Не знам колку е непопуларно мислење, но инспирирана од случај од околината. Воопшто не е атрактивно кога сакаш да му се допадниш на некој кој и тебе ти се допаѓа, а притоа низ муабет се сожалуваш сам/а дека не си (доволно) убав/а, привлечен/на, забавен/на, зборлест/а, додајпожелба. Малку самодоверба, хелоуу? Јас разбирам да си имаш свои issues и навистина да се бориш со пониско мислење за себе, ама воопшто не е добро тоа да го расфрлаш наоколу, особено со некој кој (наводно) сакаш да те свиѓа. Барем мене ми ствара одбивност, да треба да слушам потенцијален партнер како ми се жали за овие работи уште незапознати. Очекуваш сожалување, тапкање по рамо "не душичке не е така", не сфаќам? А и јас имам комплекси, само се трудам да изгледам барем малку со самодоверба и да сум позитивна. А да не зборувам како многу од тоа е само во нашата глава и веќе ако не можиш сам барај психолошка поддршка да не ти го контролира тоа животот. Не дека треба лажно да се претставуваме, но сакам луѓе кои изгледаат посамоуверено, попозитивно, попаметно од мене за да ме инспирираат и мене на истото.
Добро де на неа не и се свиѓа, прашање на вкус. музика во молски тоналитети обожавам но разбирам ако некој ја доживува депресивно и меланхолично пошто таква е но во класичната музика има и доста весели композиции така што не се сите такви.
Факултетите се overrated. Наместо, академии и курсеви се далеку подобра алтернатива. Секој човек би изневерил во врска/брак, нормално доколку приликата е ' добра ' Поддржувам смртна казна.
@Amellie13 Само вака Затоа што, особено ако сте на почеток на гледање, па и врска (не дека за понатаму не важи), тоа е еден вид лажна ранливост. Некој кој цело време е "Јас, јас, јас" - ама во демек негативна конотација се нарекува прикриен нарцис (covert narc). На овој начин ја манипулира динамиката меѓу вас, ем да го сожалуваш, ама ем да го воздигаш, со цел да ти ги тестира границите, колку си емпатична за понатамошно искористување. Прилично исцрпувачко, така да, don't ever waste your time
Хаахаха е баш вака, не ми е работа да кревам ранливи машки ега, go heal bro. Можеби јас од пред некоја година ќе го сожалуваше и ќе ми паднеше криво, сега ми е само кринџ и смешно истовремено. Се гледа од авион колку скриени комплекси има. Spoiler: Контекст Прати рил со оние убавине италијански полицајци, а јас го имав лајкнато, и велеше дека тој не бил толку убав и згоден ко тие, плус цело време нешто мирен, срамежлив спомнува. Мада освен пишење ништо немало, ги мирисам на 100км ваквите. Уште ако е член на форумов случајно ќе го јадам.
Технологијата не не поврзува повеќе, туку не оддалечува едни од други, иако целта и е токму обратна , да не зближи
Личности кои имаат самодоверба и немаат комплекси можат директно да се соочат со било кој додека оние кои патат од комплекси немаат храброст и секогаш е тоа или пасив агресив или позади грб. И нешто што сум приметила за нив е дека се многу плашливи и кревки ега имаат. А најголем замислен непријател им се токму оние кои имаат храброст да искажат свое мислење.
И во црква невести со деколте до пупак, толку дегутантно и без мерка. Треба да се покрие, ако има некое познавање на својата религија или некој да им каже, овака е многу грдо.
Уште побизарно од мајки кои ги прават своите деца инфлуенсери/ки, се мајки кои си ги користат своите аутистични или со било каква друга попреченост деца за истите цели. Не е слатко, не помага да се крене свест, само е искористување и посуптилна нарцисоидност.