Ѓорѓе Балашевиќ е само за луѓе со клиничка депресија кои го мразат животот. Евентуално за оние што сакаат да мрчат дека имаат супериорен вкус за музика.
Скроз.. Таков тип песнички, не само шо страшно депресивно ми влијаат, туку ме тераат и на нешо полошо.. Ја па би рекла и општо за баладите, убави се, некои квалитетни се, ама предепресивни, прават да се осеќам (по)лошо, немир ми ствараат, анксиозност Ова не е случај толку со рок баладите, гитарите и тапаните даваат баш енергија. Дури и најмрачните метал песни не ме иритираат ко меланхоличните поп балади, не ги можам. Ќе промрчам малку и за Божиќните песни.. Лигави, прелигави, преценети и екстра досадни.
Муабетите од нестручњаци дека одредена особа требало да пие терапија за наводно ментално нарушување (а притоа немаат појма од нејзина дијагноза и состојба) се опасни. Помалку опасни од "не ти требаат лекови" ама сепак опасни.
Поддржување, величење, идолизирање на големи лидери кои прават било какви злосторства при кои гинат луѓе, не те прави паметен и начитан за геополитика туку тешко одвратно ѓубре без емпатија.
Единтвената причина поради која никој не ја хејта оваа (инфлуен)СЕРКА е оти не е конвенционално атрактивна...
Родителство е биолошки императив, не гаранција за давање безусловна љубов. Многу луѓе не си ги сакаат искрено и вистински своите деца и само потвесно играат улога на посветен родител. Не се ретки луѓето кои немаат капацитет да чувствуваат длабоки позитивни емоции кон другите луѓе, туку поседуваат само ограничен потенцијал за љубов, па природно истото ќе го манифестираат и кон своите потомци. Знам дека е неудобно да се слушне, ама е вистина - особено во ситуации кога играат фактори како социјален притисок да се стапи во брак и да се одржи некаква репутација.
Оние што ги оставаат децата во дом си ги сакаат? Оние што чуваат деца за да можат да просат за нив на улица ги сакаат? Оние што имаат деца за да ги користат како работна сила дома ги сакаат?...
@Angie1432 I double agree. А најпрво сагата почнува од тоа што се во врски и брак со луѓе кои не ги сакаат. @Mr.Limonko Не мора само да се однесува на таа категорија на луѓе. Туку и на луѓе кои навидум имаат нормално семејство, се образовани, финансиски добро, а функционираат за пред роднини и на Фејсбук. Не сте свесни колку многу стапуваат во брак и имаат деца, само за да изгледаат "нормално" во општеството
Реално, не е секој за дете да има. Тука не подразбирам само сиромаштија, склоност кон насилство и сл. И многу "сосема нормални луѓе" не се за деца, но го прават тоа ради притисок од општеството. Како прво сите сингл и без деца сме почувствувале како е на слава или на гости кога те буцкаат за тоа (а колку е тоа без осет, бидејќи не знаат дали не сакаш или не можиш тогаш). И ден денес оние кои поради сплет на околности не успеале да основаат семејство а им поминале годините, се гледаат како пропалици кои немаат смисла за живеење. И истите кои ги гледаат како такви, мислат дека сите родители си ги сакаат децата, а реалноста баш подруго кажува.
Се согласувам, ама ги набројав само оне ситуации кај што е многу очигледно дека ако си родител не секогаш си го сакаш детето.. Немора да си родител за да видиш дека родителството не доаѓа само со тоа што си станал биолошки родител... Секој од нас има барем еден познаник / пријател за кој мислел дека има совршен живот и родители, а кога седнал да разговара со тебе за семејството всушност гледаш дека никогаш немал љубов..
@Amellie13 Луѓето први трчаат да прашаат некого зошто не е во брак и со деца. Ама ти нив ако ги прашаш зошто тие се во брак и со деца, повеќето вака те гледаат - caught off guard, ми нисмо одавде
Кога сме кај деца, исто чудни ми се луѓето што се замараат и стресираат со пад на бројката на човечката популација и коментарите од типот "Кога одев јас на училиште 40 деца бевме сега по 10 се". Што тебе ти менува бројот на деца и луѓе? Јас сосема поинаку гледам на ситуацијата, колку сме повеќе толку сме по штетни, не сме единствени што живеат на планетава, а со зголемување на нашиот број се зголемува и уништувањето на живеалиштата на многу други живи суштества..
И ти површно ги набљудуваш другите луѓе од надвор, на исто ниво ко мене. Темава е непопуларно мислење, не пронаоѓање во туѓо мислење.
Не е проблем тоа што популацијата е во опаѓање, баш напротив, секако планетава е пренаселена. Проблем е во тоа што баш најнеконтролирано се репродуцираат од оној вид од кој најмалку ни е потребно да го имаме на планетата. Се извинувам на исклучоците ама точно знаеме дека најнеобразовани, луѓе без самосвест, затуцани и да не речам штетни за планетава луѓе најмногу се размножуваат. Тие нации што го носат прогресот најчесто имаат најмал пораст на популација. И така еден ден ќе ни се деси Idiocracy.
Колку поголема самосвест толку попретпазлив си за важни работи како родителство и поголема е веројатноста да се одлучиш да не раѓаш. Би се изненадиле колку ретки се тие кои навистина посветуваат доволно љубов и внимание на децата. Колку пати сум сведочела и на деца кои се родени во богата фамилија ќе речеш имаат и услови за подобро растење па пак не им се посветува внимание. Тие па воопшто не ги разбирам.
Ако може да се надоврзам Мислам дека и голем дел од тие родители "сакаат" све додека другата личност, у случајов детето слепо ги слуша и им следи наредби ама се убедуваат себе и другите дека многу си ги сакаат децата. Све дур не потпорасне детето и не почне за некои работи, макар и ситници да одлучува само, тука им се крши егото, па ама јас за тебе знам најдобро, ама ти не знаеш и упорно пак ги убедуваат другите дека е од љубов. И све мислам дека им е некој комплекс да бидат над некого оти претходно никогаш не можеле, па создавање потомство им е единствен начин да се осеќаат исполнето. Не можат со партнер, со пријатели, со колеги, а со дете можат многу лесно.