав една голтка после 100 години, и се чудам како го пиете. Фуј.
Не можете да критикувате естетски зафати и да се смеете на жени кои имаат направено многу корекции ако сте први да посочите туѓи недостатоци или да барате игла во сено кога се работи за туѓ изглед. You're the problem.
Ставање иста песна на 5 сториња со истите 15 секунди е замарање за ушите и не е звучи добро. Don't do it.
Смутињата се тапа. Освен ако мораш повеќе протеин во денот да внесеш, не гледам поента у смутињата. Боље е да ги изедеш состојките, подолго време ќе бидеш сит. Башка ќе заштедиш и енергија и време на миење блендер.
Боречки вештини во кои противниците се претепуваат се чист дебилизам. Не зборувам за класа боречки вештини како карате, нинџуцу и сл. туку мма сра*ата во кои нема правила.
Датумот за Католичкиот Бадник и Божиќ (утре и другиден) е по исправен од нашиот православен и не(мора да) е толку длабока дискусија колку што се прави. Ама тоа е тек друга дискусија, за која што бар ја лично, со стањето ко шо е у светот моментално, не планирам да ја водам.