Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.687
    Пол:
    Женски
    Побогу, во денешно време со сите можни информации што ви се на достап, носите бебе на бајач бидејќи плачело, пошто сигурно е од уплав, урок, дрн дрн јариња, а не грчеви кои се најнормална појава кај бебиња, зошто? Срам е да се посети психијатар за анксиозност и депресија, наместо тоа ќе идеме кај Владанка што ќе не гаѓа со ножеви на млад месец, пак, зошто?
    Дај нека се затвори веќе онаа глупава тема за гатање и баење и онака повеќе ја користат како огласник за размена на броеви на сомнителни ликови.
     
    На M&M, Yowannty, TammiB5 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    14.365
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Не е за смеење работата ама не можев :rofl:

    За другото целосно во право си.

    А темата.. трагично е што ден денес е толку популарна, ова многу кажува за народов.

    Ајде прости затуцани, грубо да се изразам, да веруваат, а коа ќе видиш некои наводно едуцирани се бавтаат со глупостиве :drunk:
     
    На M&M, Трагедијаупмм и MeowMeow им се допаѓа ова.
  3. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.687
    Пол:
    Женски
    Едуцирани можеби, но не емоционално интелигентни и спремни да преземат одговорност за сопствениот живот. Затоа што полесно е да се обвини Х личност за неуспех во животот наместо да се направи интроспекција и промена кај себе. Сите други се криви, јас сум супер е мајндсетот.
     
    На Yowannty, SummerGirl, Bozica1980 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Ѕвездена

    Ѕвездена Нов член

    Се зачлени на:
    4 јули 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Зошто? :o
     
  5. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Зара е преценета. Попустот оваа година мизерен. Цените дигнати, а материјалите пластика.
     
    На eliesaab, theowndemon, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  6. UnderTheSun

    UnderTheSun Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    97
    Личности од кои психолог/јатар дигнал раце не треба да им е дозволен пристап до тестатура, а камо ли па повеќе.
    Па коа ќе почнат на интернетот да си истураат фрустрации/ сталкаат рандом личности па, крај а ни лек да не моеш да им најдеш/ со дијагнозите .... Загреота.
     
    Последна измена: 13 јули 2025 во 09:00
    На SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.582
    Плажа со убава чиста вода АМА каменесто дно, големи бранови и општо небезбедна не е поим за убава плажа.

    "Леле, преубава плажа". Сестро јас ќе се удавев и глава ќе треснев у камен, ама оке, водата беше чиста, најбитно тоа да да
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.719
    Пол:
    Женски
    Кога некој од нигде никаде станва премногу религиозен ми е страшно црвено знаме зошто 9 од 10 случаеви испаѓа дека напрајл нешто толку лошо и осеќа толку многу вина шо мора да се "препушти" на некоја виша сила.

    Како втора точка на ова, како дополнителен начин дека не е добар чоек и го неќам во животот е кога, неговата религија е поќе за контрола место за сочувство и емпатија.
    Кога користат религијата како "оружје" за осуда и ставање себеси на повисоко морално ниво.
    Кога користат религија за супериорност и вервање дека само зошто веруваат имаат за право да бидат клети оти то е слово на Бог (а, дури и јас знам дека ако е таму горе е љубов и мир).
    Кога нивните верувања не оставаат простор за размислување, прифаќање разлики и соживот со различности.

    Нема ништо пострашно од некој шо смета дека е над земски морален код, а и правен, од човек кој смета дека само зошто верва е на "точниот" пат и дека никој не можи да го тргни од тој "точен" пат. Пошто секогаш ко ќе некој мисли дека има божествена асистенција за своите избори и суровост - нема реалност како да сфати дека не е религијата која оправдува суровоста туку тој самиот кој ја протолкувал така.

    Моментот кога мислиме дека сме подобри од некој друг поради нашите верувања е моментот кога погрешно сме разбрале за што служат тие верувања. Понекогаш, најопасната работа не е некој без морал, туку некој што се крие зад премногу "морал".
     
    На M&M, Emy867, јolene и 20 други им се допаѓа ова.
  9. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Машки
    Не знам колку е популарно или непопуларно мислењево али до тој што ја правел скалата, 80's и 90's генерација ми се скроз различни по mindset и однесување и Millennials треба да се од 81ва до 90та а од 91 до 99 да е Gen Z, од 00' исто различни генерации ми почнуваат некако..:?:
     
    На Amellie13, TammiB5 и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Извини ама мин до 95та ниту една личност не знам што размислува како Gen Z.
    Вклучуваајќи се и самата и сите околу мене.
     
    На Bitter-Sweet и baguf4e им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    14.365
    Пол:
    Женски
    А од 95 та па нагоре?

    Zillennials ми е најсоодветен термин некако @Aнонимус_ над 91 ва да речеме, па се до нз 2000-2003 би можело мислам.

    Мој впечаток, после 2003 се подруги генерациите, многу се осеќа разлика, и се типични џен зи.

    И за секоја генерација поубаво би било помалку генерации да се опфатени, а не вака ко што кажа конкретно за милениалците од 81 па се до 96 та, предолг период е.
     
    На Aнонимус_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Па имам братучеди кои се 96-97 и тотално различен мајнсет од околните генерации со мене, небитно може преголем опфат е до 81, ама веќе 85-95 реално сите ми се слични по начин на размислување, етика за работа, животни избори и сл.
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.004
    Допаѓања:
    130.677
    Пол:
    Женски
    Има разни граници, ама според мене до 89та треба да се генерација Х оти однесувањето и размислувањето никако не им се типично миленијалски. Мислат наназад, не нанапред.
    Па од 90та да почнуваат миленијалците.
     
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    57.419
    Пол:
    Женски
    Точно, ние од 90тите имаме повеќе заедничко со тие од 80тите него овие после 2000 родени. :D
    Јас сум 97ма точно на граница на Gen Z, и за нас родени околу тие години имаат посебен термин zilennial, како некоја меѓугенерација. Имавме детство на millennials, развојот на технологијата со телефони и слично го почувствувавме подоцна во животот. Сликите од детството ми се од апарат, телефон со интернет во било кое време имав тек од трета средно, во основно ни беше забрането да носиме телефони на училиште. А и тие што ги имавме беа само за да се јавиш и некои игрици да поиграш. :D И на крај испаѓа во иста генерација да сум со некој роден во 2009, нема смисла ич. :D
     
    На TammiB5, Трагедијаупмм и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  15. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Машки
    Сосем различен е процесот на производство, грчкиот има многу повеќе протеини во споредба и вкусот е сосем различен особено ако јадете прав грчки јогурт. Каукакис имаат во Тинекс во стаклена амбалажа и мислам дека оргазмично добар е тој. Сеа 300 грама е 150 денари ама тоа е, нема и пари и другари.
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Родените во 2000та година се во ниедна група :|
    Посебна сорта, избегнувани и од Gen z и од Millennials...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.189
    Допаѓања:
    175.719
    Пол:
    Женски
    За делење на генерациите се гледа према условите во кои живеј та генерација и кои фактори имаат најголемо влијание. Официјално од '96 или '97 е gen Z, ама сметам дека кај нас можи и да се помести до кај '98, '99 па чак и '00 та граница зошто едноставно касниме. Кога гледам мимс, велат дека кога сум се родила јас Америка играле со играчка со која јас сум играла 5-6 години покасно оти тогаш стигнале Македонија/ стигнал трендот. Е сега, тука важно е да се кажи дека со интернетот многу овие граници и нашето "каснење" не игра поќе улога (во врска со идентификувањето на новите генерации како џен алфа).

    Лично ('96) се "идентификувам" како зиленијал пошто чисто миленијалци и чисто зиленијалци ми се далечни, ама комбинација од двете ја "осеќам".
     
    На eliesaab и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.134
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе кои растеле и живеат во echo chamber развиле некој тип на црно-бело размислување. Растење во религиска заедница каде што нема простор за questioning и дебата. Растење во средина која не поттикнува интелектуален напредок.

    И додека и јас растев и приметував дека околината и менталитетот во нашата земја е сличен, имав премногу надеж дека иднината ќе е поинаква.

    И еве сега кога сум порасната, сфаќам дека времето на алгоритми нѐ заеба скроз и засекогаш го промени начинот на кој ни функционира мозокот. Наеднаш, еден куп луѓе имаат секта менталитет. Само што не се израснати во некој мормонски култ туку на тикток.

    Ако цел твој идентитет се базира на она кое ти го сервира препаметен алгоритам кој е точно структуриран да служи како твое огледало, ти немаш идентитет.
    Ако buzzwords кои служат само за маркетинг се нешто кое неиронично го користиш во реален живот, како да те сфатам сериозно?
    Ако немаш ни една критичка мисла кон содржината која ја конзумираш и не осознаваш дека на апсолутно ама апсолутно секоја тема постојат нијанси, повторно како да те сфатам сериозно?
    Ако не си способен/а да изгледаш нешто подолго од неколку секунди, ама имаш силно мислење за темата која е силно редуцирана и упростена за да се вклопи во тоа кратко видео, се запрашуваш ли дали можеби грешиш?
    И ако не препознаваш дека си жртва на луѓе кои само сакаат да ти продадат производ и програма, најозбилно, седни преиспитај се.
    Ама не постои преиспитување, сѐ се зема здраво за готово и што е најстрашно - за точно по дифолт.

    Не сакам да речам дека онлајн присуството е штетно, бидејќи само по себе не е и теоретски треба да има поголем бенефит од штета.
    Ама сметам дека толкав наплив на информации, како што немало никогаш во нашата историја, е преголем залак за нас како човештво за кој едноставно не сме биле спремни. И така сега сме робови на алгоритми кои промовираат поларитет и менталитет на слушање само на својата ехо соба без разлика дали е објективна и разумна или не.
     
    На Mięta, MeowMeow, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  19. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
    Свадбите во денешно време станаа како некој бизнис, прорачунување колку ќе се во ќар, па тоа викање на многу луѓе и фамилии, па плус викање само 2 луѓе од фамилија, наместо цела фамилија за заштеда ми е исто мизерно, а веќе е честа појава. Подобро не кани никого, отколку да не ја поканиш цела фамилија. Пред некоја година првпат бевме така поканети, само моите родители, а ние иако сме братучеди блиски не, зошто така крателе на трошок. Некако непријатно се осетив, па сфатив дека такво нешто нема да правам или сите ќе ги поканам од една фамилија или никого, особено кога станува збор за парови што не се венчани (да и вакво нешто правеле слушам и се чудам, ако не се во брак и само едниот им е близок (другар/другарка за заштеда исто не го викале партнерот што им е), фамилии со деца и слично.
    Знам дека свадба е избор на младенците, нека им е со среќа ако така си одлучиле, само од други свадби сфаќам што јас не сакам на моја и што не ми се допаѓа да го правам. Сигурна сум дека некој нема да се сложи со мислењево ама затоа и е непопуларно мислење.

    Исто така подобро не прави големи свадби во скапи места ако не можеш да си дозволиш, земаш кредити или чекаш твоите на 30 години да ти плаќаат за гостите, ако кратиш и пребројуваш на се или збориш луѓе што ти донеле и колку ти донеле.
    Па очекувања да дошле тие со 100 евра, тие со 80, тие со 200. |(

    Се повеќе гледајќи ги свадбите во скоро време и трошоците сум решена за некоја мала свадба, со најблиски пријатели, прво колено роднини, најмногу 70-100 гости иако и тоа ми е многу, да си поминеме убаво и да нема никакви замарања кој што донел, само со најсаканите луѓе да си прославиме убаво. И еден ручек да е ако толку можам да си дозволам, толку ќе биде, ќе знам дека толку ми била чергата и толку сум испружила нозе, а не да чекам гостите да ми ја исплатат луксузната свадба.
     
    Последна измена: 15 јули 2025 во 18:26
    На SummerGirl, L.i.n.a.a, NPN и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.713
    Пол:
    Женски
    Anekke чантите се грди.
     
    На eliesaab и Ѕвездена им се допаѓа ова.