Да се нормализира идењето сам у ресторан, кафич итн. долго време мислев дека нормално е али една познаничка ми рече како сум имала храброст така што идам сама па си велам сигурно не било нормално до толку чим требало храброст
Цел живот правам вака, мене ми е нормално.. Уште од средно и факс (сега сум во 40-ти). Без разлика дали сум имала партнер или не, другарки во близина или не и сл. Едноставно ако сакам да одам негде, одам - во кино, на концерт, на некоја промоција, во парк, на базен, негде да се вежба, негде да се јаде, во кафич, на плажа... Дали некој сака или не сака да ми се придружи, не ми влијае на изборот да отидам. Ако чекав на другите „за друштво“, многу работи што ги сакав немаше да ги искусам.
Аеродром е најдосадна населба евр, што има у Аеродром? Капитол? А внатре рамстор маркет, тоа е. А се смета за јака населба. Па уште и загадена. Кога живеев таму како у приградска населба се чувствував да сум, морав цело време у Центар да идам да најдам што ми треба.
Не знам како е според закони и протоколи ама во болница во ситуација кога пациент треба да се оперира, приоритет треба да е животот на пациентот, не убедувањата на фамилијата. Или ако се работи за дете, ако родител намерно му ја загрози состојбата со тоа што одбива интервенција или го испише порано, треба кривично да одговара, па и да изгуби старателство. Друга работа е треба уште дур сме живи да можеме да одлучиме дали сакаме утре наши органи да бидат донирани (вака мислам има во некои земји) а не утре за мое тело исто така друг да одлучува. За мој живот и тело ако више треба да одлучи друг, тој друг нека биде некој стручен. А таму кај што можам јас, јас. Ни родители, ни партнер ни не знам кој.
Луѓе у заграда жени опседнати со Хари Потер, Пријатели и Тејлор Свифт се за лечење. Има и други, али овие со приоритетен треба да се примат. Нешо као интервенција уствари.
Човек што е груб со животни факт е дека нема емпатија и е лош човек но човек што сака животни не значи по дифолт дека е добар човек.
Препичување со децата уште од мали, буткање да бидат видени и чуени, мајки кои не се оствариле па би од децата да прават квази инфлуенсери. И да заработат на нив. Одвратно
Да се остаат пандите на раат да си изумрат. Глупи се и тоа е. Не треба да ги одржаваме на лајф супорт само оти се слатки.
Гош и мразачка на животни ли станала у меѓувреме? Баш одвратно мислење.. Ја па сакам да изумре глупата проста злобна раја, а машала накотени си се мал милион, и тежат на Земјава. Нека се исчисти. Смрт за сите нив! Некои не заслужуваат да живеат!
Јас ич неќам да се надоврзвам на други мислења во ова тема, ама ми дојде малку така смешно. Видови ли видови животни изумреа или се изебаа до изумирање (со то шо се соединуваат со друг вид, баш можи гризли со поларната мечка да се види како оди спојката in real time). И то е ... природен процес. Се случвало. Се случва. И ќе се случва. Некогаш побавно, со климатската криза - побрзо. Мене поќе ме загрижува факторот човек како одговорен за изумирање на многу видови животни, него шо ме загрижува држењето на последните животни од некој вид, баш ко шо рече @Gosh, на „life support“. Ако стигнам да ги одржувам последните 100 животни со сила да не изумрат - веќе каснам. Требало многу порано да напрам услови за да се спречи то изумирање и да влијаам на репопулација. Тргам од мене. Радо би да ме остат на мир ако сум последна жена на планетава, него со сила да ме затруднуваат за човечкиот вид да продолжи. Уз пат да живеам во глорифициран затвор. No, thank you.