Многу болести нема во блиска иднина да ги излечиме или превенираме ако продолжат одредени луѓе да глумат демек емпатични и да речат "Не е болест, состојба е". И супер демек. Нема што да бараме прецизни дијагностички методи, навремена превенција, фактори на ризик, лекови оти нели тие луѓе не се болни, здрави се. Без разлика биле генетски, автоимуни, векторски, последици од други болести и било какви, ако те попречува нормално да живееш, ставање во класификација како "само состојба" само ги става во позадина, не се сфаќаат сериозно последиците и проблемите и ваквите луѓе само дополнително им се отежнува животот.
@Amellie13 Постојат неколку причини зошто некој никогаш не ти дал комплимент (или ретко) и тоа пак зависи од личноста. Може самите те гледаат како самоуверена атрактивна личност и претпоставуваат дека и самата веќе го знаеш ова. А со тоа автоматски претпоставуваат дека already добиваш многу комплименти од други, па нивното би било вишок Од тие кои веќе те гледаат како таква, може да произлезе и друга реакција - нема да ти даде никогаш комплимент бидејќи те гледа како закана/конкуренција. Мислат ако ти дадат комплимент, ти ќе имаш контрола над ситуацијата Но, да не ги заборавиме и третите - луѓе кои те ценат, но давањето комплименти и искажувањето емоции не е нивен јазик. Едноставно си има и такви луѓе и тоа не е ништо лично
Мене една особа која е тежок ама тежооооок мрчатор, коа ослабев драстично ниеден коментар не ми даде, а баш јаде гомна за тежини 24/7/365 Зашо ли? А коа пак стаив, е тогаш пројадува И тоа ко мило да му е Жими све го осеќам ова.
@Mrs. right За ова би рекла дека личноста, (која претпоставувам е слаба/нема таков проблем), ја гледала тежината како единствено нејзино поле во која сметала дека е подобра од тебе. И затоа кога ти си ослабнала, со тоа си и докажала дела слабеењето/бидувањето слаб не е нешто вонземско, туку нормално и achieveable. Со тоа тука веќе ја изгубила контролата врз тебе, мрчењето веќе не било оправдано и нормално нема да ти даде комплимент. Но, ова туѓо мрчење и недавање комплимент кога си постигнала успех, не треба да го сфаќаш лично, бидејќи е јасен знак дека личноста е неисполената сама по себе и си има сопствени фрустрации. Во однос на темата, јас би додала да не си го земате лично ни недавањето, ни давањето комплимент. Because often times, некој може да не дава комплимент од проста причина што не ни мисли на нас А друг пак, од што ги преценува луѓето или самиот е среќен, сака да усреќи друг со убав збор и тоа е сè, nothing more, nothing less. Не секогаш е одраз на нас
Маж е у години Си има обичај да мрчи нонстоп за вакви површни работи. Све што не e 50 - на кила, за него е ужас Знам за неговите најблиски женски лица што све збори и како само притиска да се слаби А си дава за право да лае за сите останати. Не треба да не' погаѓа, се слагам, али чудно ми беше, сите изненадени беа пошо баш трансформација имав ко друга особа да сум, а тој нишо не ми рече, си ќутеше.
@Mrs. right Ах мажите сами по себе се спешл категорија што и да кажат - never listen to them Но, инаку по опишаното пак се сведува на тоа - самиот има проблем со себе. Пропратно претпоставувам ем нарцисоидност и секако, мизогинија во прашање, за жал, чија цел е што и да направиш, да се чувствуваш недоволно
Луѓето се мизерни и несреќни зошто имаат премногу слободно време. Мора да се има хоби или занимација да се помине тоа време корисно.
Музичари кои одат од маса на маса во ресторан (на нормален ден, без повод) и прашуваат ,,која да ја речиме за Вас’’ ми се еднакви на просјаци. Мразам изнудување пари од гости кои само сакаат да ручаат и да си разговараат без да им трешти некој над глава
После 60та година нема што да се бавиш политика, со закон да се уведе. Иди пецај, играј шах. А вие вампири со 70 и кусур години Трамп, Мерц, Путин и остали нека пцовисаат слободно место со себе у гроб и нас да не носат. Ги чека гробарот со лопатата, тие Господ си играат да си ги излечат комплексите оти татко им никад не ги сакал.
Да, да....треба да се препушти на сите млади и слободоумни да си се собираат спонтано, креативно и толерантно, да ги срушат сите можни остатоци од разните стотиналетни зградурини, да ги спалат морничавите записи наречени книги...и напокон да завладее мир и хармонија меѓу нив 500 милиона
Ако за тебе некој изнад 40 години е млад, не знам како да ти помогнам. Али поарно он него ли некој шизофрен алцхајмераш шо моча у пелени и шо треба некој да му каже као се вика и која година сме.
Ќе додам уште ова - не можи за иднина да одлучва некој шо нема иднина. Помлад лидер (иднина, ама неискуство) со совет од постар некој (искуството кое го нема помладиот) е соодветна комбинација према мене.
Многу знаете вие кој има кој нема иднина. Сега, со аи вечен живот ќе измислат, а со моменталните его-трипови не ме чуди и Дони он клауд да владее до крајот на планетата...или дури има струја
Веќе дочекавме прв AI министер или шоидабеше она во Албанија, ништо чудно моменталните светски лидери да преминат дигитално.
Баш ми текна на таа откако напишав. И Црна Гора има дигитален административен работник, не знам го видовте ли видеото Зборот ми е, џабе мислите, они, со пелени или без, све имаат смислено. Или, не постои апсолутна добра идеја, која некој не ќе успее да ја измајмуниса
Аха, 40 години е таман....никаде не спомнав конкретно години подобни за лидер...само ги посматрам децана кои револуции покреваат насекаде...а којзнае кој всушност владее...како и да е, ти си паметна девојка, знаеш дека историските циклуси се повторуваат, а закопаните неправди циклично излегуваат на виделина.... Всушност сакав да нагласам дека првичното мислење не ти е за темава бидејќи е баш популарно, многумина мислат дека ако исчезнат моменталните светски лидери, во светот рај ќе завладее....
I'm sorry but, Возраста сама по себе не е ни болест, ни квалификација. Не велам дека 90-годишни треба секогаш да владеат, но да се каже дека 40 и над 40 е старо е прилично апсурдно и нереално размислување Токму меѓу 40 и 60-годишна возраст се смета за peak на нашите когнитивни способности (расудувањето, препознавањето patterns, стратегиското размислување итн). Луѓето стануваат психички стабилни и искусни. Баш многу врвни лекари, судии, архитекти и др професионалци, тогаш стануваат подобри во својата работа. Проблемот не лежи во возрста, туку во погрешната перцепција. Само со @theowndemon можам да се сложам. Потребен е баланс и здружување на the best from both. Бидејќи и од младите и од старите се застапени и способни и неспособни. Не е црно на било for sure