Не сум некој верник којзнае каков, два-три пати дали идам у црква у годината зашо Господ не е само у црквата ама ваљда не мислиш и за Канео вака? Па мене езерото и Канео над него баш ме асоцираат на Охрид и најголемата убавина на Охрид произлегува баш од нив. Дефинитивно најубавиот град у државава. Само луѓето да беа малце поарни. Ете, уште едно непопуларно мислење - охриѓани се најтерсене луѓе во Македонија. Без навреда.
Не е само до црквите, туку и смиреноста и тишината на езерото некако обзема, безживотен ми е градот, па колку сака луѓе нека се слеваат во лето.
Хахахахах гробница вајбс Охриѓанка сум, се сложвам, Охрид е депресивен освен на лето. А дека сме терсене да веќе е попоуларно Иако терсене е цела МК.
You just said the impossible. Sorry Едноставно,не е возможно.. Премногу тврдоглави постојат на форумов,па и надвор од негo,што не почитуваат туѓи мислења.. Кај не се во право,па уште се објаснуваат со тебе,за да ти докажуваат некои нивни глупи размислувања,што не те ни интересираат. Као,не ме замарај и џабе..не прекинуваат и продолжуваат да се докажуваат и манипулираат со вистината,ко живот да им зависи од туѓа афирмација...
Песните на покојниот Тоше Проески не се ништо посебни, повеќето воопшто и не беа негови песни туку на текстописци. Исто така дел од мелодиите биле првично напишани за грчки хитови кои со дозвола на композиторот Фивос биле дадени и за македонската продукција. Ниту тој самиот беше нешто посебно како пејач - естрадна ѕвезда како и секоја друга, луѓе зад кои стои извесен менаџмент. Луѓето непотребно и без негова дозвола направиа култ од неговиот лик откако загина. Не би требало да се именуваат објекти и фондации според неговото име.
А кога веќе се спомна Охрид, и ја имам едно непопуларно мислење. А тоа е дека Охрид не е скап град, има за сечиј џеб, исто како и останатите градови.
Ooo лепота и рај ви е таму, остај ти таа работа. Скопје бар 1% да ја имаше таа смиреност, тишина и нехаотичност, сите ќе бевме посреќни, верувај. Ти значи сакаш раздвиженост и помалце хаос? Јас сосема спротивното.
Не сериозно.. онака гледам пука балонов розево рецимо се. Живи среќни, скокаат се гушкаат се бацуваат, ред солзи ред мрсули. Татица ја бацува мамица у мев.... Wtf??? Што ако беа сини балони(имам прашалници над глава). Не, не ми е убаво кога ќе отидам на свадба без дете и истото го оставам дома со 70 годишна баба. Го родив зошто сакав, никој не ме присили. Ако сакам да шетам без шминка, значи така ми е убаво и удобно. Ако не купувам од бренд и од најскапо, не значи дека немам пари туку дека не ми се свиѓа. Мразам коа некој ми објасниува колку е нешто убаво, а мене ми иде даси брцнам два прста у уста и да повратам. Не не давам 90е за апартман на одмор во кој само ќе преспијам,кога има апартман и за 40е. Темава повеќе како исповед испаѓа.
На програмерите не им е работата само да дремат на стол цел ден и да гуглаат, како што многумина си мислат. Докторите ги потценуваат докторите по ветеринарна медицина. Никој не го интересира колку плата зима некој негов познаник. Молчењето е злато. (во одредени случаи). Гледањето турски серии не опушта и релаксира, туку вознемирува. (за љубителите). Мачките немаат 9 животи. Кучињата не се по дифолт поагресивни од мачките. Куче што лае, каса. Рекламиве на форумов не нè иритираат.
Милка чоколади (вклучувајќи и милка орео, ресани, бонбониери) се преценети и не се нешто посебни, грди се и преблаги на вкус.
Се е во минатото.Од него произлегува и сегашноста и иднината. Мудрост и рецепт за живот се приказните на старите.
Тоа што имаш деца не те прави повеќе вреден од луѓе без деца. За да си поминеш убаво не мора да се пијанчиш/дрогираш. Кафани се уствари многу досадна ствар. Шпанските серии беа поинтересни од Турските Касандра > Жаде