Сус таму, разгалена една. - Само зошто некој седнал со четката да трзни две линии - не значи дека е уметност. Уметноста има приказна и има длабочина.
Па незгодно е малку, душа некако звучи ненаучно, психа си е таман... 21 век, луѓево на Марс ќе летаат, сите реликвии од минатото во вселенски центри ќе ги претвориме
За да звучиме “пософистицирано”. Иначе не по врат, по шија. Душа и психа е исто. Психа/психи на грчки е душа. Душа го доживуваме повеќе фолклорно.
Оставете ги децата да бидат деца! Децата сакаат дизни ликови, шарена облека и играчки, а не да бидат облечени во најновата беж колекција, со фризура и чанта и изгледаат како минијатурни возрасни. Барем не им крадете боја, игра и фантазија. Нека си ги носат нивните омилени ликови, нивните шарени блузички, нивните глупави, смешни, детски избори зошто тоа е здраво. Вашата желба за да ги облекувате како возрасни и да им го постирате секој чекор на социјални мрежи-не е!!
Снегот од пешачки патеки и тротоари и СКАЛИ не треба целосно да се остранува, туку треба да се остави мал слој, оти после тоа патот замрзнува и станува лизгав, дури не се ни гледа мразот и човек у заграда јас редовно се утепува па затоа оди по снег. Да, затоа се фрла сол, али реално не сегде фрлаат.
Воздухот во Македонија и Скопје не е загаден. Напротив, 20 пати е почист од што бил пред 40 години. Не е на ниво на развиените евроски земји, но е перфектно чист и здрав. Целата реторика околу воздухот и загаденоста има политичка позадина. Ништо повеќе. Народ ко народ, Не проверува факти, туку апсорбира се што му се сервира како наратив.
Нема факти дека е презагаден. Напротив. Фактите говорат дека е воздухот е нормален и чист. Почист од многу делови на светот. Класичен overreaction на популација и наратив кој се турка заради политички цели. Посебно од невладиниот сектор. Ништо друго. Обично создавање параноја кај популација која е дигитално неписмена и не знае да провери факти. Слободно излези си надвор, движи се, шетај, диши воздух, уживај. Перфектно е чист и ништо нема да ти биде.
Оф, да знаеш каков отпад се увезува од европски земји да се пали кај нас за страшни пари, пошто логично не е легално у ниту една земја. Whatever makes you sleep at night.
Непопуларно мислење: не можи да имате "мислења" за факти, за нешто што го гледаме и докажано е. Не можам да "мислам" дека земјата е рамна. Така и со воздухот. Гледаме, се труеме, кашламе, луѓе заболуваат од канцер. Нема тука што мислење да имаш.
Убаво е да си напушен, да си фантазираш и живееш во делузија. На крај ќе испадне подолго и посреќно ќе живееш
Човек што живееше цели 14 години во Скопје,притоа водеше многу здрав живот без сокови било какви,без процесирана храна,без индустриски шеќери и слично,редовен спорт и т.н во Русија во државна и приватна институција му најдоја рак и покрај многуте испитувања заклучокот беше вдишувања на токсини и не-квалитетен воздух. (Немаше врска работата што ја работеше со тоа нити па беше пушач). И не е само тој случај еден куп вакви се за жал...
Фактите се пред твои очи. Не се увезува никаков отпад во Македонија. Повторно дезинформација која се шири по социјални мрежи или рекла-казала муабет. Македонија нема никаква тешка индустрија со што би загадувала воздух. Бензинот одамна веќе нема биохемиски компонентни како сулфур што загадуваат воздух. Во Македонија веќе одамна не се возат автомобили како Фиќо, Москвич, Југо, туку претежно автомобили од ЕУ со старост од 10-15 години кои се со нова технологија и загадувањето е сведено на миниум. Поголем дел од домаќинствата во Македонија се грејат на парно, гас, клима, термо отколку со дрва како што било во минатото. Сите показатели одат кон тоа дека денес 20 пати е почист воздухот во Македонија наспроти тоа каков дишеле твоите родители за време на Југославија. Немаме швајцарски и алпски воздух, тоа е точно, но тој што се дише во Македонија е комплетно здрав. Ова е уште помалку веродостојно. Не знаеле да откријат причина, па лупнале дијагноза. Со што тогаш има покачување на бројот на заболени во Швајцарија и Австрија? Кои важат за земји со чист воздух и генерално убава животна средина? Between 2013 and 2017, an average of23,100 new cancer cases in menand19,650 new cancer cases in womenwere diagnosed annually in Switzerland. This represents an8.5% increasecompared to the period from 2008-2012. For the year 2021, researchers estimated48,300 new cases, which could lead to another increase by 2024. https://aeon.life/en/blog/cancer-statistics/ Фала многу.
Парно и гас во поголем дел од Македонија Ти мора да си од таа партијата Интегра Да, мислам и космодром дека има, во Битола, ама таен е И рудник на дијаманти, исто Моите родители купија прва кола пред 45 години. Знаеш колку коли имаше тогаш по улици? Отприлика 3 Он топик-мислам москвичите, спачаците и југата да се вратат на улица, поарен ќе биде воздухот.
Тие возила во Југославија загадуваа како за 500 нови. Се шегувам. Точно е тоа дека денес секое семејство има во просек 2 автомобили, точно е и тоа дека во просек возиме увезени автомобили од ЕУ со просечна старост од 10 години, но сите тие се произведени со технологија која малку загадува. Плус, бензинот денес нема сулфур и азот. Во Македонија највеќе се “загадува“ во период на подготовка на зимница и ајвар. Но и тој тренд веќе се намалува затоа што повеќе семејства денес купуваат наместо да прават.