Боранија е едно од најубавите јадења. Не знам зошто толку луѓе не можат да ја смислат, убава манџичка од боранија ми е едно од омилените јадења. Кој не јаде кај мене нека прати.
Тоа стапчињата со брадавици со анален хпв како ги јадете нема никад НИКАД Н И К А Д НИКОГАШ да разберам.
Целата калакурница на свадба со кумови, старосватови да купуваат кој торта, кој за невестата, кој нешто трето имало можда значење во старо време кога се воделе луѓето по обичаи. Во модерно време е само паразитизам за неспособни луѓе што не сакаат сами да се потрошат за свадбата или гледаат што повеќе да заработат од неа. Ќе имаш кумови и старосватови. Ама сам плати си све, а не некој да трга цела година за твојата свадба.
Дека човек не треба да се сити, не треба. Но, не треба ни да жали по секој кој загинал трагично. Ако некој бил гад дури живеел, не заслужил оплакување.
Да ставиш слика/и од туѓо дете на социјалните мрежи без притоа да ги прашаш родителите дали всушност се согласуваат со тоа е крајно некултурно и безобразно.
Имање кола е потреба, не луксуз. Единствена причина здрав возрасен да нема возачка е "не сакам да возам", друго сѐ е изговор.
Маркетиве треба да си ги објавуваат производите на веб страните. Рептил и Веро се за пример. Можам да споредам цени и вршат достава.
Не ми беше тоа поентата. Туку дека ако некој нема возачка, тоа е бидејќи не сака да вози, што само по себе не е лошо нешто, сепак се работи за наша безбедност и на другите. Често сум слушала изговори ко немам време, имам други работи да завршам, не можам сега и сл. Што и јас го велев порано, а вистината беше дека (тогаш) не сакав. А исто сум слушала дека кола да имаш било луксуз, а е потребно средство што ќе те однеси од точка А до точка Б. Не мислам дека е популарно мислење така да не мораш да се согласиш, за тоа е и темава.
Муабетот дека треба да си јадеме сѐ што сакаме, колку сакаме и кога сакаме, во обид да се спротивставиме на diet culture е еден подмолен тивок убиец на здравите навики и општо здравјето. И не треба да се пропагира. Оти имаме луѓе кои абер немаат како изгледа чувство на глад оти постојано, цел живот јадат од досада па појма немаат уствари кога стварно им се јаде. Или луѓе што имаат низа здравствени проблеми што немаат дијагноза, дефицит на витамини/минерали ама си викаат оти им е на нервна база. И такви што немаат контрола врз количината, не знаат кога се сити или мислат оти е нормално да не ти стасуваат 3000 калории, а лежиш цел ден. И после магично успорува метаболизмот после 30. И да, кај луѓе ваквите навики може да се од неедуцираност, храната да им е coping mechanism или да се само краткотрајни навики кои не прераснуваат во нешто посериозно. Ама ако нутриционист, инфлуенсер си дозволи да збори вакво нешто, треба да се отстрани од јавни платформи.