Децава што пораснаа со пандемијава, со Zoom часови и сега со AI, се со сериозно уназаден психички, когнитивни, академски, социјален и секаков друг развој.
Не дај боже никому да затреба. Тоа не го менува фактот дека е псеудо наука и фрлени пари во ништо. Луѓе што имаат нарушено ментално здравје треба да се обратат на психијатар и соодветна установа.
До некаде се согласувам. Со оглед дека денес која мајка изгубила дете ќе го најде на физолофски да учи за психолог. Никнуваат како печурки.
Ова не е непопуларно мислење, ова е факт. Психотерапија не е наука, терапија е. Не сите имаат нарушено ментално здравје а уште помалку се сите за во установа, ама сите имаат психа. Што уствари сака да каже писателот?
Па денес секој може да биде се што сака. И доктор, и психолог, и министер. Фала богу, среќа што во мк нема нуклеарка. Некои професии би требало да бидат животен позив што се вика, ама ретко кој ги работи така, на сите им се само начин за преживување. А тогаш е нивото кое што е- незадоволителен минимум.
Психотерапија не е терапија. Терапија е кога ќе зема соодветни лекови препишани од сооведна установа и од соодветен лекар. Депресија и анксиознот не се лечат со психотерапија. Факт. Денес стана модерно секој да има “дијагноза“ и психолозите перфектно се вклопија во тој тренд.
Светската здравствена организација, Американската психолошка асоцијација и Европската психотерапевтска асоцијација ја признаваат психотерапијата како ефикасен третман за анксиозност, депресија, траума и многу други состојби. Тоа е официјална терапија, без оглед дали користи медикаменти или не. Лекови не се секогаш потребни – терапијата може да биде психолошка, физиотерапија, логопедија, па имаш Когнитивно-бихејвиорална терапија (CBT) со која се лечат на пример зависници од коцкање (нешто што ниту еден медикамент не може да излечи), па гештал терапија, системска семејна терапија итн. А дека значително се прошири опсегот на дијагнози, за тоа се сложувам. Многу распрдени и размазени деца денес ги дијагностицираат со ADHD, а реално им требаат само построга дисциплинска терапија. Демек немало фокус детето, а дај му таблет со игри, нема да трепне, 2 саати непрекинат фокус ќе има и сите нивоа во играта ќе ги помине
Терапија е кога јас ќе си скршам рака, да ме стават во гипс, и после да ми ја вратат подвижноста со физикална терапија. Постојат и ,,скршени,, психи. Или души. Зошто и кога терминот ,,душевно здравје,, го заменивме со ,,психичко,,? Дали депресија и анксиозност се лечат со психотерапија појма немам. Можеби се лечат и со комбинација на билки. Можеби не е болест што треба да се излечи, туку состојба која треба да се надминe со нечија помош? Иначе оди играј ракомет, со рака што ти била во гипс месец дена, мислам why not? Еве, со парацетамолче плус.
На психотерапија не се иде само за депресија и анксиозност, може да има мал милион причини ради кои некој би имал потреба да посетува. Секако дека за озбилни психички нарушувања е неопходен психијатар и фармакотерапија, тоа е уствари и разликата помеѓу психолог и психијатар. Не е точно дека анксиозност и депресија не се лечат со психотерапија, лечењето може да биде комбинирано (психотерапија + фармакотерапија), дипломската ми беше баш на оваа тема и истражував многу, знам што зборам. До негде се слагам дека професијата психолог е доста злоупотребена и дека кој стигна се запиша на психологија, термините депресија и анксиозност се злоупотребени и како да е некој тренд да сме депресивни/анксиозни, луѓе мешаат депресија со тага и сами си даваат дијагнози без да посетат стручно лице, ама тоа е више друг муабет. Како што кажа @Biljarkata денес секој може што сака да стане, ама тоа го имаш во секоја професија, не е само психологијата. Има и многу добри и посветени, квалитетни психолози, лично мене ми помогнале и не е фер сите во ист кош да ги ставаме. Пример, некој доживеал загуба на член на фамилија, тешко му е, не може сам да се справи со таа болка и траума, што има лошо во тоа да побара помош од психолог?
Психотерапија спаѓа во воспоставена легитимна терапија за сите ментални растројства, заедно со таблетарна терапија. Ова е факт, не ти тоа што го тврдиш. Психотерапија може да изведуваат и психолози и психијатри, со соодветна обука. Фокус на содржина што предизвикува да се излачува многу допамин за многу кратко време не е вистински "фокус", а истовремено и децата/луѓето со адхд имаат зголемена тенденција да станат зависни баш од вакви активности. Така да логично е зошто тоа дете нема да трепне пред таблетот.
Не треба да се дава пристап на интернет на лица кои ем се неписмени, ем негираат терапија која докажано спасува стотици животи годишно.
Омџ, кој шок ликов пиша непопуларно мислење у тема Непопуларни мислења и сеа ќе го дрвиме два дена. Аман.
Некогаш треба да размислиш логички малку.. Како што има хирург ортопед и физикален тераперд едниот ти дава лекови другиот без лекови го надополнува, така има и психолог и психијатар. Терапија не е само со лекови. Не е тренд денес да се биде депресивен, туку многу повеќе се обрнува внимание на психичкото здравје од порано. Не е секој со некое психичко нарушување за установа и за лекови. Ова е исто како на секоја повреда на рака да мора гипс.. Не е срамота и губење време да се оди на психолог.. Многу често луѓето се смеат на ова "хахаха во мое време немаше вакво само си измислувате нешто", па добро и прабаба ми не одела на лекар кога ќе скрши рака ставала дрво и замотувала со крпа да и зарасне.. Што и вие така не лечите скршеници? Мора одма доктор?
На поголемиот дел од луѓето не би им требало терапија само кога би престанале да толерираат толку идиоти (вклучувајќи се и себе си). Ќе умрам на тој рид.