Ма ајде ви се молам, како не постои. Па во Македонија сите се разболуваат од ладново и ветеров. И секој има алергија нели кога ќе потече нос. Небитно што се мртви болни, со партал грла и кашлаат. Алергија е. Оди пробај докажи се. А не дај боже ако седнале на бетон на промаја. Готово, ќе ги закопуваме
Надвор од монотонија - Потрошен талент е најдобра психолошка/саркастична трака од стр2 албумот - Не заборавај. тие што знаат знаат
Нутела не му е ни до колена на нашиот еурокрем. Еурокрем > сите останати кремови Посебно она белото со лешник. Ауф. Фантазија. посебно ко ќе ги праиш палачинки, па уште и банана... Се прашувам дали некаде има да се купи само со лешник, ама иста фирма, вкусот да е тој?
Мислам дека таков крем нема во Мк. За мене најдобар крем е Нуткао. А Нутела не ми се допаѓа. Еднаш пробав и толку. И дома моите не ја сакаат. Јас ретко јадам крем.
Долга коса не зрачи сексипилност. Долги шпиц нокти се кринџ. Голема уста не изгледа секси. Наспроти полна. Полна да, ама голема пола фаца уста големо но но.
Не постои безбедна доза т.е време во денот за screen time. Од YouTube децата немаат ама баш никаква корист. Во самата природа му е на детето цел ден да биде во движење и на тој начин да расте и да се развива. Гордоста со тоа "моето дете научи англиски пред македонски" ви доаѓа по скапо платена цена со менталното здравје и когнитивен развој на децата. Ама сепак вие си знаете.
Луѓе што никогаш не добиле формално медицинско образование или па пропаднати научници и фејк лекари кои никогаш не ни дошле во допир со пациент не треба да отвараат подкасти каде што зборуваат за здравје и се претставуваат како академци зашто цитираат рандом студии од интернет и знаат да едитираат видео да звучи уверливо. Мислам дека секое второ видео онлајн е или gym bro кој си ја преценува интелигенцијата или инфлуенсерка која користи фенси зборови како хормони и женско здравје за да продава продукти. Има еден преголем наплив на дезинформации поради тоа што погрешни луѓе имаат платформа каде што се слушани.
Еден нереален стандард за убавина за кој не се зборува доволно е потемнета кожа кај луѓе кои се очигледно бели која или е прво горена под сонце или има 10 слоја крема за самопотемнување. И фала богу ќе имаш совршени нозе кога на потемнета кожа не се гледаат пори, капилари или насобран кератин.
Би ги додала и разни лајф коучинг кои се претставуваат како психолози, а се како тие што си ги спомнала..Има да упропастат некое ментално здравје.
Кроп топ џемпери,маици,ми е еквивалентно на панталони,фармерки со низок струк.Едвај чекам да мине оваа мода на неудобност,а и да имам поширок избор да купам блуза со нормална должина.