Ова е само во Македонија непопуларно мислење, но понекогаш возење во лева лента значи дека вртиш лево. Недај Боже да му го заземеш патот на нивното височество брзи шоферишта, одма блендираат, свират и пцујат да им се тргнеш десно. А ти само сакаш да свртиш лево..
! Македонија никогаш во својата историја немала толку висок животен и економски стандард како што има сега. Кукањето е национален спорт во Македонија наместо решавање проблемите и луѓето патат од дислексија при препознавање на реалните состојби, па затоа треба да се отргнат од тие бумерски муабети на нивните родители дека порано се живеело многу подобро и како денес се пропаѓа. ! Здравството во Македонија треба комплетно да се приватизира. Се да се плаќа. Со тоа луѓето за своите пари ќе добијат 500 пати поквалитетно здравство и услуги. ! ГМО храната е убава, здрава и едно од најголемите достигнувања на науката. ! Мажи и жени (посебно жени) што даваат пари на лајф коучи/психотерапеути не заслужуваат подобро во животот. При толку начини да се информираш денес и да испукаш пари на продавачи на магла, тогаш веројатно не заслужуваш подобро. ! Месото е есенцијално за човечкото здравје. Веганството и вегетаријанството треба да биде забрането за жени кои сакаат да се остварат како мајки, затоа што бебето/плодот не ги добива сите есенцијални витамини за негов развој додека е во стомакот.
Wtf!?!?!?!?!?!?!?!?!?! Ти нас колективно не тролаш на форумов, или сакаш да ти реплицираме намерно за да си во дискусија?
Не тролам никој и не сакам темата да биде “how to make all about me“. Не патам од внимание. Сите работи што ги изнесувам ги поткрепувам со научни докази и факти. Темата служи и за тоа. Да се разбијат митовите и стереотипите кои се пласираат секојдневно.
Темава служи да кажи некој непопуларно мислење и машала ти секогаш си on topic. Ако сакаш да збораш за "докази" и "факти", кои патем ни еден до сега не е поткрепен шо си пишел - одбери соодветна тема и ќе дискутираме. Од принцип избегнувам дискусии тука зошто се побива поентата на дискусија во тема шо не е наменета за то, туку е наменета сите да споделат свои лични контроверзни ставови и притоа да остани на то. ---- За да не сум целосно off topic - јас мислам дека е факт, но воедно мислам дека не е популарно мислење -> можиме да го репрограмираме телото да сака одреден тип храна (микробиомот да го "репрограмираме").
На ова морам да коментирам со едно популарно мислење-да, затоа Америка има најдостапно здравство у свет, и се најздрави и најубави како нација. Пс. Гмо храна е забранета во Еу, не знам како успеа да бидеш најубаФ без неа
Ме интересираат докази поткрепени соодвено, а не со политичка позадина. Очигледно сакаш контроверзни дискусии да водиш по форумов, уште па поткрепени со докази биле, еве чекам да видам.
Двеста етикети ми налепивте сите Ако продолжам дискусија ќе биде пак овој трола и свесно сака да биде центар пажња. Не патам од внимание, ниту ми е целта тоа. Затоа не ги полнам страниците со мои мислења
Не е забранета ГМО во Европа, само е регулирана. Реално Америка има се најдобро во свет. Бар 50 години пред остатокот. А и жените им се бомбони. Тешко дека некоја од Македонија или остатокот ќе им парира. Само 3-4 земји во свет може да им парираат
Да им парираат во што ? Во лгбт+бсјдкд? Во бездомници-зомби? Во жени што се пораѓаат дома поради немање средства за нега во болница? За нормализирање на секс-дрога од најмали години или за имање 10 бејби мама и 10 бејби деди? Најаки се можеби од безбедносна перспектива ете и економска ама се друго им е шит. Ни за пари моја фамилија не би носела таму. Остани си најубаф и јади си гмо.
Да бе, мерните станици кои мерат честички се платени од Сорос...можда и ти коа дишеш воздух и кашлаш од што те иритира халуцинираш уствари, а реално се наоѓаш на Алпите. Белодробните болести исто така ги измислуваат. Ах, да имав ваков памет полесно ќе ми беше. Непопуларно мислење: објективен факт не може да е предмет на мислење.
Најголем причинител за канцер на белите дробови во Македонија е прекумерното пушење (над две кутии дневно). Над 50% од популацијата во Македонија е активен пушач. Во Швајцарија секоја година има 4500 нови случаи на рак на белите дробови со тенденција на покачување. Според вашите параметри е земја со генерално многу чист воздух. Од што тие луѓе тогаш добиваат канцер? https://www.usz.ch/en/disease/lung-cancer/ Воздухот во Македонија не е идеален споредено со Швајцарија на пример, но е сосема здрав и во нормала. Ние немаме никаква тешка индустрија со што би загадувале било што. Многууу децении. Ако сакаш да видиш што е загадување оди во Индија, Бангладеш или Кина. Пренаселени + масовна тешка индустрија.
Сега сфативме, твоите непопуларни мислења уствари биле базирани на еден многу популарен македонски став “ќути, има и полошо”.