Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    Ме поттикна членката погоре да го споделам и моето слично мислење:

    Летниот одмор е преценет и чисто помодарство.

    Обавезното пливање во море и тегнењето на плажа е престиж само за сиромашни нации, луѓето од богатите земји или одат по резорти да уживаат фул пансион или се шетаат по градови, планини, по монденски езера, по коктели, ручеци и вечери.

    99,9÷ од одењето на море кај нас се сведува на сликање, сториња, постирање на соц.мрежи и најбитно фалење во муабети со познаници "еј бев до Грчка". Како менуваат лик додека објаснуваат дека биле на одмор ќе пукнат само да се пофалат.

    Одмор на планина па и дома е 10 пати поголем одмор отколку одмор по македонски терк во најголем дел од случаевите: пакување багажник со јадење, смештај во мизерно студио кај јужниот сосед, Албанија било каде, купување по Лидл, секое сабајле пакување торби за на плажа и сендвичи, на пеколот на 50° седење на плажа цел ден да се искористело морето, враќање по зајдисонце.
     
    На GirlLove, truffles, Trexane и 8 други им се допаѓа ова.
  2. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Грција ми е ептен непривлечна држава за одмор. Не разбирам ни одење секој втор викенд во Солун и полни граници за Грција.
     
    На BlackNight, franca, sino.o.oka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sunsetbeach

    sunsetbeach Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Leto e overrated godisno vreme :D
     
    На zemzela91 и Iva:) им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.423
    Допаѓања:
    190.680
    Чисто помодарство што го измислија комунистите]:) :D
    Па и секој да имал годишен одмор, и тоа у лето богатИ. Свашта.

    Жалосно е што летниот одмор стана луксуз. Ама тоа не е непопуларно мислење. Или можда е, кој ќе го знае.
     
    На BlackNight, Konfetka, Трагедијаупмм и 8 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.834
    Допаѓања:
    275.001
    Макар разбирам што сакаш да кажеш, да можам ќе се преселам на море, 12 месеци покрај море ќе живеам.
    А ресорти не сакам, мали, автентични места ми греат душа :)

    Дома седење не ми е одмор - секој ден сум дома, и секој ден ги имам истите обврски кои не се менуваат ако сум на одмор (уствари повеќе ќе испрљам ако повеќе седам дома), планина ми е ок на ден-два...
     
    На Трагедијаупмм, NPN, Iva:) и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.121
    Допаѓања:
    17.516
    Пол:
    Машки
    Затоа ќе велиме дека е преценет и чисто помодарство :wasntme:
     
    На Трагедијаупмм, IwyMe и MeowMeow им се допаѓа ова.
  7. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ок се изразив т.е. дека летниот одмор е преценет, онаков како што го практикуваат Македонците дури и пошироко објаснив. Ако ти е целта да ја извртиш постот ок, сепак мислам дека бев доволно јасна. Еве ти пример на вистински одмор - одмор на Тирол или на италјанските Алпи кој воопшто не е ефтин ама е квалитетен, кој бил знае. Па и Турција ал инклузив во резорт исто а не да влечам торби, јадење, сендвичи по плажи и цел ден да се печам ко гуштер, влези излези од море, тоа е одмор за сиротиња.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    4.819
    Пол:
    Женски
    Конкретно за летниот одмор на Македонците, зошто да не одат бе и патлиџан туризам? Па ваљда заслужиле луѓето десет дена да одат и да прошетаат на море, деца да извадат од дома. Па на тој народ уште тоа да му се земе, нека работи само ако не. И да носат торби со јадење, апсолутно немам ништо против, нити пак сум загледала некој на плажа ако си носи од дома.
    Нека си се снаоѓаат луѓето како знаат, уште тоа гајле да им го береме.
     
    На Konfetka, Mazegin, Romina и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.423
    Допаѓања:
    190.680
    Ама прашање на преференци е. Мене да ме врзеш во Тирол ќе избегам, а и да ме врзеш на плажа од јутро до сутра ќе избегам. Влези излези од море ми е супер, ама да има природна сенка. Скандинавците сите имаат викендици на море, ама ладно им е морето, па затоа навалуваат во Шпанија по еден месец. Ол ин е измислено за сиромашни германски пензионери (карикирам) го праат за поефтино, не за ексклузива. А и тие со сендвичи на плажа не го прават тоа од помодарство. Сонце и море се незаменливи за здравје, кој нема море има планина, и едните и другите можат да бидат ексклузивни и помалку ексклузивни, ама факт е дека и едното и другото станува луксуз.
     
    На Konfetka, emiliana, andromedae и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.275
    Допаѓања:
    57.728
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да се надоврзам на муабетите од погоре - навистина, што им смета на луѓево патлиџан туризмот? Луѓето работеле цела година, зар не заслужуваат и тие некогаш море да видат? Срамота е со торби храна да се патува бидејќи не сакаш да трошиш уште којзнае колку пари за таму по ресторани да јадиш?
    Па најдрагите спомени од детството ми се кога сме полнеле торби и заминувале на одмор фамилијарно, додека некои други од децата немаа појдено ни на езеро додека не станаа тинејџери.
    Да земаш кредит за да одиш на Малдиви или не знам каде - да, ту мач е.
    Ама одморот во никој случај не треба да е луксуз за никого. Ама тој социјализмот порано ич не чинел, како тоа секој да можи без проблем да оди на одмор. :smirk:
     
    На Konfetka, Mazegin, emiliana и 13 други им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.435
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам да сум патлиџан турист последниве 2-3 години. :D Пред тоа сум идела само на платени лежалки, со коктели, со храна од бич бар итн. Наеднаш некако ми се смени тој мајндсет, последниве 2 одмори особено. Со маж си носевме чадор и фрижидерче, си пакував во апартманот лименки, сендвичи и овошје и секој ден истражувавме разни плажи во околината кај што бевме. Имаше места кај што бевме само ние на плажа, сме возеле по цел саат за да најдеме такви hole in the wall плажички, со природни сенки плус.
    За мене 10 пати поубави ми биле тие одмори отколку ол инклузив/ресорти, а сум била и така и така. Не ми е за парите, кога одам на одмор на пари не пазам воопшто.
    И годинава, иако со бебе, пак со чадорот ќе одам.:D


    Инаку дека лето е најлош период од годината, апсолутно се согласувам. Мразам лето. Не знам што е хајпот за лето толку голем. Јас живеам за зима, колачи, елка, облека во слоеви, чај.:inlove:
     
    На eliesaab, Iva:) и NPN им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.076
    Допаѓања:
    131.239
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е проблематично тоа што го јадат луѓето на одмор. Секој си знае каква храна му одговара според буџет и преференца.
    Ама ми е пресмешно и пречудно како некои глумат големи патриоти пред други, а одат на места на кои им биле малтретирани и убивани предците. Подоцно се жалат дека не добиваат добар третман од локалците и упорно се враќаат секоја година.:rofl:
     
    На Liza38, SummerGirl и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  13. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    3.063
    Пол:
    Женски
    Искрено врска немам како било во социјализмот, сум била ептен мала ама знам за 90-тите кога сум била дете моите секогаш зимаа аражман преку фирмите додека не ги украдоа директорчињата имотите во транзицијата. Сме оделе во хотел или одмаралишта и секогаш сме имале вклучено јадење (во Охрид и Струга подобро ама во Преспа послаба исхраната) и на сама плажа. И кога сме оделе во Црна Гора и Бугарија исто во некои одмаралишта со пристапни цени, ништо ексклузивно ама со јадење и на плажа. И тоа ми е репер за одмор секогаш зошто и мајка ми заслужувала одмор а не да мисли да кува и што да пазари или што ќе не нахрани.

    И затоа пред 15 години кога се отворија границиве без визи и отидов во Грција прв пат се шокирав од начинот на кој се тераше таму "одмор" во голем дел да не генерализирам дека се е така. Кога видов дека носат ориз, компири, пипер, патлиџан, месо, и леб доживеав шок. Како женско не мислам дека е тоа одмор што женичките го заслужуваат ама ете мораат. Додека мажот и децата си одат на плажа они по најмалку пола ден готвеа, цела куќа мирисаше на манџите, сироти и тие заслужуваат исто да одмараат а не само мажите и децата.

    Мене не ми смета патлиџан туризмот само за мене тоа не е одмор воопшто и повеќето одат на море не затоа што можат да си дозволат туку затоа што е прифатено во општеството дека е срамота да кажеш дека не си бил, чисто помодарство, за 20 поста на соц.мрежи и 100 сториња. Знам дека моето мислење не го споделуваат мнозината па затоа и го пишав во оваа тема.
     
    На BlackNight, Aschenputtel, TammiB5 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.591
    Допаѓања:
    14.621
    Пол:
    Женски
    Stitch не е воопшто кјут и е предосаден.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Абе сега ние ли да мислиме каков одмор да имаат луѓето, кој каков сака нека има :shake: каде сака нека оди, нека јади што сака што се замарате со такви работи, сме се фатиле да се потсмеваме на се и сешто, дали јадел пиперки дали јадел кавиар, каде бил со кој бил, овај одмор за богати, овој за сиромашни
    Аман луѓе нека си гледа секој за себе, не мора се да хејтаме, ако не сакаш така не прави ти така и готово...зошто има потреба да пишиме реферати, страни некој што јадел на одмор :wasntme: не гледам поента
    Ако се споредуваме со други народи никаде нема да стигниме, само се полниме со незадоволства и љубомора, сите знаеме каква е состојбата во земјата и општо каков ни е менталитетот на Балканот и нема смисла да се споредуваме со Скандинавија или било која друга земја, едноставно сме различни можеби и со финансии, но и со воспитување.
     
    На Konfetka, Miss666, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    а Лабубу и Лафуфу? :D:(
     
    На TheRGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Сега дојдов баш за ова да пишам. :D
    Лабубу е жива глупост и играчкава докажа дека луѓето само слепо следат тренд и немаат свој personality.
     
    На Konfetka, sino.o.oka, TheRGirl2 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Точно :)
    70 евра за плишана играчка, се кладам дека повеќето не го ни знаат цртанот и не знаат какви ликови се :D
     
    На nextredstyle и fbaby им се допаѓа ова.
  19. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Искрено ни јас немам поим ниту ме интересира, ама ова лабубу е доказ дека на луѓето свашта можеш да им продадеш.
     
    На nextredstyle и IvvaNeo им се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    8.599
    Пол:
    Женски
    Кај наоѓате вакви плажи, сериозно те прашувам. И ние нешто вакво бараме. Не сакам јас гужви.
    Сме наоѓале локации каде што сме биле сами или ете уште неколку луѓе чат пат. Ама подоцна ги провалувале локацииве и други. И гужви се правеле.