Same here, скроз. Се е кажано! Уште по интересно ми е сама кога ќе се поднапивнам од коктели. Обожавам да одам сама секаде патувам сама, самодоверба над облаците хаха. Не знам зошто сум толку тешка и комплицирана и ми сметаат луѓе околу мене, сакам за се сама да одлучувам и да правам што сакам. Не бев таква до пред неколку години. Затоа веќе и не ми смета кога одам некаде скроз сама и гледам некого скроз сам седнат во локал. Комуникативна сум ако осетам потреба од друштво би можела да створам пријателства. Така да не гледам нешто "ненормално" во сето тоа.
Тетовираните веѓи од авион се познаваат, не прават да изгледате поубаво туку смешно и одеднаш за десет години постари.
Зависноста од кафе и кофеин е зависност која не се сфаќа сериозно. Никој не може да ме убеди дека е во ред, и физички и ментално да мораш да локаш 3-4 кафиња на ден, секој божји ден, за да можеш најнормално да функционираш и да не ти се приспие сред ден. Да не збориме колку кофеинот го сјебува нормалниот циркадијален ритам на телото.
Дека е "супстанца" може да почувствува секој што пие барем едно кафе на ден, а тоа се мнозинството од нас . Но се почесто си мислам - би имало ли воопшто цивилизација, ваква високо развиена, индустриско технолошка без стимуланси како кафето? Замисли да треба да станеш во 6 часот а веќе во 7 часот да си на работа и да решаваш некоја стресна, комплексна инжинерска или хируршка заврзлама, на суво, без никаков стимуланс и така со години, па и децении?
I'd argue дека во природата има појаки стимуланси и многу од ова шо наброја ги користат. Само ко ќе знајме дека ги користат ги викаме поинаку. Ги викаме џанаци. Spoiler Најдобра одлука шо ја донесов е да не пијам кафе ако не се осеќам ко да сакам. Едно на ден во работна недела вкус да осетам ми е доволно. Дур пиев поќе од едно не можев да замислам да се расонам без кафе. И неќам да се вратам на то, ever. Башка шо ако се вратам на то, за да почнам пак едно да ми е доволно ќе мора пак та криза да ја поминам од неколку месеци кај шо бев зомби. Да успеам да се расонам сама од себе и да бидам свежа после будење и то да не зависи од кафе или друга супстанца - е најдоброто чувство.
Ако тоа е за неколку дена океј. Ама луѓе кафе пијат ко што реков буквално секој ден по трипати, без пауза. Ако тебе толку многу често ти треба стимуланс и си го сјебуваш сонот на долг рок, ондак работиш повише од што треба или едноставно таа работа не е за тебе. Јас кафе пијам еднаш на 2-3 дена и поретко. И дури ни на факултет кога сум учела, не сум можела да се држам со сила будна. И да останам будна денес, утре ќе спијам дупло од замор.
Не пијам многу кафиња дневно, но обавезно морам барем едно наутро откако ќе станам. And I like to keep it that way. Максимум три дневно но тоа ретко се случува, обично 1-2 (избегнувам после 6/7 навечер бидејќи ми влијае на сон). Има многу поштетни работи на светов, и ако не го пиеш кафето со сто тона шеќер мислам дека нема толку гајле.
Класичната музика е грда, вришти од депресии, и воопшто не релаксира, напротив. Не знам како важи за толку многу добра и квалитетна. Можда е неблагодарно и неспоредливо, но како што не можам народна и турбофолк, исто така не можам ни оваа да ја поднесам.
Тоа што не ѝ се свиѓа не значи дека не ја разбира. Прашање на вкус е. Јас не би ја нарекла ваквата музика грда, но се слагам со членката дека е депримирачка. Буди само негативни емоции.
Јас не се сложувам дека цела класична музика е депримирачка, како и во сите жанрови има и весели композиции.
Во ред е тоа, твое толкување е. Тоа и ми е поентата. Тоа што не ни се допаѓа некоја музика, не значи дека не ја разбираме. Побогу, сите сме учеле музичко и сме дознале какви стилови постоеле и постојат. Но, не сите ја доживуваме музиката исто. Од тука ни иде и толкувањето.
Повеќе од половина од музиката што сме ја слушале по цртаните филмови со кои израснавме се дела на класичните композитори. А во цртаните се е на игра, на бркање, на смеа, бајковитост и игривост Не е индивидуално толкување, туку е факт дека и овој жанр има весели композиции. Пример, Унгарскиот танц на Брамс кај Трите прасиња Со тоа кажано, дефинитивно е до тоа што слушате или сте слушнале. Исто пример како некој да каже латино песните се највеселите, а таму има и толку тажни романтични балади на кои се плаче лесно
Ok де, не ја разбирам, нека биде така. Не можам да ја поднесам и тоа е тоа. Не се ни трудам да ја разберам. А и не заборавајте дека темава е за непопуларни мислења, не ни треба да се сложите.