Луѓе што јадат риба, морски плодови, суши имаат лош одор/мирис, а притоа не се свесни за тоа. Посебно тие што имаат проблеми со дигестивен систем. Шпагетите се многу поубави од нудлите. Азијската кујна е прецената и невскусна. Ние живееме 10 пати подобро од нашите родители, 20 пати подобро од нашите баби и дедовци. Луѓе што нон-стоп купуваат гардероба имаат недостаток на самодоверба и бараат валидизација од другите.
Па бебиња сте секако , не е до вас до нас е . Јас никако да се свестам дека има полнолетни родени по 2000та
Ова што бидна со нечистење на Скопје пред изборите беше политички наместено. А ние како граѓани само страдавже за туѓ бенефит.
Држењето лутина и терањето инат никому не носат ништо добро, посебно не на тој што ја држи лутината и што се инаети. Повеќе боли и повеќе се каеме кога сме одбиле да простиме, да се потрудиме да разбереме некого, да се ставиме на местото на другите и да искомуницираме со него/неа за тоа што нѐ налутило/повредило/разочарало, отколку кога сме дале шанса да се среди ситуацијата. Тука не зборам за ситуации каде што има насилство, малтретирање, токсични врски, неверства и слично, таму нема простор за простување во никој случај, таму си идеш без да се свртиш назад. Мислам на ситуации каде што личноста згрешила еднаш, направила некоја поголема грешка што можела да се поправи, или дошло до мало недоразбирање, а ние не сме ѝ дале простор да ни објасни што, како и зашто, туку одма сме пресекле. Сме држеле лутина, бес, па дури и сме сакале да ѝ ,,вратиме", сме ѝ посакувале сѐ најлошо. Тоа не води нигде. Треба да научиме да простуваме, зашто и нас некој некогаш ни простил, безгрешен човек едноставно, не постои. Под простување не подразбирам дека мора се вратите во контакт со тој бивш партнер, роднина, пријател, кој и да е во прашање, небитно, туку само да му простите за вие да си имате мир, да не живеете со лутина и омраза, да им посакате сѐ најдобро и да си продолжите напред мирно, на раат, без никаква лоша енергија од минатото.
Пиење алкохол секој петок и сабота не е умерено пиење. Умерена зависност e. Ако секое излегување не може да ти помине без алкохол, си имаш проблем.
Во 90% од времето ако не и више слушам музика од исклучиво машки артисти. Милион пати подобри се од женските, ма скроз целата музика е поубава и појака, енергијата, баш се'. Ми годи. Не ми е толку јако коа не е изведувачот машко, нешто ми фали..
Кога сте кај годините прочитав пред некој ден дека стареењето почнувало по 25та година. Имам уште некоја година фора да бидам млад..
Талкачиве по молови што прават гужва измеѓу за надополнување на внатрешното чувство на припадност, не се добри личности. Оние во први редови за теми како инклузија, се сè, само не заштитувачи и унапредувачи на правата на оние кои се засегнати од темата. Некои го прават тоа само зашто нема како да се протнат во општеството, работат и се себепромовираат на штета на немоќните.
Да се роди дете не е најнормално нешто што треба секоја жена да го искуси. И нема право никој на никого да го кажува тоа и да се обвинуваат и осудуваат младите зошто немаат деца и, Боже мој, за намалување на наталитетот во државичката. Да, секој ден се раѓаат огромен број деца во светот, но бременост и пораѓај е процес низ кој не сака секоја жена да поминува.
Пушачите се едни од најсебичните луѓе кога се работи за нивниот порок. Спремни се да пушат и во присуство на непушачи кои не можат да поднесат дим, луѓе со осетливо здравје, деца, бремени, места каде што не се пуши, битно нивното задоволство да не се ограничи. Спремни се да скратат и од храна на сопствени деца, ама од цигари не. И да се трудни ќе пушат и болни да се ќе пушат и да се утепаат од кашлање пак ќе пушат.
квасев и воздух ниту брашно има внатре. и тој грахам сета линија таа е таков, јас си купувам тонус или евентуално ржан леб го има во кам ми се чини (или веро беше) како топка е тутре едно големо кафен леб. една кришка и те најадува без адитиви и квасец барем така го рекламираат. од белиот два такви не ми се доста а домашниот бел леб една кришка и тупан не можам повеќе.