Е не сте бебиња за жал. Мене више не тие од 2000 - те рани, ама за овие 2007,8,9.. уште ми е неприфатливо како не се мали ученичиња од основно. Не сум 40, да се разбереме
Аутизмот не е болест,тоа е состојба,исто и за депресија и анксиозност ,само ова второво се лечи.Убаво е за тешење ,ама далеку од вистина.
Хејтот кон Тејлор Свифт е премногу исфорсиран. Песните не ѝ се полоши од просечни песни од тој жанр. Мислам дека тие што ја хејтаат, ја хејтаат бидејќи тоа е популарно, или едноставно тој жанр на песни не им се свиѓа па мора некој да се хејта.
Не ја хејтам баш хејтање, но ниту една песна не и знам. Не ме привлекува мјаукање, лигава ми е не знам зашо.. Едино оваа, и тоа ради Зејн.
Затоа реков, тој е тој жанрот, и прашање на вкус е, хејтот ми е без врска повеќето. Има и многу други изведувачи што се слични на неа. Некој можи да ги слуша, некој не. Јас рап не поднесувам, на пример. А нејзините песни ги слушам уште од мала/тинејџерка, можеби и ради носталгија е, но секогаш ми биле посебни. Со некои сум се соживувала сосема, и секогаш ме терала да си ја замислувам вивидно приказната што ја раскажува во песните. И секако бидејќи сакам и поп музика.
Исто никогаш не разбрав зашто толку хејт и подбив добива посебно од другиве музичари што се, Ники Минаж не испушта да ја хејта, Кање Вест, Кети Пери..
Тејлор добива хејт ради две причини. Прво, оти не е self-made, туку паричките на тате дадени на Big Machine ја направија позната пејачка. Второ, оти дејта само познати момци и сите ги користи само за да напише песни во кои ги плука после раскинот. Ај, еден не чинел, двајца или тројца не чинеле, ама за сите бивши да плука негатива не е ок. Невозможно е баш сите да не чинат. Плус, целата нејзина дејтинг историја покажува дека она е таа со commitment issues. Незрела е. Поради ова и многумина веруваат дека и врската (дури и евентуален брак) со Тревис нема да потрае, а и ради фактот дека Тревис има скроз различно политичко гледиште кое она не го поднесува. Јас лично немам некој прејак хејт, но од овие причини ми е одбивна и само 2-3 песни ми се ок.
Преку разноразните разделби човек може само да дојде до онаа точка на себе-зрелост, каде на највисок степен развива темелно сфаќање за сите чувства кои минале низ него. Преку процесот на себенабљудување се создава најдобрата себегрижа, а преку валидирањето на сите чувства се гради цврста врска со внатрешниот [јас] човек, која патем ништо не ја ништи. Или, упростено, не постои нешто со кое не можеме да се износиме (силата е често одвнатре, стекната од тивко набљудување и секако, валидирање). Отпорот е тој што ровари. Клише или не, животот во две-три реченици. Молам.
Манастирите каде што има монашки живот (па и да нема) не се за кафенце + цигарче Кафе е нај океј, ама сите со цигарите, излезете надвор и пушете колку сакате, непристојно е внатре!
Љубовта може да се купи. Филмови базирани на книга се многу подобри од самата книга. Бурекот е само со месо. Се останато е пита. Кога си на гости послатко ти е да јадеш отколку дома. Британскиот хумор е досаден, воопшто не е смешен и луѓе се смејат зашто мислат дека е ИН да си фан на британски хумор.
Мене само не ми е, зависи каде на гости, ама кога сум кај некој што не го знам толку добро не уживам во храната повеќе мислам дали ми ја измиле убаво вилушката, чашата и кој јадел/пиел пред мене со мојот прибор.
Мене повеќе незгодно ми е да не си речат дека многу јадам. А инаку за вкусот стварно некако ми е повкусно во туѓа куќа.