Озбилно сметаш дека си единствено женско, или дека спаѓаш во некоја ретка група на жени што ова го има воочено, тоа дека мажите вршат опресија врз голем дел од женската популација? Или веруваш дека постојат значителен број на жени, меѓу кои и феминистички организации кое го имаат сето ова воочено? Ако веруваш во првото, тогаш мислам дека живееш во заблуда и немам понатамошен коментар. А, ако веруваш во второто, тогаш прашањето ми е зошто грото од овие жени не искажуваат омраза кон мажи? Дали имаат низок IQ? Можеби се слепи? Или мажот дома не им дозволува? Или најверојатно е дека имаат изградено висока самосвест и разбирање дека израз на омраз и потенцијален повик кон насилство не ги прави поразлични од опресорот? Токму тоа кое сакаат да го елиминираат. Не се согласувам дека едното по default го предизвикува другото. Ако тоа е навистина така, тогаш се коси со луѓе и организации кои активно работат на овие полиња, а не сеат омраза. Како тоа овие луѓе се свесни за се што се случува, каде некои од нив на лична кожа го имаат осетено, а не се мизогони/мизандри?
Сакав да кажам дека во повеќето случаи мизандрјата е реакција (не дека ја правдам), додека мизогинијата е системска и е многу поширока. А и не кај сите има вистинска мизандрија, некои луѓе или организации се етикетирани како мизандри, еве како овие кои ги спомна, организациите кои активно работат на овие полиња, особено оние од феминистичкине организации.
За да се исцелиш и општо да го подобриш личниот развој, во одреден момент едноставно треба да превземеш одговорност за сопствената улога во сопственото страдање. Си страдал против твоја воља, ама од тебе зависи што ќе биде од сеа па понатаму. Луѓето сами себе повеќе се повредуваат него ли други што ги повредуваат, ама пак некој друг им е крив. Или, пошо сами на себе си го праат тоа што ги повредува, како да се помириле дека тоа е океј, таква им е судбината. Можеш да замислиш што човек сакаш да бидеш и едноставно да бидеш баш тој. Не е ич лесно, ниту се менуваш преку ноќ, ама само треба да се решиш и од тој момент да не попушташ. Промената ќе е толку тешка колку што сам ќе си ја напраиш. Само праи, не размислувај прекуумерено. Огромно многу пати си анксиозен оти не живееш според своите вредности. Кога си 'у линија' со тоа што го сметаш за правилно, нема поголем раат. Не попуштај.
Во 21ви век бесмислено е постоењето на кралства каде по крвна линија стануваш паразит кому граѓаните му плаќаат даноци додека уживаш во најголеми луксузи и притоа немаш некоја важна обврска во државното уредување.
Лично морално,верски,правно СУМ ПРОТИВ АБОРТУС.Ова од секогаш уште како дете кога и не разбирав права на жени и друго. Бидејќи сум против и убивање на животни за храна,ако ние можеме да како луге да јадеме растенија.Кога првпат разбрав како дете ,не можев да разберам како некој може да си го УБИЕ СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ?Тоа е живот,сега како возрасна жена истото го мислам и осеќам.Абортус не е средство за контрацепција,разбирам порано кога немало избор,сега НЕ.
Али затоа моеш да разбереш пример маж да си го СИЛУВА сопственото малолетно дете, и истото коа ќе затрудне да мора да роди?
Дефиниција за ДЕТЕ ,е моментот кога жената нема циклус и е потврдено дека e ТРУДНА,од тест или гинеколог и знае.
Па и не баш. Ова е сосема спротивно од општо прифатениот биолошки факт дека дете е човечко сусштество помеѓу раѓање и пубертет. Од правен аспект па за дете се смета да биде под 18 години. Но, во никој случај за нероден плод. Така да, никој не убива дете со абортус.
Ме праша лично за мене ,не за општо прифатено или правно .За мене АБОРТУС-=УБИСТВО,од највисок степен . Ништо нема да ми смени твоја реплика,кажав што си мислам .
Да де јасно. Чисто ме интересираше дали имаш некое мислење поткрепено со факти или етикираш луѓе како убијци исклучиво на твое лично разубедување. Мојот коментар за правно и општо прифатено ти е исто како да те прашав колку е 2+2 според тебе и ти да ми кажеше 5. Таман работа да го оставам тоа така, сепак читаат луѓе.
Со ова можи многу да се согласат, ама зошто збор е само збор и на дело не се применва: ако секој си гледаше свој двор и носеше одлуки само за себе ќе имавме многу поубав свет. Шо мислам со ова? Јас можам да носам одлуки за себе ама не и за некој друг. Шо ми менва дали комшијата има партнер шо се совпаѓа во пол/род со нормата? Шо ми менва ако е child-free? Шо ми менва ако потфрлила контрацепцијата и место да има несакано дете шо ќе страда ако се роди - да го абортира? Единствена граница ми е насилство, се друго е нијанси на нашето постоење и стварно не мора и не треба да сме исти.
Ев ќе ти кажам правно и општо прифатено бидејќи сакаш закони и факти.Ова зависи во која година,време и држава еден човек е роден и живее.Двете се променливи категории во зависност од ВРЕМЕТО,што не го разбираш очигледно???Во 1973 станало легално во УСА,и општо прифатливо,во социјалистичките земји многу порано и во Европа исто.Ниедна религија не го прифаќа аботртусот ни христијанство ни муслиманство и сите нивни поттипови затоа што се ПРОЛАЈФ,и порано и сега.И дојдов до заклучок дека ЈАС не го измислив ова,и не е мое лично убедување, било идеја на милиони луѓе пред мене и на законите исто така,и сите што овде читаат треба да го знаат ова како јавен простор.До пред 20 години оние што беа ГЕЈ ,ги тепаа и исмеваа,сега пак се дозволуваат бракови и деца да посвојуваат,и се нормализира како појава,исто е и со жените да гласаат и многу други осетливи теми.Се надевам сега е појасно.
Ама затоа се ПРО педофилија и силување, а ни помалку ни повеќе дури и ги практикуваат. Од аргументиве глава боли.
Муслиманството е одговорно за илјадници РОДЕНИ деца со тешки генетски анималии, некои за жал не се ни свесни за себе дека постојат, ама битно ги родиле. Пролајф мај ес
За муслиманите не знам точно, ама различни христијански цркви имаат различни ставови во врска со ова. Православната смета дека е грев абортусот, ама контрацепцијата не затоа што се смета дека животот почнува од кога ќе забремени жената, Католиците и секоја вештачка контрацепцијата ја сметаат за грев, Протестантите се поделени Евангелистите се против абортус, додека Либералните сметаат дека е совест и личен избор на жената. Поделбата е поради тоа што во Библијата баш и нема точно дефинирно за абортусот, а генерално Библијата повеќе се залага за спасението преку Исус отколку за тоа што е грев и што треба, а што не.. Од друга страна пак има многу гревови што се гревови и точно кажани дека се гревови во Библијата а секојдневно секој од нас ги прави: не лажи, не суди...
Случајно наидов на сликава и ми текна дека овде во темава се спомна за тоа, па ќе споделам: Тоа е ембрион, кој допрва треба да се развива и оформува уште неколку месеци па да дојде на свет и многумина не го сметаат за живо битие додека не се роди. Но, јас би рекла дека животот почнува со создавањето на срцето. Кога ќе почне срцето да чука, создаден е нов живот. Ако се роди порано, нема да преживее, но животот во него веќе постои. Срце = живот. За другото не би да коментирам бидејќи е личен избор. Темава е Непопуларни мислења, да не заборавиме.