Мислам дека тоа е популарно А зашто некој би избрал повеќе време да изгуби на гугл? али добра констатација у секој случај.
Опсесијата за фејк тен треба да престане. Тие лосиони и креми за самопотемнување ми делуваат многу гнасно и нечисто.
Во наша контрола е колку ќе се заљубиме во некој. Можи да се има симпатии во одредена, здрава мера, но самите си дозволуваме да се затрескаме во некој до опсесија и да го направиме центар на универзумот. И најголемите љубови се преболуваат за неколку месеци. Не верувам на луѓе што после толку долго време викаат не можам да го/ја преболам. Не е прашање на неможење, туку несакање. Не сакаш да го/ја преболиш, не сакаш да си помогниш. Можеби имаш некоја лажна надеж, или се убедуваш дека нема да најдиш подобар/а, што е резултат на твои лични неразрешени issues. Но моментот кога навистина ќе сакаш да преболиш, се преболува и тоа како.
"Водам активен живот". Ако работата ти е седечка, одиш со превоз до работа, а еден саат во денот одвојуваш за теретана, и после пак дома во кревет, и не искористуваш слободно време за дополнителна активност, не водиш воопшто активен живот, жал ми е.
За да му работи мозокот,прелистуваш и бараш информации од различни извори,не само тоа што ке ти се понуди прво.Може и да се лажни информации на кои сакаат да те наведат,заглупат и да се понуди вистина ШТО НЕ Е ВИСТИНА.
Одењето по одмори е напорно/стресно. Почнувајќи од каде ќе се оди, потоа сместување, па превоз, места за шетање, јадење. За се треба да се мисли однапред, а за тоа стресирање добиваш една недела ,,одмор". Па таму додека си, во колку ќе се стане, како ќе се стигне до плажа, дали ќе има место на плажа, што ќе се јаде во текот на денот. Не знам да уживам во одморот. Тие 7дена повеќе би ги искористила дома. Има ли поубаво да одмориш, да си ги поминеш деновите во нешто што е познато. Мразам кога излегувам надвор од комфорт зона.
Имам ниско мислење за луѓе кои канат на свадба во последен момент само ради-реда (по дифолт откажала некоја друга), а оно ни видено ни чуено повеќе од пет години. Уште па и потенцирање дека станува збор за интимна свадба, со најблиските. Абе ќути, не се брукај и не ме кани.
AI не ни прај услуга когнитивно, башка шо е ужасно од еколошки аспект. Крадење слики од уметници е уште еден слој на грешно. И пак "фала" да му велите место на гугл да чукните за информацијата. Фактот дека и на обично гуглање генерира AI одговор е фрустрирачко.
Детските родендени се за децата, да се дружат, да си поиграат, да грицнат нешто и на крај да каснат торта. Не за возрасни да се налеваат со алхохол, придружено со скари и даски.
Никогаш не би купила облека од Тему, Шеин и слични на нив. Чиста пластика е се' и многу далеку се од реалноста со сјаните, дотерани слики. Доволно е само во reviews да се се види како навистина изгледаат.
Земав маица принтот зелепен ко тетоважине у чунга лунга што се паѓаа ене ја за чистење ја чувам. У ревјус 5 ѕвездички имаше Непопуларно (женско) мислење. Со машки поише ми иде муабетот. не сум пик ми.* Скроз утната е дефиницијава за пик ми, реално машки поише би избрале некоја за женски ствари што збори отколку машкоданка што збори за коли, спорт..
Не ми е јасно што толку се популарни сјаевите на rhode, обичен сјај што не дава ни некоја посебна боја. Кога ќе видам и маска за телефон со таков сјај, тотално глупост, никогаш не би купила тоа. Општо за некои брендови од шминки што се така само извикани и популарни по тоа кој им е сопственик не би дала пари никогаш, кога можам од дрогериски брендови како на пример Revolution, Maybelline, Loreal да си купам квалитетен, а поевтин производ.
Лето е најдосаден период од годината. Одиш на одмор 1-2 недели во тој период и само тоа ќе биде хајлајт. Многу се форсира забава и релаксација, ама не сите имаат пари да излегуваат секоја вечер или летување. Неможеш да имаш активности во текот на денот ради високите температури. Едноставно само досаден период е ако немаш пари или па слобода да тераш повеќе одмори.