. You're getting warmer. Не знам што уопште му/и придавате на значај толку, кога очигледно трола/бара внимание/гура политики на папет мастери, или се горенаведено во едно and then some. Добро е овој пат го остави There, there, brave little girl/boy.
Повеќето што ја хејтаат Џ. К. Роулинг појма немаат што всушност кажала, не се ни замараат да истражат ама тоа не ги спречува да ја ругаат зошто тоа е тренди во моментов.
Боље да не кажам што мислам за политика или економија. Дали 0.1% се согласат со мене. А ако спомнам и религија и националнист тогаш паѓа на 0.001%.
Рутината е добра ствар. Канцелариска монотона работа е добра ствар. Нетфликс енд чил пред спиење е добра ствар.
Документарци за сериски убијци и слично се досадни af. Туширање во тишина е подобро отколку туширање со музика. Течноста од кисели краставички во тегла е вкусна. Овошен сладолед е подобар од чоколаден. Купување брендирана облека е џабе фрлени пари, без разлика дали можиш да си дозволиш. Спротивностите во најголем број случаеви не се привлекуваат. САД е прелоша земја за живеење и американскиот сон е само сон. Spoiler Прочитав интересен коментар во врска со ова: It's like a third world country but in glitter. Жешко е подобро од ладно.
-Треба да ја оставиме Виши да вирее на фемина кога ќе се појави во својата 666-та инкарнација.. -Скромноста не е врлина. -Ристо Вртев е wifebeater а не легенда..и не, не може да биде и двете истовремено
Ти не се жалиш, ти си задоволен од се, ти лапаш, грабиш, рачето не моеш да го извадиш од слаткиот мед, си играш курташак со народот како ти се сака. Ти си функционер! Да живеат функционерите и политичарите кои ни служат на нас, народот! Други непопуларни мислења: - Парите и облеката те прават човек. - Спротивно на ова, парите се отепувачка (ама за кој како). - Работи напорно, секогаш ќе ти се исплати и другите ќе го ценат твојот труд. - Кој рано рани, две среќи граби. - Ако се омажиш/ожениш и имаш деца си комплетно реализирана личност. - Љубов без страст не е љубов. - Сексот е лек за се, исто како и ракијата. - Кумството е света работа, никогаш не ја прекинувај врската со кумовите, ако немаш нивен благослов, готово е, се пропаѓа во вода. - Интернетот е најголемото зло денес. - Старите секогаш се покултурни и попристојни од младите. - Роднините се твоја крв, никогаш лошо не би ти помислиле и секогаш би ти се нашле кога си во тесно. Темава стварно е интересна, има уште мал милион работи кои треба да се додадат.
Wut? Зошто? Роднини убивале роднини, не дека ова е популарно или не, туку...јас сум изгледа голем циник. Ма да, се радувам со некој со само розе искуства, тоа е убаво да се прочита.. Непоп мисл : тартар бифтек е превкусен...
Нее, грешка ги формулирав ја реченициве, после видов дека некои ми немаат логика и место непопуларни, делуваат како да се популарни, јебига, уште не расонета бев па земав и штракам.. Баш за роднините неам некое добро мислење и од нив можеш повеќе зло да видиш отколку од некој непознат. И ова за кумовиве, мислев, шо дека се кумови, да, треба да се почитуваат ама ако демек не добиеш нивен благослов толку страшно е? Посебно па некои со кои едвај контактираш и не се гледате често, да ги има и такви, не секогаш кумовите се твоите bff, има разно-разни случаеви.
Одлична тема. Браво за Daisy Doo Се согласувам со добар дел од мислењата. On topic: - (Големи) свадби. Не гледам поента да каниш безброј луѓе со кои не комуницираш со години, или твоите да канат нивни луѓе затоа што тие ти ја плаќаат свадбата, или да инвестираш пари во смешни фотосесии на Кале, или да купуваш скап фустан/одело што нема да го облечеш пак. Според мене, поубаво нешто од интимна свеченост со најблиските нема. - Јелена Карлеуша. Не може да ме убедиш дека има квалитетна музика или добро изгледа. - Раздавање храна на гробишта. Ти липаш од тага, некој пред тебе стои со кутија крембанани и чека да земеш за да прејде на наредниот. - Job hopping. Во 5 години да смениш 5 работни места за мене значи дека си алчен и само парите ти се важни. - They/them. Please. - Тим билдинзи. Доволни се 8 часа на работа. Исклучок правам само за блиски колеги и тоа по 1-2 кафиња во месецот. - Aвтомобил за курташак. Ако имаш потреба од него, во ред е. Сè останато е само фалбаџиство. - Евровизија. Сè повеќе е јасно дека е политизирана и одамна не се битни песните. И уште многу други...