Штедење за за пензионари над 75 години. До 30 години треба крипто и стар ап, 30-40 мали компании од 40-50 големи акции од 50-60 недвижности и обрврзици од 60-70 странски валути над 70 само депозити. Да земе дете штедна книшка е најголема глупост. Не се штеди ако си под 70 години во депозит. Инаку кредити до 40 години треба да ја имаш максимална сума од 25000 долг од 40-50 години 20000 50-60 10000 60 65 5000 65+ 0 евра. Ако имаш 30 години и купиш стан и имаш штеден влог си многу глупав. Тоа јас го заклучив од 15 години истражувања на оваа тема.
Имам многу... Господ не постои, Исус бил човек. Буда е во право за животот. Патувања се залудно трошење пари и време. Се е во ред во Македонија и не треба да се жалиме. Животот е лесен ако знаеш што правиш. Родителите најчесто не се во право. Високото образовени е губење време и пари. Хартиени книги се застарени.
Мое непопуларно мислење е дека многу е преценето седењето на клупа и слушањето лекции, без разлика дали основно, средно или факултет. Голем дел од учениците и студентите научуваат малку или скоро ич додека треба да слушаат некои наставници како зборуваат со саати и затоа часовите се многу повеќе за друштвото отколку за учење. Бидејќи сум поминала низ овој процес и уште поминувам, навистина не сум сретнала некој што 6-7 саати има толку концентрација за активно слушање и едвај чека следниот ден да се повтори истото. Затоа мислам дека образовниот модел е застарен и му требаат реформи. Како дополнение на ова, исто непопуларно мислење ми е дека часовите во основно и средно, што почнуваат во 7:30-8 се премногу рано. Скоро сите тинејџери и адолесценти легнуваат касно а имаат зголемена потреба за сон и во тек на школувањето на сите им се скратува тоа право, што директно им влијае на здравјето, продуктивноста и перформансот. Навистина не гледам причина зошто да не се почнува со школо во еве да речеме 10 часот, освен заради следење непотребна традиција.
Конечно се сетив на непопуларно мислење. Енергетски пијалоци се понездрави од други работи кои се повеќе осудуваат пример цигари и трава и треба да бидат банирани.
А што е мислење уствари? Можеме ли да имаме мислење, за ствар за која некој наводно направил студии, ама едните студии викаат вака другите обратно? Инаку се согласувам со твоето непопуларно мислење. Исто така и уште едно-хартиените цефки се исто или толку штетни како пластичните, ако не и повеќе. Фрустрацијата што иде со нивната неупотребливост е бонус
1. Треба да се врати законот за забрана на пушење во затворен простор. 2. Не треба да постои фиксно работно време(8-16). Не сме сите morning people. 3.Trump е најдобриот претседател што Америка го имала.
Апсолутно. Непопуларно мислење: не верувам во студии. Односно ги земам секогаш со резерва. Ако соодветно ја дизајнираш и корегираш неколку резултати можеш да „докажеш“ што сакаш.
Непопуларно или популарно мислење, јас мислам дека си тип на човек што кичмата му е свиткана што дури може стапалата да си ги касне за доручек, а за ручек да претрпи одредена неправда и се уште да си бидеш со стапалата во уста, бидејќи ќутиш. Не си дошол во ситуација да претрпиш неправда, да те прават будала, да немаш денар на крај на месец, да немаш соодветно образование пошто партиските ботови земале диплома без истото, ти го земале работното место, ама тоа не е битно, битно да си ќутиш и трпиш, нема везе што банана државата ни се распаѓа. Ма слободно не се жали, има кој тебе да те жали.... И за крај: Unpopular opinion: сè што сервира мејнстрим медиумот на овие простори е лага, квази вестите што ги прикажуваат на тв се сапуници, додека фактичките состојби позади тие вести се сосема други. Затоа и народот не ги знае целосно приказните и вистините за случувањата. Си се изнакажав, ама ми тежеше у груди.
Немој ти се молам... Членот е ...просто... Ниче, Заратустра , Џордан Питерсон, Ден Билзериан, д'Џус, д'Далтонс , зет му на Трамп за ќерка ( поголемата) не the other one; Ендрју Тејт, Сенека, и едноставно благородник, алфа мажјак и се' најдобро , во едно... Какво психолошко советување, побогу..оди полиј се со вода од исплакнати биткоини, и земи учи нешто, не туку кукај..ништо не и фали на мајка татковина... Купи некоја акција, и не мрсомуди ..на старт ап..ако дојдат до IPO , ако не, покриј се ушима и шути.. Јас сум благодарна и просФетлена,и фала и на Фемина.. Сакам уште да читам! Он топик: една популарна инфлуенсерка е пред се последните букви, и нејзе и треба психолошко советување. А не на членов тука...
Помислив на Елон, ама повеќе комбо снова на Jack Ma, Камчев и Бетмен ( не оној фејкот велиТ туку ориџинале), некако по типски е...ииииии консиљерето на Трамп шо го откачи, пЉус Кање без биполарна, и Џемс Бонд сосе соларна.. Pure poetry that is.. Знам дека и ти си возбудена, во ред е, нормално е, популарно е ..
Кога ги спомнавте веќе. Јас сум за една светска влада без држави на чело со капиталистите. И бонус не се сметам за Македонец се имам откажано од националност и религија. Се сметам за анационален атеист. Инаку омилен ми е Бил Гејтс тој ми е херој. Исто го сакам и Џорџ Сорос и Ворен Бафет.