Форумџика на годината

Непопуларни мислења (Unpopular opinions)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DaisyDoo, 6 септември 2023.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    26.337
    Пол:
    Женски
    Ако може да се надоврзам:D

    Мислам дека и голем дел од тие родители "сакаат" све додека другата личност, у случајов детето слепо ги слуша и им следи наредби ама се убедуваат себе и другите дека многу си ги сакаат децата. Све дур не потпорасне детето и не почне за некои работи, макар и ситници да одлучува само, тука им се крши егото, па ама јас за тебе знам најдобро, ама ти не знаеш и упорно пак ги убедуваат другите дека е од љубов. И све мислам дека им е некој комплекс да бидат над некого оти претходно никогаш не можеле, па создавање потомство им е единствен начин да се осеќаат исполнето. Не можат со партнер, со пријатели, со колеги, а со дете можат многу лесно.
     
    На Srckata28, BubamaraM, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.202
    Допаѓања:
    10.227
    @Munchmallow20 Слично како што многу мажи ја "сакаат" партнерката само ако не им возвраќа, ги слуша, е супер субмисивна.

    И тоа не е личен вкус во прашање, туку истата психологија кај родителството кое го опишуваш.

    Aka прашање на кревко его, погрешна потреба за контрола, мешање на послушност со љубов, скриена мизогинија/комплекси и сл :*:
     
    На Angie1432, LadyD, BubamaraM и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.950
    Допаѓања:
    24.347
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека имањето деца е пренормализирано и не е за секого. Повеќето го прават затоа што genuinely не знаат што друго може да се прави или мислат дека мораат. Сметам дека не може животна цел да ти биде да имаш деца, ако прва и основна цел не ти е да имаш здрава и цврста врска.

    Да се надоврзам на тоа, мислам дека 95% од бракови / долги врски не се здрави, дури иако на прв поглед изгледа дека се. На страна насилни и екстремно токсични случаеви - едните се однесуваат како некој да ги тера да се во врска со личности кои не им се допаѓаат, па остануваат несреќни, другите па се презависни едни од други и не функционираат како индивидуални личности. Има дефицит на емоционално зрели луѓе, јас би рекла затоа.

    Никој од моите блиски не е во врска за која би рекла дека е врска за пример, иако ми се драги луѓето. Не велам дека сум совршена, но ако ништо знам дека нема да сум во брак колку да се каже. Огромен плус за луѓе кои остануваат сингл затоа што знаат дека е реткост / привилегија во живот да си најдеш вистински компатабилна личност.
     
    На Bozica1980, MissChievous, boo3 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.618
    Допаѓања:
    134.656
    Пол:
    Женски
    Ова не е црно бела тема.
    Вистина е дека родителството не е за секого, но малку е претенциозно ние бездетните да носиме заклучоци за луѓе кои не ги познаваме (доволно). Со чување на помали браќа/сестри/братучеди или внуци се стакнува искуство за одгледување, но таа љубов кон нив не е и не може да биде идентична со онаа кон сопственото дете.
    Битно е да се осети таа љубов за да се процени. Тука за чудо форумските мамички добиваат поен. :wasntme: :D
    Можеме да кажеме дека недостасува љубов кога има видливо и утврдено искористување на или насилство врз децата. Кога ги нема сè се сведува на лична претпоставка.
    Што е сакање за еден човек, за друг не е.
    За некој е нормално на детето да му се плати полагањето за возачката и да му се купи кола кога ќе наполни 18 години.
    За тој човек ова спаѓа под сакање.
    Родителот се мачел да заработи за овие и не сака детето да му се мачи. Сака детето да има средство со кое некаде ќе стасува побрзо наместо да трча по или да се утепа чекајќи автобуси.
    За друг не е нормално на детето да му се плати полагањето и колата.
    За тој човек ова не е сакање, туку разгаленост која ќе го упропасти. Ова е начин на кој му се крати можноста на детето да стекне потполна независност.
    За трет човек, двајцава претходни грешат и двете опции не спаѓаат под сакање. За тој човек сакањето значи да му се потпомогне на детето, но на начин кој нема да му ја наруши неговата независност во потполност.
    Третиов смета дека на детето може да му се позајмат пари за полагање и да ги врати во одреден рок или кога ќе може. Да не му се дадат пари за кола и самото да си заработи за да ја купи.
     
    Последна измена: 9 јануари 2026 во 01:28
    На Mr.Limonko и Bratot им се допаѓа ова.
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    6.149
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ставот што си го пишала погоре само сакам за ова да искоментирам. Не мислам дека компатибилноста е реткост, туку компромис којшто многумина не се спремни да го направат.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.548
    Допаѓања:
    25.751
    Мислам дека повеќето имаат деца ради реда, зошто "така требало". Па се дават со едно, а имаат второ за да "првото не било само". Промашени цели и желби.

    А кога ќе направиш муабет, поготово поинтимен, сфаќаш дека е уште полошо. Само повеќето не се свесни за самите себе, нивното однесување, нивните комплекси. И кога не сакаат, не се свесни.

    Јас мислам дека не е толку комплекс да бидат над некого, колку што е комплекс на "јас сум постар therefore помудар, мора да ме слушаш, а ако не ме слушаш тоа значи дека сум неуспешен родител". Мислам дека мнозинството ги гледаат децата како некакво огледало што родители се они, забораваат дека децата се посебна своја индивидуа, свој човек.

    Почнувам да мислам дека не постои врска/брак за пример. Знам дека звучам негативно, патетично можда, ама таков впечаток имам, со кого и да зборувам, на крај испаѓа дека никој не е баш компатабилен.
     
    На Srckata28, Nausicaa, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.835
    Допаѓања:
    47.723
    Многу луѓе прават деца и да си го зчуваат бракот или врската, или па оти било грев да се абортира.

    Е сеа дали е грев онадење пред брак или онадење без желба да се има деца, тоа друг муабет е.
     
    На TammiB5, FlirtBerry, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.166
    Допаѓања:
    43.516
    Пол:
    Женски
    Или партнер. Нарцисоидноста кај жените мислам дека се манифестира на посуптилен начин ама повторно истата динамика - барање на послушност како кученце.
    Сите овие работи кои ги опишуваш се толку површни што не знам како ги вметна во темава. Збориме за емоционална длабочина, не за плаќање за возачка. И кој носи заклучок за луѓе што не ги познаваме доволно? Баш твојот заклучок кој смее да искоментира една општествена појава а кој не се базира на претпоставка. Може за сестра ми зборам. Сигурно не зборам за некоја од фемина.
     
    На pinklipstick, theowndemon и FlirtBerry им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    60.987
    Пол:
    Женски
    "Си ослабела", "Си се разубавила" и сл. всушност не се комплименти. Личи на алудирање дека претходно си била дебела или грда, па сега си го стекнала тој approval за да ти кажат убави зборови. Искрена личност ќе мисли дека си убава и вредна и пред трансформацијата. Наместо тоа, подобро е да се кажи нешто ко "Многу ми е мило и среќен/а сум дека се чувствуваш добро во твоето тело, ти секогаш беше прекрасна".
    Не зборувам во случај на морбидна дебелина, кога нормално е да си загрижен за здравјето на блиска личност, но навистина е непотребно давање онакви "комплименти" некому кому претходно скоро никогаш не сте му рекле дека убаво изгледа, ама сега ви е уау. :?: Крај краева не можиме да знаеме зошто некој бил во таква ситуација.
     
    На Bozica1980, MikicaBt, TammiB5 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.074
    Допаѓања:
    82.555
    Пол:
    Женски
    Можда се од AI позајмени примериве.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.