Ама ... не е исто. Ни на вкус, ни нутритивно. Јас свртив кон грчки јогурт ради нутритивните вредности иако павлака ми е повкусна. И то значително повкусна.
Можеби за хранливи вредности е ок, но јас зборам за вкус . Го направија ко да е нешто невидено до сега и дека освен како грчки јогурт не постои и не е подобро ништо. Вкусот ми е ок, не ми е ни полош ни нешто подобар од павлака. Обично јадам се од млечни производи. Ама дека wow, не е ич.
Павлаката има повеќе масти и погуста е, грчкиот јогурт е помалку калоричен, значително. На вкус повеќе како кисело млеко е.
Ни блиску не ми се на вкус. Павлака дирек од канте јадам и ми е превкусна, грчки јогурт го маскирам во 500 здрави десерти за да не дојди до израз оти ми е грд. И котич сирење шо спомнаа погоре - о д в р а т н о. Ама скроз bussin' печени крофни прам со него. Е са едни ми велеа урда било, други одма "не, не, младо сирење". Сем како личи урда не знам шо е по "дефиниција", не знам шо е котич ама го мразам иако нутритивно е скроз потковано. Дали во рецепт можиш да смениш пример грчки јогурт и павлака? Можиш. Ама ако јас споделвам здрав рецепт и велам два мафини имаат 20г протеин - м о р а м да нагласам од кај идат тие 20г протеин, дали е протеински прав, дали е грчки јогурт, јајца, овес, друго брашно од јатки итн., пошто не секогаш се имаме дома и сите користат замени и то е нормално. Ама мора да се знај кој е извор на тие 20г протеин за ти да можиш да одлучиш колку промени можиш да напрајш и пак да има поќе протеини иако можеби не 20г. Оти ако пишам "павлака", а клам и рачунам макрос со грчки јогурт - лажам.
Скроз ми е друга поентата ама небитно. Делот со протеините е едно, она што го кажувам јас е сосем друго. ма јадам јас све тоа, не ми мења кисело млеко, јогурт, ајран, кефир, павлака... Ама тоа е ко сеа да се убедуваме кој јогурт е најубав на вкус, тој еден единствен и не постои друг... За протеините ќе барам рецепти на друго место. Хеххе Стварно очекував нешто млечно и поинакво на вкус од она досега што сум пробала...
Епа не звучеше така во првиот пост што го пиша, затоа и ти објаснуваме зашто не е исто. Во рецепти нагласување е само од тие што пазат и споделуваат внес на протеини, масти на дневно ниво, затоа и го кажуваат.
Мене грчкиот јогурт ми е многу понеутрален на вкус од павлаката. И не би зела да јадам грчки јогурт без ништо, а павлака можам комотно. Грчкиот јогурт сум го користела во смутиња за протеини, исто така за додавање замрзнато овошје за некоја здрава варијанта на сладолед. За неосеќање разлика, на пример меѓу јогурт и кефир не можам да сетам разлика.
Па добро, јас си знам дека сум picky eater. Кефир само со вкус сакам, пример онај со капини. Како овошен јогурт ми е на вкус. Ама ако не е со вкус - јок.
Е ако де, фер е и тоа. Таква е темата... Можеби требаше да биде постот нема ништо повкусно од грчки јогурт но отиде така како што отиде. Па што ќе праиме ако немаме дебата и не научиме нешто ново. Кај го има тој со капини???
Сега изгуглав, главна разлика е процесот на ферментација, но исто така јогуртот е погуст од кефирот. Фер, одамна не сум пиела кефир ко кефир, имам заборавено. Можеби само од овошните, тие и јас ги сакам.
Грчки јогурт се користи како термин за тоа што ние го викаме кисело млеко. Почнувајќи од компанијата Данон (основана од Евреин од Солун) која за да се пробие некако на пазарот во Шпанија, својот производ го брендирала како “грчки јогурт“ за да стане препознатлива на пазарот. Оттаму останал, а и се проширил низ многу земји низ светот овој назив за кисело млеко, особено во земји каде што немаат традиција да произведуваат ваков тип на млечен производ (првенствено западен свет). А нашите инфлуенсери, толку образовани за храна и нутритивни вредности, сепак го користат овој термин. Веројатно затоа што има пазар за рекламирање грчки јогурт, од кисело млеко нема заработувачка. А и затоа што само преведуваат рецепти од англиски и не размислуваат многу што преведуваат. Исто со урдата - cottage cheese. А тие што живеат во странство и немаат достап до тоа што ние го викаме јогурт (течниот), нека пијат buttermilk ако некогаш многу ожеднат за чаша јогурт.
Темава е непопуларни мислења, и нема потреба да се цитира и да се разглаба, океј едино ако некој се согласува со мислењето, аман.
Не секој грчки јогурт ги има тие карактеристики што ги напиша. Ако зборуваме за Олимпус да, но и цената е солена. Секој бренд што слушна за грчки јогурт извади своја верзија, но не секоја е со убав состав. Мене лично павлаката ми е поубава, грчкиот јогурт е кисел.
Ама ниту грчки јогурт е исто со кисело млеко, ниту урда со cottage cheese. Скроз различни вкусови имаат сите четири млечни продукти и различно се прават...не знам која е поентава на муабетов, исто ко да се убедуваме дека обичен јогурт и ајран е иста работа кога не е.
Без разлика на возраст, на плажа се оди по купаќа гаќа. Освен ако не е нудистичка. Дечиња голи по плажа на денешницава не.
Не ги можам електричниве тротинети. Ми создаваат голем стрес и кога возам и кога одам пешки. Во првиот случај сè ми се чини ќе ми излета пред тркала, а во вториот дека ќе ме прегази.