Womb envy... Истата причина поради која Фројд ја има сковано и теоријата penis envy, оти не можел да си види одалеку од qrот... Кај ми текна сеа на него, можам роман да напишам колку го мразам.
@eliesaab Те разбирам што сакаш да кажеш ама не е само до културата. Некогаш немаш избор. Просто немаш. Последните неколку дена одам накај дома со автобус после работа и ниеднаш не сум влегла во автобус што не е преполн. А сум чекала од 35 до 50 минути. Денес бев со мигрена, немав опција за со кола (такси е прескапо во гужва, колата кај маж ми), точакот ми е со дупната гума, пешки исто неможев, а автобуси немаше. Кога дојдоа беа преполни. Колку време ќе ги оставаш да проаѓаат? До колку ќе седиш на автобуска кога не си добар?
Непопуларно мислење: Мразам кога ми доаѓаат гости навечер во работен ден. И нема врска со тоа дали ги сакам или не гостите, дали сум ваква или онаква. Просто е - со фул тајм работа време дома имаш едвам да се одмориш за наредниот ден. За четирите до пет часа колку што остануваат после 5.30ч дали да се одморам и јадам, дали да средам што сум извадила, дали да видам деца, или да се средам себе?
Гужвањето во автобусите не е мазохизам, но е безобразлук и очај. Пензионерите се безобразни и ги злоупотребуваат бесплатните денови и билетите за 300 денари месечно. Сè почесто слушам дека треба да им се одземат или скратат бесплатните денови и се согласувам со тоа. Не е дека мораат секој или секој втори ден на лекар. Не е дека мораат да одат на пазарот на спротивната страна на градот. И барем оние со пензии над 30 илјади можат да си дозволат такси неколку пати месечно. Не е дека нема безобразни и меѓу нас младите, но повеќето сме очајни. Празот може да почека, но образованието и работата не можат. Некои линии се со малку автобуси и сме принудени да чекаме над 30/40 минути. Се пикаме оти мораме, не оти сакаме. Непопуларно Мислење Сметам дека државава не треба да враќа назад личности кои плукаат по неа (наместо само по оние кои ја водат, проблем што навистина е за негативни критики), кои ја напуштаат без да мислат на нивните блиски тука, па ја молат да ги прими кога згуснува ситуацијата и се влошува состојбата надвор. Оние кои немаат ни трошка љубов за родното место, треба да бидат препуштени сами да се снаоѓаат во војна. Опцијата за враќање треба да биде резервирана само за оние кои се целосна спротивност од ова.
Непопуларно мислење: пензионерите нешто треба да прават со слободното време што го имаат, што е до мене, слободно нека се возат и нека одат каде сакаат. Дај Боже сите да си дочекате старост и пензија и ќе видите тогаш како е да си пензионер.
Многу ми се јаки овие што вчера отворија фирма, па песнава им е на рипит по цел ден. Стварно ми се смешни, мислиш Америка ја откриле. И тоа зборуваме за малечка фирмиЧка, каде тој и тате се главни мајстори, мама и снаата само им помагаат отстрана. Никаков работник плус, ама најдобрата фирма НАШТА е
Не знам дали е популарно или непопуларно мислењето, ама пензионерите го злоупотребуваат превозот и први се по сабајле кога се оди на работа/школо да шетаат со автобуси и да се пикаат по банки и слични институции кај што луѓето земаат денови од одмор или излагаат од работа да завршат нешто. Ем се некултурни, ем ништо не те дослушува и разбира и го губат осетот за другите со годините, ако воопшто го имале некогаш. И први се да кажат како е младината невоспитана. Хобињата можат да си ги вршат во остатокот од целиот слободен ден, ама нормално мора баш тогаш кога сите некаде одат.
Молам? Јавен превоз е ЈАВЕН, треба да функционира за сите. Која си ти да кажуваш кај треба пензионерите да одат? Не треба да има лимит на кој каде оди туку треба да има повеќе автобуси. Еден совет, да сум на твое место, би се фокусирала на квалитетот на моите мислења, не само квантитет. До толку сакаш да се пикнеш во секоја конверзација дури и со пишување вакви глупости.
Како е? Зашо место да уживаат у животот, они стануваат у 6 сабајле и уживаат да се гураат низ гужвите у Јсп? При цел ден на претек, они све го погаѓаат времето коа е шпицот. Е не, коа ќе сум ко нив, ако дочекам се разбира, нема да ми е убаво истово да го правам. Не за да не сметам некому, туку мачно е бре, напорно, ќе ме мрзи, ќе сакам да полежам, да се наспијам.
Инфлуенсер е особа без никакви квалификации, кој самиот на себе не би си бил рол-модел, ама е рол-модел и обликувач на огромна млада популација денес. Уште се обидувам да го сфатам парадоксов.
"Кога силно веруваш знаеш дека сè ќе биде добро" Злоупотребувана реченица, перјаница на токсик позитивити. Ја читам и автоматски во мозокот мисла ми се создава. " е како не бе". Колку и да е вистина дека позитивен став помага а не одмага, реченицава со акцент на СЕ е бела лага.
Не знам зашто не ми стигна тагот. Во ниту еден случај не ми беше мислењето наменето за тие што немаат избор.
Изразот "Not all X, but always an X" често се применува во ситуации каде и не постои простор за друга променлива, освен "X". Па така, изразот може да стане целосно редудантен и непотребен. Пример, неретко среќаваме по медиуми или ќе слушнеме како некој е жртва на напад од улично животно. Ако решиме подетално да навлеземе во сторијата ќе дознаеме дека 99% од овие случаеви се предизвикани од куче. Оттука, некој комотно може да каже "Not all dogs, but always a dog". Но, секако дека не може да биде мачка, или лав, или мечка, или змија, итн. Првото не е доволно моќно како кучето за таа штета да ја предизвика, а другиве ги немаме баш по наши улици. Што значи дека фразава и нема баш некоја примена тука. Мене баш повеќе ми го отсликува говорникот што ја користи, него ли за променливата "X". Некој што чува куче милениче и што би зел во предвид повеќе фактори зад овие стории не би го употребил тој израз. Туку би се обидел да ја разбере суштината врз тој напад и како да се справиме. Јас повеќе ова го очекувам од некој што сака да биде политички коректен, но во суштина не би му сметало и да слушне за труење на овие животни или евтаназија и на тој начин да се справи со "проблемот". Со други зборови, вперувајќи го прстот кон други, говорникот на крајот прстот го вперува кон себеси.
Gender reveal parties се само начин да се покаже јавно колку едниот или двајцата родители се разочарани бидејќи тоа не е полот што го посакувале, што е тажно.
Шо има ова везе со разочараност? Само пол е, најбитно да е живо и здраво. Ја само мислам дека сакаат да се американизираат следејќи такви глупи трендови, па и да се пофалат колку се јаки, организирајќи фешти. Дури и крипи ми е на нероден Петко капа да му кроиш..
Безвеза ми се тие gender reveal забави. Ако некогаш бидам трудна, нема шанси да правам такво нешто. Можеби ете малку имам доза на суеверие, но никако не ми иди да славам нешто предвреме, особено нов живот.
Брутални спортови ко бокс и слични во ринг каде буквално двајца си нанесуваат повреди еден на друг не се достоинствени и повеќе се за психопати кои уживаат да тепаат ама нашле начин тоа да го прават "спортски".