Јас би рекла дека во првата точка има дел вистина. Можеби не е број еден проблем, ама е во топ пет. Луѓето масовно купуваат тони ѓубре кои после завршуваат во ѓубре. Таа пластика која ја купувате нема да се распадне ни за еден век и нормално дека ќе се запали на некоја депонија. Никогаш не се купувало толку многу, а толку ефтино. Конзумеризмот, односно неконтролирано купување е огромен еколошки проблем за кој не се зборува воопшто, а индивидуална одговорност тука треба да постои. За другото, немам коментар. Ваљда УСА кај што секој ден се пукаат по школи е прекрасен пример за розевите страни на слободно поседување оружје.
Донација за да се изгради/реновира црква не е хуманост, барем не е некое добро дело. Хуманост вклучува дела кои помагаат на општеството, особено ранливи категории. Донација за луѓе со посебни потреби и потреба од лекување, болници, школи, за одредени истражувања, помош за животни, набавка на ретки и скапи лекови, помош на луѓе кои изгубиле дом или бизнис итн. А некој што донирал да се изгради црква ништо не направил, просто кажано. Пари фрлени во бунар.
На изборот за форумџика на годината не треба да победи маж, треба да биде и против правилата да се номинира маж( ништо против членот што е номиниран). Ова е женски форум. Толку ли не можеа да ни остават едно катче само на жените.
Skin care со 5 милиони производи е многу потешко да се обавува правилно од што прикажуваат дерматолози, козметичари и инфлуенсери, особено последниве. Прво што може нема од прва да ги погодиш сите производи, а финансиски не е изводливо постојано да купуваш нови за краток период. Второ што таа утринска и вечерна рутина исто со 5 милиони производи немаш толку време да ги правиш, барем не секојдневно. Некогаш брзаш на работа и имаш време само да се измиеш, некогаш си прескапан и само сакаш да си легнеш. Трето е што голем дел од тие недостатоци некогаш се од внатрешни фактори (исхрана, хормони, стрес) а ти упорно мењаш рутини, ставаш нови, исфрлаш некои производи и уверен си дека на крај некое ќе се погоди. А не се погодува. Едно е основна хигиена и заштита од сонце, друго е кај што видов еднаш рутина со факинг 7 производи пред спиење.
https://m.youtube.com/shorts/O2TWAWTGJD8#bottom-sheet Видеото ми излезе на тик-ток и незнам дали сум јас глуп и не ја разбрав суштината и 100 пати го ислушав и коментарите ги прочитав сите се согласуваат, ама мене некако ми нема логика.. Машко сум ама не се согласувам со ова, најверојатно сите паѓаат на видеово поради првата реченица "Маж сака почит повеќе од секс" и после не слушаат ништо понатаму што се зборува се заглавуваат на првиот дел. 1. Секој сака почит и маж и жена, точно дека е важна почита, ама важна е за двајцата. 2. Токсична врска е ова, како мисли маж ќе направи се за жена која го прати, па ако маж ја сака таа жена ќе знае дека и таа сака нешто и нема да очекува слепо да го прати и да прифати се само за тој да осети почит. 3. Маж што му е важна жената нема да се осети непочитувано ако жена му каже дека греши нешто, ако му поставува прашања.. Што треба на се да ќути и клима со глава? 4. Ако сакам јас да добијам почит од тебе ќе се трудам да ја за служам таа почит, нема да чекам да ме почитуваш прво па после да се трудам. 5. Секој сака лојалност, верност од партнерот и секој ќе се почувствува лошо ако не го добива истото не само маж 6. Почита треба да обострана. 7. За да ја направиш кралица прво ти треба да направиш Кралство и станеш крал и тоа без таа жена или некој да оди по тебе и да ти аплаудира и да те подржува и следи. 8. Љубовта не бледи толку едноставно можеш да сакаш некој и кој ни 5% нема љубов за тебе. И ако сакаш не чекаш ништо за возврат. 9. Машко сум ама мажите што одат да изневерат и имаат љубовници одат за секс не за почит без разлика што дома имаат баш такава жена што прифатила се по негово, што го почитува.. 10. Мислам дека видеото е ставено како мотивационо да се оправда токсичноста на мажите, а не да се покаже како вау нешто... Тотално најглупо мотивационо видео. Уствари па и ако таа жена се прифаќа што ќе кажеш и те следи и кога грешиш знак прашање е колку те почитува...
Се согласувам потполно. Не знам зошто многу гледаат во ова како нешто инспиративно, ми излегувале слични рилс на ова, многу е токсично вакво размислување. Како жена кажувам, можиш цел свет да му го понудиш на маж, тој ако не те сака и почитува, нема тоа да го натера да почни. Почит треба секој да дава, а кога не е заслужена да се тргни, не некој да се "бори" за да заслужи нечија почит, да се "бори" за да заслужи да е сакан. Ако не е обостран трудот, џабе е сѐ.
@Amellie13 Double amen! Би сакала многу девојки и жени навреме ова да го сфатат - дека можеш да застанеш на глава и да прескокнеш вулкан, тој ако од прва не те засакал, нема да го стори тоа ни утре, ни подоцна ни никогаш, ни да вее, ни да врне, ни ако му родиш златен еднорог. И точно кога почнат со приказните како погоре видеото на Лимонич, би сакала девојките да знаат дека it is just a trap - буквално dangling carrot. Односно, маж ќе изгради кралство и ќе и го подари светот не на таа жена која го почитува, туку на жената која тој ја сака. It is that plain and simple И wait till they hear дека ова "What do you bring to the table?" мажи им го поставуваат само на жени кои не им се допаѓаат/не ги сакаат. Навистина е толку едноставно и ова ми е безброј пати видено и докажано. Па навистина многу-многу сакам да им го всадам ова на девојките во глава, if you aren't his dream girl, move on, не си го троши времето, колку и да мислиш дека си вљубена, нема да му го промениш мислењето. На крај можеш само себеси да се отсакаш и изгубиш
Нема ништо убаво во тоа да си workaholic, па уште помалку тоа да го сметаш за позитивна особина. Тие се луѓе кои што се затрупуваат со работа и работа само за да ги одбегнат реалните проблеми, а и да се почувствуваат повредно.
@Munchmallow20 Филозофијата не дава директен или физички производ како други гранки, туку го создала и го обликува начинот на кој размислува човештвото. Односно, начинот на кој размислуваме, донесуваме одлуки, поставуваме клучни прашања што е морал, правда, логика, која е смислата на нештата - со сето тоа ја развиваме општата и индивидуална критичка рамка. И врз сето тоа се заснива правото, правдата, логиката, слободата, политиката, општеството - што без горенаведеното би биле скроз без компас. Наједноставно кажано, поединецот не ја чувстувува користа од филозофијата, како на пример од технологијата, но истата е темел на начинот на кој размислуваме, дури и кога не сме свесни за тоа. Влијанието е индиректно, ама не и безначајно
Филозофија во буквален превод значи љубов кон мудроста. Размислување за нештата под површината и она што ја создава суштината на нештата. Секогаш кога се дискутира за одредени прашања кои нѐ засегаат од општествен, морален или етички аспект, и тоа е еден вид филозофска дискусија. Филозофијата е втемелена во секоја гранка на нашето секојдневие и заедничко функционирање, не е нешто кое постои изолирано за да го исклучиме како непотребно.
Мене јасно ми е што е филозофија. Ама некој што има дипломирано филозофија, што работи? Каде може да помогне? За што можам да го прашам за совет? Пошто си има башка смер.
Поткастите се новите кооперации, каде што секој за се е стручњак и секој со 2 ГБ интернет може да се прави експерт.
@Munchmallow20 Дипломиран филозоф не е струка со фиксна професија, да речеме како архитект, туку профил. Филозофијата не те обучува за една работа, туку за начин на размислување за важни сектори. Односно, создава луѓе кои вистинско - критички размислуваат и помагаат во носење одлуки што е исклучително важно за повеќе сфери, иако на прва на многу не им изгледа така важно. Тие луѓе потоа работат како професори, истражувачи, во образованието, медиумите, јавните институции, по комисии, како бизнис советници, советници за комуникација и стратегија, аналитичари итн. Можеш да ги прашаш за било каков критички совет, аргумент, морални дилеми, помош за носење одлуки, професионални совети во однос на дадениот сектор и општо, поширок опсег на општествени прашања
Мене лукот не ми мириса лошо, дури и секси ми е, инспирација за оваа болештина која ја пишав се писанија на форумов. Многу сакам лук, во манџи, салати, ептен шмек ѝ дава на храната.