Постојано менување сексуални партнери е самодеструктивно однесување, не е нормално и голем број од тие луѓе имаат психички проблем.
Луѓе кои земаат дрога заслужуваат емпатија тогаш кога ќе побараат помош. Дотогаш се опасност за другите луѓе и апсолутно никој не треба да осеќа вина ако се дистанцира за своја безбедност
Кафе со премногу млеко не е кафе. Кога ќе видам чаша каде преовладува млекото и има многу млечна пена ми е фуј.
Касно капирам (не користам ТикТок, можеби затоа) ама Дубаи чоколадово (т.е. копии) уште само во фрижидер да ми се донесе Не, немам пробано, ниту имам намера, посебно не фејк варијанти, ама битно да се биде во тренд. Следење мода и секоја сезона менување на гардеробер е исклучително беспотребна навика, плус брзата мода е огромен проблем за екологијата. Има облека што е секогаш во мода, ама мене ми е ултра смешно кога ќе видам секоја втора со истиот стил/додаток, прво е пренеоргинално, второ догодина нема да го носи оти ќе му помине "модата". Да не зборам колку е очајно носење фејк "бренд", не можам значи, зоЖто? Постоеше време кога сакав филер на уста да ставам, сега не сакам, затоа што (за моја среќа) не постои природен изглед со филер и најмалку кога е ставен, се познава, посебно од профил. И не ми се допаѓа, никако освен од напред кога гледаш. Ќе си ја носам устава каква што ми е Модава со руменило ме потсеќа на рани 90ти со "селското руменило" и Хајди Не ми се допаѓа, еднакво како што не ми се допаѓаше ни ПРЕнагласеното контурирање, како кал на фаца да има. Не разбирам невработени возрасни луѓе, во мојот случај мажи, кои "сакаат семејство". Седи раат, не ти треба таква заебанција. Прво работа. Светов моментално е апсолутно лошо место за нас во центарот. Колку што ми се напорни крајните десничари, не помалку ми се напорни и крајните левичари. Едниве делуваат неписмено, другиве во вечна потрага по идентитет. А живееме во период кога од свет наклонет на левичари, полека шифтнавме кон десничари. Што ич не чини. *Во Македонија ниту ВМРО се конзервативни (на пример, повеќе се лгбт-расположени за прифаќање него другиве), ни СДС се прогресивни, а Левица не знам по кој основ е "левичарска партија" кога пуца национализам.
Кога се купува подарок ако не ја знаеш добро личноста земи нешто универзално. Немој да земаш црвен кармин(како мене што ми зедоа) оти си мислел дека добро му стои на некој! Треба да одговара на тен, на карактер тоа што го носиш. И така си стои карминот од 40 долари во фиока. Подобро ќе беше некоја nude нијанса. Ама тоа е не можеме да си ги бираме подароците, онака кажав.
treba da prekineme da obvinuvame toksichni osobi za nashite nesoodvetni ponashanja, u kontekst na glumenje zhrtva, podednakvo si toksichen
Општата и јавна безбедност треба да е приоритет над сечие ментално здравје. Апсолутно е недозволиво психички болни луѓе кои се опасност за другите да шетаат слободно и законот да ги штити.
Тогаш тоа што само вака седам по дома ќе се смета во популарно мислење? Инаку да, за по надвор Не ми се свиѓаат. Ко недооблечени ги гледам Си мислам дека сакале да облечат хеланки па фармерки, па затоа се чорапите ставени врз хеланки
Секое лошо е за некое добро. Сега не сфаќаме ама за некое време ќе ни стане јасно зошто било подобро така. Луѓето кои озборуваат и водат туѓи бриги и животи, не за џабе се наречени ситни души, неинтелегентни се, маѓепсани во кругот на опсервирање на секого околу себе со секоја негова постапка, муабет, скандал до тој степен што забораваат на самите себе дека имаат вештини и квалитети за острење, надоградување и најважно поставување реална слика за себе и својот карактер. Истите гледајќи ги им посакувам само да се пронајдат самите себе и да престанат да бегаат од реалноста. Кога некој ви се сити на проблемите ваши, луѓе мои, ќе почувствувате. Заприметете само многу многу многу благо поднасмевнување на секој ваш мал проблем, тек па голем
Мизерни ни се луѓето, ко ќе ми речат : Искрено, те жалам. Наместо да ти речи убав збор, пример, ќе помине, ќе биде се Јас ако ми речам некому, искрено те жалам, тоа ми иде као да си пунам его, и као да се ставам над него, и му се потсмевам.
Само некој што е стварно од село ќе те праша: ,,а ти од градот ли си?" Ќе ме сфатат само тие што се исклучиво од строг центар, а никогаш не се фалеле со тоа.