Да утврдија во КИНА,дека си женско дете,немаше да ти дадат ни еден здив да вдишеш ,заради нивната политика на едно дете,или во најдобар случај ќе заршиш во сиропиталиште.Во свететот општо и кај нас исто преферираат машки деца,го знаеме ова сите ,селекција се врши и со полот,и зарди оваа причина може да има абортуси.Здрави, прави, женски ембриони,не има дават право да жиеат,мислам дека се повеќе од тие со генетски аномалии што ги наброја.
Некои мислења и ставови треба да си ги задржите за себе. Тоа што сметате дека е правилно не значи дека стварно е. Демон има феноменален став. Не треба да ви биде грижа за другите и за нивните одлуки. Ако сте одлучиле дека сте против, дојдете до таква ситуација немојте да правите Абортус, тоа што некој друг направил НИКОЈ не ви дава на право да го споделувате ВАШЕТО мислење и вашиот став за неговата одлука.
Темата е Непопуларни мислења ,и тоа МИ ДАВА ПРАВО ДА СЕ ИЗРАЗАМ. Зошто ми рециплирате ?Пишете си и ВИЕ мислење што ви одговара ,јас не убедувам никој ,кажувам тоа што ми е во глава.
Скроз непопуларно мислење: Не мора за секоја можна тема да се има став или да се искаже ставот, не значи дека сте помалку паметни или дека ви се крати одредена слобода туку е свесност за тоа колку знам/не знам и колку можам/не можам да изнесам аргументи на одредена тема итн..
Дубаи е оверрејтед и кич, скроз непривлечна дестинација. Би ги издвоила само плажите и пустинските сафари како интересни.
Мазохистичкото гужвење во автобус од кое врата не се затвора, асоцира на луѓе кои немаат достоинство да почекаат следен. Макар и доцнеле некаде, на пример.
Ако збориме за Скопје, кајшто некој автобус иде со фреквенција на халеева комета, од опции имаш евентуално пешки да одиш. Не дека е тоа лошо де, ама па не секој може.
Јас немам мака, пешки ми е една од опциите. Него членката сака да каже дека во ред ѝ е да се гужва иако вратата не се затвара. И после во ЕУ. Е нема ЕУ.
Е не ЕУ, свети Еу нека е, толку населен град, автобус не го решава. Тие што се гужваат во автобус се најмалиот проблем, на друго место е проблемот.
Или не искачаш од дома или си раснета со сребрена лажица па само со такси идеш. Во Скопје кај што автобус на фреквентна рута иде на пола саат, луѓето не можат да си дозволат да чекаат еден саат и да имаат луксуз да каснат на работа, факултет, школо, да дојдат дома после пет саати после напорен ден...мазохисти биле тие што се гужвале, јсп си е топ. Шр.
Македонските филмови се 90% ужас. Традиција, пцуење, секс сцени ко од порнич излезени. Никаква иновативност и креативност.
Аврамските религии се смислени од мажи за да се осетат подобро за самите себе затоа што не се жени, и преку нив си билтаат его дека мажот е креатор на сè.