Тоа што одредени зависности се пренормализирани и не се директно деструктивни, не ги прави минимално штетни. Интернет зависност, порно, шопинг...не е кјут да потрошиш цела плата на тему, загрижувачки е. Се надевам дека во вукојебинава ќе дојде ден кога ќе почне масовно да се едуцира за зависности и да се пристапува во склоп на наука, а не со страшна осуда или enabling, двата начини кои се најчест одговор на кризи на ментално здравје на тукашново население.
Ко сите да не сте зависни од сето ова набројаново Денес од многу нешта сме зависни, дали тоа е нормално, знам дека не е, но што да правиме, многу тешко или невозможно е да се надмине. Дај да те видам издржи без телефон неколку часа, ни малку да не го чепнеш, исто ко да не постои, без да почнеш страшно да се нервираш. Издржи без музика во текот на денот. Не можам да замислам да идам без слушалки, буквално искачам од таму кај што сум била, ги ставам.. Ко да не можам веќе во тишина да сум, неудобно ми е, и нонстоп само стимулации.. Не е више ни до желбата за музика, него потреба невидена станало ова. За шопингот исто, зависни од тој ебан конзумеризам, па една јака желба коа ќе се јави да мораш да го имаш нештото, абе ќе пукнеш готово ако не земеш, те јаде нешо од внатре, мир не ти дава. Секако дека не е нормално.
Секако дека на конзумеризмот не му оди во прилог да бидеш ,,без-зависен,, ...или...независен...како во вукојебината, така и во светот...и пошироко
Кој е поентата да имаме форум, пишан медиум за искажвање на наши мислења, ако не мрзи да пишиме и користиме AI? Ме иритират и ми сметат мажи во женски простори. Провидно е.
Вегетаријанството и веганството се вечно мачење душа и гладување. Јадете месо, не мачете душа. Психотерапија е псеудо наука. Залудно фрлени пари и губење време. Не постои здрава или нездрава храна. Постои само вкусна и невкусна храна. Луѓе што се опседнати со нечиј живот на селебрити и инфлуенсери се во просек помалку интелегентни. Нема нешто поглупо од сончање на тело и дремење на плажа.
Таму каде што не ме викаат на слави, ич нека не се мачат за родендени. Кога не може на скромно да ме викаат, на големото ич не сакам. #НЕзародендени
Не можам да ја смислам комбинацијата од јајца, туна и јогурт во едно. Колку и да е протенска или не знам што, гадно е, некој да им каже на фитнес гуруата на инстаграм.
Обичен, благ, нежен детски крем го прави мнооооогу поубаво, помеко и понежно лицето, отколку сите тие 1345555 продукти за скинкер. Докажано.
Луѓето со ХИВ не се дискриминирани колку што се зборува, особено жалопојките дека биле осудени на живот без партнер и треба да одговараат ако намерно заразуваат други луѓе.
Никогаш не сум оправдувала жени што инстантно преку ноќ се мажат со сосема трет, ама и те како ги оправдувам ако до себе имале некој слеп. Или, што вика една, ќе се исчовечи отпосле, по црвениот картон. Вака кога ќе размислам, скроз коректно си кажува(ла).
Lindt чоколадата не само што не ми се ништо посебно, туку и ми се бљак. Океј кремасто е, се топи во уста...да, затоа што доминираат масла наместо чоколадо
[ФОТО] Сите ја споделуваат мапата на која е прикажана најпознатата личност од секоја европска земја: На неа се дури двајца Македонци – погодувате ли кои? Кликам на постот, одговорот е: Мајка Тереза и Александар Македонски. Добро, и? Каде се Македонциве?
Никогаш не би фрлила пари на парталчиња од Окаиди/Обаиби. Кај астрономски цени, таму пола производи мешани со полиестер, полиамид, акрил итн.