Тука си у право, ама сепак ако имаш производ, треба и реклама да му напраиш. А коа изгладнети жени шетаат по писти, не гледам вие мужите нешто да се секирате дали се здрави или не...
Не знам од каде го сконта да го вметнеш коксот, пак ќе кажам, подобро е да се воздржиш од правење одлуки кои ќе ти наштетат in the long run, како и за прекумерна храна - така и за кокаинот (¿од каде и да ти е тоа?) Тоа го кажав како некојА што сметам дека кога ќе отворам магазин, не би се чувствувала мотивирано да гледам нечие салиште да излага од фармерка и да го цитираат со "body positivity". Кај си видел/а човек што ќе изгуби обилна килажа да се покае за истото. Се знае - прекумерно прејдување и опуштање на маса, не е гледано како фит лајвстајл ни нешто што би го идолизирале. Да не се навредуваат тие што си имаат салце, целулит и по 1.5-2 ролни на грб - тоа е нормално. И јас си го сакам мешето и бутките - знам како да ги истакнам/сокријам во соодветни парчиња облека. Не ми ги вадете зборовите од контекст, еве што си реков првично.
Плус 24/7/365 им е работа на моделите, да си гледаат линија да знаат каде е границата, до каде смеат да се опуштат итн. И во тоа има убавина. Има убавина и во постот за празници, ама на кого до што му е дојдено е работава.
Упорно чекање во редица за (гнасно) женско wc наместо одење во машко (каде-каде почисто) wc (кое патем често е полупразно) ми е скроз апсурдно како појава. Карактеристично за бензиски станици, чиниш треба да имаш пенис за да влезеш онаму. Физиолошки потреби > што мисли личноста позади тебе
Па тогаш која е поентата на постоење машко и женско веце? Разбирам дека некаогаш не ви се чека, ама не знаете какво е чувството да влезеш во машко вц и таму да има жени.. Неколку пати ми се има случено истото и секој пат само си излезам најбрзо што можам и чекам да помине одредено време за да одам пак..
Темава е непопуларни мислења, ја претеравте со цитирање. Може дека сме 21 век и дека жена не треба да се срами и влезе во машкото? Нели сме еднакви, м?
А зошто јас да не влезам во женско? Може и ќе влезам но тешко дека ќе излезам, сигурно би ме убиле таму.. Не е дали се срамиш ти да влезеш, мене ми е глупо кога ќе влезам и таму има жени а знам дека е само машко вц.. И се чувствувам како јас да сум влегол на погрешно место..
Ти имплицираш дека модели на насловни страници се олицетворение на здравје и ако сликаат дебели жени значи дека се промовира нездрав живот. Треба да си многу наивна личност за да сметаш дека возрасна жена од 45 кг. чија работа е да биде коски и кожа води здрав живот.
! Новиот закон за пушење кој се спрема е еден од поретардираните закони во Македонија. Буквално постојат многу работи во Македонија кои убиваат 20 пати повеќе луѓе од обично пушење цигари, а истите се легални. Или носат потешки здравствени проблеми од пушењето цигари. Зошто не се забрани алкохолот на пример, туку само пушењето? Или коцката? И многу многу други работи. ! Вегетаријанството и веганството треба да бидат забранети за бремени жени. Веганки и вегетаријанки раѓаат деца со помала висина и тежина од обичните што натаму се одразува и на нивната висина и тежина кроз животот. Исто така децата чии мајки се вегетаријанки имаат поголем ризик да развијат аутизам. ! Личности што употребуваат англицизми се иритантни и напорни, и тоа не го прават со причина дека во македонскиот јазик нема соодветна замена, туку тоа е само едно обично чаламење.
Вегета не се става на свинско месо. Луѓе што ставаат вегета во се' се некреативни и не знаат да готват.
Мм во се додава вегета...ако немам ставено одма ,,не е зачинето." Иако има куп зачини соодветни на јадењето.
Леле да, пораснав со мислење дека вегета е единствениот зачин на планетата Замисли кога почнав сама да готвам, колку бев изненадена на рафт у Тинекс Не знаев шо попрво да земам
За мене поштовање, иде тука пишуе само у Непопуларни и ондак си се враќа на другион форум. Барем зне за кај му се мислењата... Само ми смета што ги пишуе сите заедно, еднаш сакав лајк да му турам понекад знае да убоде.