Конкретно во Кавала и околината последната година. Да ме прашаш сега да сум таму и да ги барам пак, нема да ги најдам.
Што е сеа ова ? Да знам ќерка ми ако бара За одморов ,еве ние идеме Грција. Ама храна оттука само за попат носам. Таму освен ќеркамми ако посака нешто специфично па да зготвам инаку јадеме надвор или евентуално салата за по едно узо пред одење на плажа Е и тостер носам исто ради неа. Е сеа коктели не пијам оти коктел + сонце + мало дете не бива Не сакам ал инклузив затоа што се осеќам ограничено во избор на храна и пијалок... Се е до преференци . А лидл одиме на враќање да си купиме работи што ги нема тука А и апсолутно поддржувам такви шо си носат од тука иако јас како шо сум приметила 50-100 денари е разлика во цени и апсолутно не се исплати влечкање ама има луѓе кои во тоа осеќаат сигурност па зошто да не ?
Не дозволувај да ги види никако! Вакви се, што функција имаат не знам, гледам ги закачуваат на ташна како декорација. Глупост во боја. Ок, ги исхејтав и тоа е тоа.
Грозно изгледа. Имаше и уште едно вака грозно од некој цртан едвај некако го избегнав Се надевам и ова ќе успеам
Очигледно мене ми се обраќаш без да ме цитираш ама јас ќе те цитирам еве кога сакаш дискусија која е непотребна. Можам само да ти кажам да го погледнеш насловот на темата во која сум го споделила мислењето а тоа е "Непопуларни мислења". Тука е место не да се убедуваме кој е во право туку да си кажеме наше мислење кое е непопуларно. А јас си споделив мое мислење на кое имам право и за кое патем сум свесна дека е во глобала непопуларно. Да се обратев во тема "Одмор во Грција" твоево излагање ќе имаше смисла а вака е само несоодветно набедување дека хејтам и да еве тебе ќе те послушам и нема да пишувам за да оставиме простор и за други непопуларни мислења.
Ниту знам кое е твое мислење ниту тебе ти се обраќам Прочитав повеќе мислења и го кажав и моето, не се замарај без потреба
Темата е за unpopular opinions, не се карајте. Тоа е и всушност поентата на unpopular opinion - мислење со кое малкумина се согласуваат, но повеќето не.
..во последно судам жени врз основа на вереничкиот прстен не заради статус во општеството (и перчење за каменот) колку заради вредноста ако се најдат во незавидна ситуација. Да не мора да се понижуваат и изложуваат на напади од тие „блиските“ него достоинствено да го решат.
Лубеница и домат се најубави кога се топли од сонцето. Кога се ладни не се осеќа вкус, особено ако се ладени во фрижидер.
Да одиш на одмор а притоа и таму да треба да одиш да пазариш по маркети, да дремеш над шпорет и да готвиш па и да чистиш, за мене не е одмор.
Ол инклузив ми ствара обврска дека морам да станам у 08:00 да појадам да не го испуштам појадокот у хотел. Јас поприлично појадувам многу доцна, веќе и време за ручек ме фаќа во 13:00. Не знам зашто толку фама околу тоа кој што јадел на плажа? Еве ние постојано јадеме на одмори по ресторан, но чувството ми е преубаво кога на плажа си вадам од торба некој ладен сендвич со чипс, сосот ти течи по рацете едноставно не се замараш. Колку ресторани има кои служат храна на плажата, салати, сендвичи, бургери…
Се сложувам 100÷. Ама толку е општо непопуларно мислењево што сега очекувај 2-3 страни да ти реплицираат како претходно кога го пишав истово.
Грчки јогурт е исто што и павлака... Не знам шо толку фалење и паѓање у несвест, па уште нагласување во рецепти И додаваме грчки југурт.
Грчкиот јогурт има повеќе протеини, а помалку масти од павлаката така што не е баш исто, а во денешно време секој втор пази на исхрана и што внесува па затоа и ти се чини така тоа нагласување.