! Некој што знае што прави = некој што тебе физички те привлекува. Да не те привлекува нема да имаш никаква реакција. ! Одлична deep tissue масажа = допирање на женски клиторис. Во превод можеше да кажеш happy end. Тоа не е масажа. Живеам за себе и живеам за другите. Се облекувам за себе и се облекувам за другите. Утре облечи пижами и папучи и со тоа оди на работа. Пошто живееш самата за себе и се свиѓаш у пижами.
Абе бегај таму Не се свиѓам таква бе Плус све си има соодветна прилика Повторно, не оти другите така сакале, ја така сакам, све прикладно да биде, грдо ми е иначе, не можам да се поднесам. У пижами не ми е удобно надвор од домот, ладно е Знаеш, ја нема онаа топлина ко дома никаде.
Те разбирам. И јас се осеќам ептен непријатно со жени во вц. Се си мислам ќе ме врзат и ќе ме силуваат. Најдобро носи си свирче со себе ако видиш жена во машко вц. The rape whistle or a pepper spray. Stay safe
Ја па не мислам така, едноставно има вакви луѓе и тоа е тоа. @Biljarkata нека седи, да се насмее човек понекад.
Популарно е да се игнорираат стереотипи. Епа јас мислам дека треба да се има предрасуди пошто има многу вистина во нив. Или треба да се надевам дека у киндер јајце ќе ми се падне поединецот што се коси со статистиката во полза на стереотипите?
Пред неколку години ми се појави слика онлајн од anti-abortion (pro-life) протест во САД. На протестот доминираа две групи на луѓе - христијани и муслимани. Христијаниве беа онакви redneck/hillbilly стил на затуцани, а муслиманиве беа забуљени (имаше и мажи и жени на протестов). Си викам види ги, во нормални услови овие очи ќе си извадат, ама тука си нашле заедничка цел според нивното верување и убедување. Желбата да го контролираат женското тело е посилно од нивната меѓусебна омраза. Поентата ми е, премини доволно далеку во екстремизам и ќе стигнеш онаму каде што е твојот “природен противник“. Ова го приметувам во многу сфери од животот, пример во политиката кај крајната левица и крајната десница, но конкретно и по форумиве наши. Мизигонија и мизандрија навидум доаѓа од сосема спротиставени страни, но ги гледаш луѓево и начинот на размислување и сфаќаш дека се исти, само родени во различен пол. Токсично перфектни си се еден за друг, само не го гледаат тоа.
@Beemo Која случајност за истово размислував. Позади секоја радикалност се крие некоја неразрешена психолошка состојба. (страв, потреба за контрола, идентифукување на сопственото јас со одредена идеологија и секој напад на истото се чувствува како напад на личноста и сл.) Слободоумна личност со самосвест дека не е најпаметната личност не може радикални ставови да има, радикалност и во двете екстреми ми е одлика на ликови со ограничени капацитети.
Да, навидум. Ама фактички мизигонијата доаѓа од страна на опресорот,а мизандријата од опресираната страна, водени од полот во кој се родени. Или да поедноставиме, мизигонист е куроносител кој го застапува своето право да понижува, ништи, силува, тепа, убива, поробува, коти, затнува муца пичконосителки само оти има кур. А мизандрист е пичконосителка која на сево ова реагира така што јавно кажува дека мрази мажи. Мислам, арно е што можеш батерии сам да си смениш, али емоционална интелигенција нула. Дали кланкер, дали муж, небитно. Битно проблем и решение има, али причината е небитна, оти не му чини или не е способен да признае дека он е најголемиот дел од неа.
Со првото се согласувам. Околу второто, кога една жена е изложена на системска или индивидуална мизогинија, развива зголемена мизандрија како одбрана. Мизогинијата почесто се јавува и има историска позадина ради патријархатот, а и денес у 2026-та доста земји не се сјајни за жени. Овие што ги спомна у првиов пасос се причина за зголемена мизандрија. Ради овој екстремизам погоре, се создава другиот екстремизам, т.е зголемената мизандрија е всушност последица на примарната мизогинија. Да го нема првото, ќе го нема ни второто. Исти се ама и не толку исти. Оваа мизандрија овде е ништо у споредба со мизогинијата на еден друг форум, можда истата се јавува овде како последица ради таа таму. Можда.
Со животни не се користи интелигенција, него се паѓа на нивно ниво и се применува примарен инстинкт. На напад се применува самоодбрана, а не прикаски за мали деца.