Јас се водам по тоа дека на добро свинско само сол му треба. За вегетата знам да кажам, ама ловоров лист бе? Имам дома не дека немам, ама како што на денешницава мора да имам колаген, така ми е наметнат и ловоровиот лист. И протеин
Ловоров лист чувам само за гулаш, кој го правам еднаш годишно, евентуално два пати ако се згрешам некогаш. И за манџа компир која до сега ја имам напраено точно 0 пати. Ама си стои за секој случај, може ќе ми текне некогаш. На темата: Знам дека има бенефити, намалува стрес, анксиозност и бла бла бла, ама набљудување/идентификување птици ми е најглупо хоби евр. Можда дели место со јавање стапчиња што сакаат да бидат вистински коњи кога ќе пораснат.
На мажи треба да им се забрани да имат слободен пристап до социјални мрежи. Мора прво да докажат дека не се мањаци, па после да им се дозволи пристап.
Не само за социјални мрежи, за се буквално за се треба да им се забрани пристап додека не се докаже дека се нормални, без задни намери
Многу ти олеснува кога од ќутлив човек , пукнуваш и преку ноќ , стануваш Bad Bi*ch , па на сите што си им ќутел со години им плеснуваш она што мислиш во фаца . Просто , нивните забезекнати фаци се priceless .
Повеќе обожавам негативци кои се pure evil отколку оние со тажно минато кое ги претворило во такви. Првите едноставно се такви, често интелигентни и харизматични, не им е гајле за социјални норми и живеат единствено за свое задоволство. Нивниот хедонизам е освежување и немаат посебна мотивација да се такви, туку просто им се можи. Кул, искрени и силни. Вторите се комплексни и досадни, постојано им тежи минатото, бараат сожалување и емоционален напор, сочувствување со нивната sob story и разбирање зошто станале лоши. Недоволно силни да се изборат со тоа што ги влечи надолу па тоа им е мотивацијата да штетат на други. Spoiler Disclaimer: не зборувам за вистински живот
Оверрејтед е носталгија за периоди ко детство и адолесценција. Не поминал ни еден ден од мојот живот каде што сум помислила wow ми фали детството, сакам да се вратат тие времиња. Океј можда е до мене, ама сепак не слушам често некој да го дели ова мислење.
Атеизмот е измишљотина као и религиите. Зошто мора да постои назив и ако не сакаш/не осеќаш никаква потреба да имаш било што со смислување дефиниции и одговори на одредени прашања? Не мора за се' да има етикета и да припаѓаш некаде.
Васко Ефтов не е ништо посебно во новинарска смисла, шоумен како Џамбазов, али у политика. Гостите кои ги кани се најчесто некои маргинални ликови или статисти кои немаат никакво значење, како Филип Петровски, или некои пензионирани и заборавени генерали. Насловите му се кликбејт, суштината на разговорите и интервјуата најчесто е безвредна, се расфрлуваат непроверени или селективно поднесени факти, новинарска грамада можда за бумери, оние кои му плаќаат претплата за глупите му анализи. Исто и оние двајца од Инфомакс, обични шарлатани и спинери. Денес е непопуларно да се хејтаат, пошто ќе те етикетираат како про-ВМРО, а и единствено тие се опозиција (на што спаднаа СДСМ, екс-Груевисти да ботуваат за нив). Ги следам понекогаш, често знаат да спинуваат, нека не тврдат дека секогаш биле критички настроени кон власта, тоа можат да им го сервираат на овие кои ги дознаа пред две години. Во време на Груевски беа про-власт, сега се платени од друг табор. ПроРусија беа едно време, со Мирки, Миленковци, Палчовци и слични, денес се проЕУ. Али добро, народ со меморија на риба смета дека работат и известуваат во интерес на обичните граѓани.
И мене ептен ми се свиѓа, цела таа естетика, пустинска грмушка што се тркала (не знам дали има соодветно име), оние каубојски врати кои се отвораат, шешири, реси, гитара, кожна јакна, зајдисонце, сѐ тоа ми е кантри и Америка. Ме релаксира некако. Мое мислење е дека оваа музика е попопуларна кај конзервативниот дел од Америка, како нашава народна/фолк музика, за разлика од поп, меинстрим музиката (која многу повеќе ја слушам). Мада денес кантри почнаа да снимаат и доста поп изведувачи.
Родителтвото како "најтешката работа на светот" не е за секој карактер. Да, не може од една страна да кажуваш колку е тешко да си родител, а од друга да охрабруваш неподготвени луѓе и луѓе со карактер кој НЕ Е за деца, да имаат деца. Како што одредени професии си бараат смиреност, фокус и трпение, други бараат живост и динамичност, трети бараат да си комуникативен и отворен со луѓе, четврти бараат креативност, петти логично размислување. Така и имање деца бара трпение и менаџирање бес. Ако истурен шампон или скршена тебе ти ја дига косата до степен ладнокрвно да тепаш послаб од тебе, па веројатно и не треба деца да имаш.
Сабрина Карпентер е преценета, Еспресо песната е преееееглупа. И парфемите и се ужасни , ја се залетав по амбалажите
! Масажа е нешто најбезвредно и најглупо измислено во историјата на човештвото. Најголема превара. Буквално телото нема никаков бенефит од масажа, освен што може да ти направи бетер болови и инфламација на телото ако имаш реума и артритис. И дерат со цени по 2000 денари наивни и неинформирани луѓе со шаблон имиња измислени додека се облекувале рано наутро од типот тајландска масажа, виетнамска, колумбиска, германска, шпанска, италијанска, битолска, прилепска, скопска. И ставиле различни цени за истите. Мислиш станува збор за некои различни техники. ! Скопскиот маратон или генерално трчање по такви манифестации не е ништо повеќе од еден обичен чалам и очајно имитирање на нешто што го прават во Лондон или Париз. Сеедно. Тотално безвредни манифестации кои кочат пола сообраќај во град и за ништо не служат. Едноставно собиралишта на attention seeking persons еднаш во година. ! Животот во Македонија е неспоредливо подобар отколку во Германија, Австрија, Швајцарија, Скандинавски земји. Апсолутно неспоредливо подобар. По мртви и летаргични друштва не можеш да измислиш и сретнеш во животот. За дисциплина секоја чест, за се останато - боже сачувај! ! Луѓето што не ве канат дома кај нив, туку ве викаат да се сретнете негде на кафе во град или населба - не ви се пријатели или другари. Тоа се себични луѓе, шкрти луѓе. Едноставно не можам да сфатам луѓе кои никого не канат дома, никого не викаат на гости. За кого ги средувате тие куќи и станови?
Blasphemy! одлична deep tissue масажа од некој што знае што прави, е скоро на ниво на full body orgasm.. И ова мислење е можеби непопуларно, ама па сто људи, сто ќуди.
Па да бе, зашо да не? Ти нејкеш да си се допаднеш сам на себе? Би се облекол у некој стил кој не е типичен за тебе, само зашто им се допаѓа на луѓето, а тебе не? Не живеј за другите, живеј за себе.