Плескање торта во фаца или бутање глава во торта, сеедно демек за заебанција е многу идиотско и можда психопатско однесување. Без разлика дали е од партнер, другар, некој што си зема право да прави секакви идиотски работи "на шега", особено па пред други луѓе, си кажува дека не те цени и мисли дека секое однесување може да им помине баш така, на шега. Барем за тортата, некој што те сака би сакал заедно да јадете торта, не да ја уништи и тортата и на тебе блузата и косата. Истото го мислам и за луѓе што прават пренкови каде буткаат некого во вода ненадејно (без разлика дали знае да плива) или каде жртвата доживува екстремен страв или срам. Пак ќе повторам, некој што те сака нема никогаш намерно да те изложи на страшни и срамни и понижувачки ситуации кои ти реално ќе ги осетиш, без разлика што после ќе дознаеш дека биле шега. Чувството е тука, после веќе не ти значи ништо.
Баш. Нема ништо забавно во уништување на нечиј труд и понижување на некого. Вторава ситуација е уште поидиотска. Буквално е загрозување на живот.
Свадбата е убав настан. За мене не е. Непотребен трошок и малтретирање. Доволно е ручек со најблиските.
И непотребно стресирање. Се слагам. Ако више ја има, како погоре мислењето, макс саат-два и крај. И свадбените обичаи се тешки глупости.
Богами да.. Одвратно е, не можам да поднесам таква музика, уствари не е ни музика тоа. И така со саати
Имањето емпатија не треба да значи дека ти по секоја цена треба да имаш разбирање за туѓи чувства, маки и постапки, ниту да толерираш кога некој те рамни со нула само пошто "не си на негово место". Секогаш би помогнала каде можам и кога можам, и не барам ништо за возврат. Ама почне ли некој лично да ми се заканува, да ме навредува и тоа тешко да ме вреѓа, чао брате, снаоѓај се сам. Гајле ми е кој низ што прошол, такви работи доаѓаат од самите луѓе, а не оти нешто им се десило. Само сега излегло на виделина
Ниедна претходна генерација не е подобра од следната. Вклучително со цел enviornment, иновитети.. и времето во кое живееме сега е подобро од било кое претходно. Освен ќе го иземам глобалното затоплување и некои еколошки ствари што се ств сјебани...
Браковите/заедниците каде што и мажот и жената работат подеднакви часови дневно, не се 50/50 врски туку 80/20 (80 за мажот а 20 за жената). Зошто? Епа затоа што мажот нема пмс, нема менструални болки, нема бременост и постпартум депресија, не дои, не му доживува телото трауми, не му трпи личниот идентитет, живот, кариера и ментално здравје.
Фините момци на форумов стискаат ми се допаѓа кога жена се потсмева на друга жена, ама истите нигде ги нема да дадат совет од машка страна како да се справи. Дека ја имаат под ист кров, па му доаѓа дупи брате дур можеш.
Нема добар филм после 2015 година. Сите филмови се со агресивно нагласен инклузивитет, премногу технологија и никаква креативност.
Еве јас сосема спротивно, за мене свадба е со зурли и тапани бидејќи љубовта заслужува да се слави гласно, со срце и душа, а не само "формална" вечера. Ама баш и затоа, сите сме различни...