Мислењето вклучува емоционална длабочина, само не ја воспримаш. Океј е, тоа му ја покажува поентата. Си пишала луѓе, не ја спомнуваш сестра ти. Па и за сестра ти да збориш, ти не си она. Ти си ти. Различни личности сте. Можеби не го гледате сакањето исто. За сакањето од страна на родителите можеме да претпоставуваме само од аспект на деца, но не можеме вистински да го поимаме додека не го осетиме самите како родители. За ова во право се родителите кога велат дека „тоа е посебна љубов, љубов на друго ниво и не можеме да ти доловиме кога ти немаш кому да ја дадеш“. Не, туку е од реален муабет на мојава потесна фамилија кога едниот мој внук пројави желба да полага за возачка и различни генерации си дадовме мислења дали тоа е сакање или разгалување. Кхм... Џастин Трудо и Володимир Зеленски (нешто до името ќе да е). Помлади, ама исти лајна. Првиов ја задрма државата љубејќи мигранти и пари, другиов ја поеба државата во секој можен аспект слушајќи западњаци кои го манипулираат за да зграбат ресурси. Не е до годините, до алчноста е.
Батали возачката. Сакање не е ќотек, сакање не е сексуализација на свое дете, сакање не е хистерично гласно дерење оти истурило јогурт на маса, сакање не е чување во стаклено ѕвоно и создавање параноја дека надвор сите сакаат да го убијат, сакање не е наметнување вина врз детето за сопствените неуспеси, сакање не е да му посакуваш све најлошо во животот само оти ти во младост си имал тежок живот...И многу ситуации кои се ептен прифатени како нормални, а не се. Оние екстремите мислам не треба да ги спомнувам.
Јако е да си црната овца во стадото. Другите те мотивираат како не треба да бидеш само една обична овца
Има многу примери каде што оригиналниот филм е подобар од новиот римејк, макар што вториов изобилува со специјални ефекти и што се не. Пример сега само што ја завршив книгата "Firestarter" од Стивен Кинг, го имам пред години изгледано филмот снимен според неа од 1984 и сега дознав дека е снимена и понова верзија, од 2022 и кога го видов трејлерот се разочарав, смешни фрази, нелогичности, застранување од приказната, сепак ќе си останам на старата верзија. Manchurian candidate исто, џабе поновата верзија има добра актерска екипа и се обиделе да направат помодерна верзија, кога се е некако избрзано, без суштина, без да се запазат клучни моменти од книгата... Новите верзии на филмовите колку и да вложиле во визуелното, ја немаат душата на старите. Исто ако веќе се одлучило да не се следи книгата туку да се отфрли битен дел или да се измени, често се губи смислата на приказната (пример книгата и филмот Дете 44, каде што во филмот е отфрлена причината поради која убиецот убива што е всушност расплетот на книгата).
Секој што намерно чува питбул, стафорд и слични потенцијално опасни раси као миленик и не за некоја професионална намена, НЕ сака кучиња. Да, од 200+ раси, од куп бездомни по улици и шелтери и напуштени, ти бираш баш раса која низ цел свет има лоша репутација и не планираш да го тренираш професионално оти шоќемуе него така ќе се галкате во кревет и те боли qr за реалните потреби на тоа куче и сите опасности што се кријат од несоодветно чување. Не сакаш кучиња. Сакаш да водиш инат, сакаш да ризикуваш и да фрлиш некого во оган, сакаш луѓето да те гледаат ко самоуверен што фала богу не е иста слика со некој померанец или самојед до тебе, сакаш да си го дигаш егото оти си неуспешен на други полиња.
Ова го велат само луѓе кои не знаат кој и е татко Ми излезе на Инста и гледам има скоро пола милион лајкови, so someone has to say it Буквално е Рајан со перика
Верата во Бог треба да ти биде нешто твое интимно, душевно прибежиште, твој личен начин да надминуваш тешкотии во животот. Значи исклучиво за тебе лично. Ама никогаш не ја нарушува врската што ја имаш со другите луѓе. Ако таа вера ја форсираш врз други, ако ја користиш да паламудиш што е правилно што не, и тоа на некој што не е ни верник, ако имаш потреба постојано да се истакнуваш дека ти си најдобар човек зашто си верник и постиш или ако треба сите да се прилагодуваат на тебе, ондак верата од тебе само направила да бидеш самобендисан идиот.
Браво за победата на Тина Русева ама не е којзнае каков вокал. Споредбено со други по вакви емисии и натпревари, сум слушнала далеку подобри, ова е просек.
Ако продаваат тие големини, зашто да не ги реклмираат во каталог? Или пречат коа си го мава чоек навечер? И бонус прашње, анорексични смеат ли да се сликаат?
Иако ги исмејуваме Американците како многу јадат и имаат огромни порции, сметам дека на нашите простори не е многу подобро. Пренормализирано е ждерењето по кафани (посебно мужи), премногу храна за секоја прослава (родендени, слави...), многу алкохол итн. И ретко кој од постарите генерации знае што е балансирана исхрана, а ние помлади што имаме инфлуенс од интернет или сме едуцирани - ок. Ама мојот општ впечаток е дека луѓето се ненаситни.
Зошто би се промовирало нездрав начин на живот? За да издоализираме како НЕ треба да се исхрануваме и живееме? Едноставно луѓе кои се сакаат себе си би се воздржале од правење одлуки кои би им го загрозил животот и би им го уништил имиџот.
Многу луѓе денес се премногу опседнати со фитнес трендови, диети и “идеални” тела кои се промовираат на социјалните мрежи.Се создава постојан притисок да се биде совршено во форма,што честопати води до стрес, анксиозност или чувство на неуспех,па оттаму и незадоволството со самите себе.Здравјето и доброто чувство не се само во бројките на вагата или големината на мускулите туку во балансирана исхрана,редовна активност,доволно одмор и ментален мир.Наместо да се следи секој тренд кој се пласира на социјалните мрежи подобро е да се фокусираме на тоа како се чувствуваме во сопствената кожа,да уживаме во храната и да се грижиме за нашето тело на начин кој нам ни одговара.